Форумџика на годината 2020

Работење заедно со партнерот

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 30 октомври 2011.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    Сум била во ситуација да работам со партнерот.

    Преведувавме стручни книги преку превдувачко студио и искуството ми е сосема позитивно. Книгиштата беа од минимум 400 страни, па се делевме кој да ја земе првата половина од книгата, а кој - втората. Во врска со поими кои не се преведени во нашиот јазик, зашто сме светлосни години поназад од она во книгите, се договаравме меѓусебно, си правевме речник и го надополнувавме. Се консултиравме и се корегиравме.

    Често пати, ако некој од нас заостанеше, седнувавме заедно на компјутер и додека едниот преведува и диктира, другиот куца и внимава на печатни грешки. Многу бевме синхронизирани.

    На крај резултатот беше одличен - никој не можеше да познае дека двајца работеле на преводот, затоа што се’ правевме по договор, но и слично се изразувавме, а грешки имаше минимално.

    Во секој случај, ако некогаш се поклопат така работите, повторно би избрала да работам со него.
     
    На Animali, Ingvild, Kukla994 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.977
    Пол:
    Женски
    Јас сум повеќе за тоа да се стави граница меѓу работа и љубов. Дружба си е дружба, служба си е служба. Партнерот никогаш нема да можам да го гледам како и секој друг колега, никогаш нема да можам да имам ист однос кон него и знам дека нема да бидам објективна во секоја ситуација. Сигурна сум дека порано или подоцна, тоа ќе почне да ни пречи и на двајцата. Не сакам да си бидеме конкуренција, освен тоа, не сум баш сигурна како нашата врска ќе биде прифатена и од останатите колеги.
    Можам единствено да замислам заеднички да работиме приватно. Во ваква ситуација сум се нашла и ако се разграничат обврските, ако се знае кој за што е задолжен, тогаш можеме да функционираме. Имаме иста цел, заеднички работиме кон тоа, рамноправни сме, имаме веќе разработена шема, па така е полесно.
    Ама двајцата да работиме кај ист шеф, или уште полошо - некој од нас двајца да биде шефот, тоа не би можела да си замислам.
     
    На Animali, Outlook, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    17.601
    Сум била во ситуација да баротам со партнерот на исто место и можам да кажам дека е катастрофа.
     
  4. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
    Со мм си имаме фирма, заедно работиме цело време сме со странки, документи, бројки еден куп. Работното време ни е толку исполнето што секој си ги знае своите задачи, обврски, соработуваме нормално зашто сме во идта просторија, но не ми пречи ништо, напротив, друг да е на негово раб.место можеби ќе премолчам,вака се си кажуваме отворено, за доброто на бизнисот. Кога ќе си заминеме од работа, не зборуваме за неа, па цел ден се работело, туку кај ќе шетаме,што ќе јадеме, купиме и сл.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    7.080
    Пол:
    Женски
    Јас имам убаво искуство☺☺☺колеги три години (супер три години),а сега сме во брак веке 14 год и сеуште ни е супер☺☺☺
     
    На girl748, elimkd и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.353
    Допаѓања:
    30.553
    Пол:
    Женски
    Не би сакала да работам со партнерот во иста фирма, оти тешко е да го разграничиш љубовниот и прифесионалниот однос, друго што е лошо е во случај да пропадне фирмата и двајцата партнери остануваат без работа.
     
    На Dust и Glasna им се допаѓа ова.
  7. Bella15

    Bella15 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2017
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    So bivsiot rabotevme pola godina vo ista firma na razlicni pozicii, no postojano se gledavme, bevme vo ista smena i voopsto ne mi se dopagjase, edinstvenoto dobro bese sto koga ke zavrsime postojano me nosese doma, ne odev peski.. haha
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.654
    Допаѓања:
    5.354
    Таму се запознавме... Тој работи јас работам не ни приметуваш времето како лета ни со кого работиш. Сепак странки кога доаѓаа набљудував како се однесуваше кон нив. Онака ги меркаше. Ама кога ме забележеше се срамеше и бегаше хахаха
    Во фирмата имавме правило т.е. беше правило - забранети врски и брак помеѓу 2ца вработени
    па тој замина од фирмата и така,.. се опуштивме :D
     
  9. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    10.750
    Пол:
    Женски
    Одбив работно место каде што дечко ми требаше да ми биде шеф.
    Сега малку ми е криво бидејќи беше баш добра позиција, ама вака поарно.
     
  10. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    3.394
    Кратко имам работено заедно со мојот и мислам дека баш така и се заљубив во него. Го гледаш секојдневно, поминувате време заедно, муабети, сфаќаш како реагира во одредени ситуации и како се однесува со други... интересно во секој случај, јас имам само позитивно искуство и би работела пак.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.