1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работи кои мора да ги направите барем еднаш во животот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Srckata28, 28 февруари 2013.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.645
    Пол:
    Женски
    :)
    Во секој посериозен разговор со вашите блиски се случува некој да каже „никогаш не знаеш што ќе ти донесе животот утре“. Но, оваа изјава всушност и нема многу мистериозно значење. Позади неа се крие очигледен одговор кој најчесто се наоѓа во темата на која сте разговарале непосредно пред изјавата. Секако вие можете целосно да ја промените „секојдневноста“ кај луѓето околу вас и да им покажете дека навистина не може да се знае што им подготвува животот со помош на овие неколку интересни и необични предизвици:

    влезете возбудени во продавница и прашајте која година е. Кога ќе ви одговорат, викнете на цел глас: „УСПЕА“ и истрчајте надвор пресреќни…
    Купете папагал и научете го да кажува: „Помош! Ме претворија во папагал.“
    Направете пудинг од ванила и ставете го во тегла од мајонез. Отидете во парк, седнете на некоја клупа и почнете да јадете.
    Најмете двајца приватни детективи (или ангажирајте ги двајцата најдобри пријатели). Натерајте ги да се следат измеѓу себе.
    Секогаш кога треба да одговарате на табла, носете со вас неколку креди (маркери) во боја. Доколку сте теле за прашањето, нацртајте голема шарена врата на таблата и почнете да гледате замислено во неа.
    Влезете во преполн лифт и кога ќе тргне застанете пред сите и кажете: „Се кладам дека се прашувате зошто ве собрав денес сите тука.“
    Ако сте доктор, сменете си го презимето во Акула. Обидете се да се потпишете.
    Одете на џогирање, пуштете ја гласно песната „Еye of the Tiger“ и трчајте како на забавена снимка и почнете да ги повикувате сите околу вас да ви се придружат.
    Направете „јадица“ со конец и врв од закачалка. Почнете да „ловите“ цреши од вашата тераса (без разлика дали се наоѓаат на дрвото покрај вашата зграда или на терасата кај комшиите под вас…)
    Ако сте професор, направете тест во кој сите одговори ќе бидат под В. Внимателно набљудувајте ги промените на лицата кај студентите…
    Во моментот пред некој да кивне гласно викнете: „ПИКА ПИКААААА…“
    Составете чудни и интересни имиња со скриено значење додека сте на аеродром (Мисеоди Домаведнаш) и пријавете ги вашите „пријатели“ од странство како исчезнати. Натерајте ги да ги прочитаат имињата на разглас со инструкции како да ве пронајдат. Доколку сте на странски аеродром, можете да се инспирирате и од овие незаборавни примери. Уживајте во шоуто.
    Поканете некој во вашата канцеларија. Кога ќе влезе завртете се со столот велејќи „Ве очекував“ со сериозен тон на гласот.
    Влезете во преполн автобус и почнете без прекин на цел глас да ја пеете насловната мелодија од филмот „Бетмен.“
    Научете ја Морзеовата азбука и разговарајте со пријателите во јавност преку звуците „Бииип, Бип, Бип, Бииип, Бип…“
    Започнувајте ја секоја реченица со „У ла лааа…“
    Додека се возите во лифт отворете ја вашата ташна/ранец/актовка и прашајте загрижено „Имаш ли доволно воздух таму?“
    На автобуска станица одеднаш викнете: „Го слушнавте ли тоа?“ Кога ќе ве прашаат: „Кое?“, одговорете им: „Ништо, помина.“ Повторете го прашањето и одговорот неколку пати по ред, исто како да не сте прашале ниеднаш.
    Застанете наеднаш во центарот на градот и зачудено погледнете нагоре. Стојте така сè додека некој не ве праша што се случува, потоа чудно погледнете го и продолжете со одење…
    Закажувајте состаноци на 32-от ден од месеците со 31 ден или на 31-от ден од месеците со 30 дена. Не прифаќајте „не“ како одговор за терминот.
    Во лифт правете звуци од тркачка кола секој пат кога некој ќе влезе/излезе.
    Нацртајте X со натпис „закопано богатство“ на некоја мапа, одете на кафе кај најдобриот пријател и „заборавете“ ја кај него… Скријте се некаде во близина на означеното место и фотографирајте го додека копа.
    Облечете костим кој е карактеристичен за некој од претходните векови. Излезете надвор и одете збунето на улица. Прашувајте ги луѓето околу вас зошто се толку чудно облечени…
    Одете во парк, закачете конец на банкнота и почекајте некој да ја забележи. Кога ќе посегне по неа – повлечете ја неколку сантиметри накај вас. Повторувајте го тоа сè додека не сфати дека станува збор за шега.
    Секогаш кога ќе ви свират или викаат за време на најголемиот сообраќај, обраќајте им се со изреката „Не лути се човече“ проследено со широка насмевка на вашето лице.
     
    На mileystar, Bitter-Sweet, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  2. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    hahhahahhahah me nasmea od srce :D
    prvoto bese najzakon i sigurno eden den bi go probala :P
     
  3. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Лелеее, прекрасно, ме насмеа. :rofl: :rofl: :rofl: А од каде е преземено?
     
  4. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Хахахахахах :rofl: :rofl: :rofl: :lol: Браво за овие
     
  5. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Хахах, дефинитивно треба да ги направам. :rofl:
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Некои се навистина јаки. Се пресмеав. :D
     
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    HAhahhahahhahahahahahhahhahaha :rofl::rofl::rofl: ova e jako
     
    На cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. inuska

    inuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Земете го телефонот на вашиот најдобар пријател и сменете си го името во Свети Петар. И јавете му се во 2 наутро ;)
     
    На mileystar, Bitter-Sweet, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Хаха сите се генијални но посебно со онаа со тегла од мајонез... Врв:D:D
     
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Мама ова само шо ми го кажа (вистинска приказна дххх аххаах):
    Си биле две чупиња и си оделе покрај гробишта дома после излегвање (касно навечер).
    И еден чоек со точак врвел од таму и ги прашал дали се плашат.
    Ко му одговориле потврдно му рекол: „И јас ко бев жив се плашев да врвам од тука“.

    сум се пресмеала :rofl:
    ама пошто bby живеј покрај гробишта, треба да бирам сега времето ко ќе одам кај него :rofl:
     
  11. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    и речете му доаѓам да ти ги земам патиките
     
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Застанете на мост или на работ на некоја карпа и потрудете се да изгледате очајно и запрепастено да мислат дека ќе се самоубиете.
    Побарајте му на некој непознат запалка и кога ќе ви даде само запалете ја еднаш, речете му Фала и заминете си.
    Кога одите во тоалет имајте во џеб некое чоколатце и пред да излезете намачкајте ги рацете со чоколадо па штом излезете допирајте го тој што е покрај вас (другар/ка или ако сте дома братот/сестрата) со извалканите раце.
    Додека одите по улица одеднаш на некој направете му Буу! и продолжете си.
    Додека одите по улица ако наидете на место каде свири музика заиграјте.
    Пробајте барем еден ден секој разовор да ви биде со рима.
     
  13. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    :D Многу е јако ова. Се изнасмеав. Хаха... Колку многу интересни работи можат да се измислат за шега, но се’ поретко се практикува. Луѓето се се’ повеќе сериозни и преокупирани со обврските.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.