1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работење во државна администрација

Дискусија во 'На работното место' започната од Trendafilka, 13 февруари 2010.

  1. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Не генерализирам ама ете јас на пример до сега немам ниту едно позитивно искуство со луѓе вработени во државна администрација. Или тој што ти треба вечно е на "состанок", па канцелариите се празни, или се растрчани насекаде со ѓезвиња, шолји и послужавници и не дај Боже да треба некој нешто да прашаш. Последниот пат кога бев во МОН, човекот кој ми требаше беше нели отсутен како и цела година уназад, па се свртев да ја прашам девојката која седеше во канцеларијата отспротива чија врата беше патем скроз отворена. Не само што ми се издра онака дрско дека она не му е секретарка туку во наредните 40тина мин се утепа вртејќи броеви по сите пријателки за да ги праша каде може да најде некакво си сако |(
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Немате поима колку ги мразам тие низ државните администрации.. дивјаци немат грам култура...простаци! Да сум една министерка сите ќе ги извадам од работа, до еден! Има многу невработен ЦИВИЛИЗИРАН народ а тие ќе ги испратам во Амазон оти дефинитивно за таму се.
     
  3. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Со се што сте претходно напишале се сложувам.Имав прилика некое време во таков сектор да работам бев внимателна услужлива и љубезна сочуствував со луѓето од другата страна повозрасните колешки ми викаа така се понесуваш бидејки си нова,не тоа е карактер така сум воспитана но за жал не добив решение за стален работен однос знаете кој беа вработени.Никогаш не дозволив некој да чека,а јас кафето и цигарето да го терам. Јас имам горки искуства да чекаш да молиш ,а тие важни во облаци летнати како којзнае што да работат.Признавам на многу места за да ми се заврши работата и за да бидат фини сум носела,сок,кафе,чоколадо и одма друг однос.Тие се така понесуваат бидејки на нив изгледа им оди се глатко во животот па неможат да го разберат и сватат обичниот смртник кој со денови и саати се моли и чека пред вратите и шалтерите.Недај боже да тргнеш по вратите по болниците или фондовите за здравство ако немаш свој човек-врска ти ојде времето со денови и месец да чека.
    Во последно време има некое подобрување во работењето на дражавната администрација бидејки за мала грешка можеш да ја изгубиш работата и се плашат.Општо во нашата држава не фукционираат многу работи добро.Македонче..........
     
    На d.Darla му/ѝ се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Ама го заборави моментот дека секој дополнителен час ви е платен :!: ;)
     
  5. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Секоја чест на исклучоците, но повеќето кои работат во јавна администрација имаат посебен третман во однос на вработените во приватните претпријатија. Пред се знаеме на кои начин може да се дојде до работно место во некоја јавна институција и какви привелегии имаат во однос на работното време (Ретко кој работи прекувремено) и паузата можат да си ја продолжат колку што сакат ( ова со сигурност го тврдам затоа што другарками работи во јавна администрација ) и можат кога сакат да си земат денови од одмор.

    Еве и вицов е чиста реалост :)

    Македонецот го прашал Јапонецот:
    - Колку луѓе работат во вашата фирма?
    - Шест – одговорил Јапонецот. – А во вашата?
    - Седум – без да размислува рекол Македонецот.
    Вечерта во хотелот двајцата си легнале порано и не можеле да заспијат. Македонецот си размислувал:
    - Зошто го излажав јапончето? Зошто не му кажав дека само во администрација работиме 200 луѓе?
    Јапонецот исто така размислувал:
    - Што ли работи тој седмиот Македонец?
     
    На Trajche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352

    Искрено не е платено што се останува подоцна барем кај мене, за другите не знам. Дневниците за патувања се смешни ама тоа е мора да се работи. Многу често посакуваш да одиш некаде ама кога си до 19 на работа, некогаш и покасно е хаос, ниту гости, ништо. Работа, дома и кревет. Не се жалам, среќна сум и благодарна што имам работа и секој месец редовни примања. Може звучам како старите луге ама така е. Посигурна сум и за кредит и за се.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  7. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    ^ И јас работам во државна администрација и во врска со плаќањето ќе кажам дека прекувременото останување на работа не се плаќа дополнително. За секои над 4 останати часа и повеќе во еден работен ден (зависи од сложеноста на раб. место) кај нас ни следува еден слободен ден. Е сега, да не Ви кажувам во 2011 година колку прекувремени часови сум останала, а сум искористила само 2 слободни дена. Останатите, за жал, умреа!
    Во врска со културата, односот кон странките и така натаму:
    1. Има такви кои работат - мој впечаток е дека од 100% секојдневно имаат работа и си ја извршуваат не повеќе од 40%
    2. Блазе си им на оние на кои работата им е теренска, па од понеделник до петок се ,,на терен". Дотичните ќе ги најдеш на службениот мобилен.
    3. Еден од многуте проблеми е и немање на основни средства за работа и неусогласеноста. Ти висат на глава Одделенски, Секторски раководител кои мислат дека ти си робот = читај притиска копче и ти му се појавуваш со одработеното сервирано. Комуникацијата за сфаќја еднострано = тој зборува, ти слушаш, климаш со главата и извруваш. Проследува сервирано скоро се` на тацна и повторно станува недостижен. Да не зборувам на колку канцеларии има по еден или два принтери мрежно поврзани, ама тонер ретко каде. Хартија од магацин да земеш ќе го почекаш новиот тендер кој впрочем ќе стартува од март догодина и мал милион тракатанци....
    4. Се` си има доблести и недостатоци. Секоја работа. Благодарна сум и јас што во време на оваа криза и немаштија имам редовни примања.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ајде сега и јас да се искажам на темава по стекнување на одредено искуство.

    Искрено, гледајќи ги другите, мислев дека работа во овој сектор ќе ми биде нешто а-у престижно.
    Од денешна перспектива, воопшто не му се замарам. Не ми е ни приоритет.
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.425
    Драги мои, сите што мислите дека државна администрација е клати врата- земи плата, ви посакувам еден месец на моето работно место.
    Работам саботи (најмалку 3 од че во месецот) останувам 3 пати неделно до 7 саат, сама со во цел сектор, имам 3 шефа над мене кои очекуваат се да биде завршено, работам со странки кои во голема мера се од друга администрација, кои дел се нормални и писмени,а дел се информатички неписмени, а се е денска на компјутер. Ниту ден не ми е платан, ниту час, ниту слободен ден ми е даден. Напритив, искористив помалку денови лани - 5 ми ги скинаа поради обврски. Сепак, не ни барав. Кога ќе видам дека сме менливи и ако речам јас не сакам, одма друг ке дојде на мое место. Плус, многу мерак ми е работата.
    Одговорна ми е работата, за грешка можа да одам затвор, а платата ми е 300 евра. Задоволна сум со платата од причина што не ме ранат мајка ми и татко ми - сама можам да си обезбедам живот и да не живеам со моите, и можам да си купам гардероба без некој да мрчи дали е скапа.
    Многу ми е мака што Рамковните и тетките од 50-60 години се оние кои го рушат имиџот на администрацијата. Рамковните - дека ако ги избркаш од работа, за еден месец пак ке најдат, оти им следува, а тетките се пред пензија и никој не ги брка.
    Има и во општината во која сум светски мрзи, ама има и куп такви како мене кои се преработуваат и паѓаат у несвест. Одат на одмор а цело време им се јавуваат од работа, или го прекинуваат одморот. Цело време си на маил за да не испуштиш нешто. И мене ме демотивираат мрзливците- сепак иста плата зимаме, ама па кога ке видам дека другите млади работат работам и јас.
    Еден ден ќе си отидат лошите- кој у пензија кој у родната земја, па ке се види и убавото лице на административците.
     
    На irrelevant и Eli23 им се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Младината која се вработува во државна администрација наместо да донесе свежина, нов и подобар начин на работење со повеќе енергија и позитивност, оди по стапките на своите постари колеги и учи од нив за тоа како не треба.Дали од страв дека ако пробаш да внесеш свој дух во работата, да кажеш збор-два, да се оттргнеш од некои нефункционални шаблони на работа, нема да те прифатат или полошо...па така си продолжува едно па исто. На старите некако се навикнавме, ама кога гледаш млади личности на кои уста не им се отвара да ти објаснат работа за која се платени, пошто имало закачено некаде низ зградава оди најди го и прочитај го...жално. Оти така се однесува колегава кој е со 25 год. стаж и е доста ценет, па ваљда така треба...
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.425
    Демотивираат...Земаш иста плата, а он спие. Буквално. А ако почнеш да работиш нешто поинаку, озборуваат и те местат пред шефовите да се изглупираш. Старите се плашат дека младите ќе им го земат лебот и така во круг. Затоа треба млади министри, млади директори, млади графоначалници. оти главата е битна. Да донесат млади шефови кои ке ги натераат и старите да работат и младите да се мотивираат. Ако е некој стар админстративец и плус го стаиш директор ... од него очекувај само изживување врз колегите со кои се замерил некогаш и дебилност.
    Младите треба да одат напред, а старите да го пренесат искуството. Кај другарка ми на работа е поинаку - кај неа сите се млади, а директорот им е 35 години. Работат како луди, ама после работа има и дружење, има унапредувања, има натпревар кој ќе сработи. А старците кои ги имаа си отидоа - шефот на младите им даде повискои функции и старите не можеа да го издржат тоа. Не можеа со тоа темпо да работата и отида у други установи да спијат. Затоа и работат сега добро младите, никој не ги кочи.
    Стариве кај нас...ако не спијат на работа, тогаш на боледување се.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Е ради таквите како тебе ги има многу што клатат врата и зимаат плата. Како што пишаа погоре, 30% од вработените работат и за другите 70% вратоклатачи затоа што се од големото добро утро. Барем во приватен сектор, поголеми се шансите газдата да те награди затоа што му ја вршиш работата за тројца затоа што он е у ќар. Ама тука сите иста плата земаат веројатно затоа што се оди по принципот „крши, државно е“ па гајле им е. Па донекаде и претпоставените не се мотивирани да го ценат трудот. :D
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.425
    Да ама мене срце не ми дава да седам...Не сакам да бидам дебил у нечии очи.
     
    На Eli23 и tessie им се допаѓа ова.
  14. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Твоја грешка.
    Поточно не е грешка да си ја работиш ТВОЈАТА работа, ама се додека сакаш се да е тип-топ во рамките на твоите надлежности што воедно се поделени со уште 433434 примени по разни основи, ќе те дупат ко машко магаре. Без навреда, ова е израз кај нас за некој што е постојано искористуван ако покаже дека се труди и знае, а земал и зема иста плата со вратоклатачите, без гаранција дека и понатаму ќе зема иста висина, ако не и помала.
    Значи, не е дека нема работа, ама од полна канцеларија, 5 лакираат нокти, 2 се над решо варат кафиња цел божји ден, 4 играат тексас холдем на мобилки, и еден, максимум двајца се трудат да им го извадат газот на сите.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.425
    хаха, знам, ама еве цела недела мината пак работев повеќе од раб време. Секако, си викам, мрзата е гнаса и си работам. ПОдобро така, него да не работам и да ми се смеат вака по форуми :)
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    А влегол ли некој преку конкурс , без да познава некој да го бутне ? :?:
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.242
    Допаѓања:
    124.425
    Преку волонтерство, па ако се покажеш, можеш да останеш.
    Ама денес младите сакаат без ден раб искуство да ги примат.
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    За дел од работите во државна администрација ај би премижала и би ги работела, ама баш оние така шо седат а бе срам би ми било да кажам дека работам таму. На пример дека работам во локалната, подобро ке кажам не сум човек паразит сум. Уште па кога ке видам таму најнајнајнеписмените ги примиле, теткици со накинџорени кич бунди што се перчат, така од срце си се изнасмејувам кога ги гледам мизерни и смешни ми се . Секоја чест на исклучоците ама такви не познавам.
     
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Денес ако имаш кој да ти го штити грбот не е важно дали работиш државна администрација, дали си директор, доктор или хигиеничар.Се е врски и политика дури и во приватниот сектор. Работата не се цени за жал дури ако работиш вредно, одговорно те сметаат за нездрав...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.