Работи кои ни го разубавуваат секојдневието

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Barbie-mwa, 19 ноември 2010.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    517
    Пол:
    Женски
    Дали се фокусираме на малите нешта во нашиот живот, или чекаме нешто големо да се случи за да бидеме радосни. Кои се работите за кои навираат солзи радосници во вашите очи и ни го олесннуаат секојдневието, го прават животот поубав. Што ви ја исполува душата? :)

    "И покрај сите талкања, среќата секогаш се наоѓа во близина и меѓу работите кои ни се на дофат. ... Тие што внесуваат среќа во животот на другите не може а да не ја чувствуваат и самите. ... " :*
     
    На m.tr му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    кафенце со другарките, добро филмче, убава музика , фино весниче,сончевото време,
    и нормално флерувањето :)
     
    На ana.ubavkata и lolita97 им се допаѓа ова.
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Е сега баш не може некои мали работи да не возбудат до тој степен,та дури и солзи во очите да ни навираат! Мали работи и солзи во очите...не можам баш да ги поврзам! :?:
    Но има многу работи кои ми го разубавуваат секојдневието, што ми ја исполуваат душата!
    Утринското кафе... убаво ми е кога го пијам сама,наутро, пред компјутер во апсолутна тишина!
    Прошетки низ улиците на мојот град... ги обожавам муабетите со другарка ми додека си шетаме безцелно низ улиците, разговараме и си ја олеснуваме душичката! Настојувам таквите прошетки да ми бидат секојдневие!
    Нови парталчиња во мојот плакар... ептен сум задоволна и ептен ми е разубавен денот кога ќе си купам нешто ново!
    Присуството на мојот дечко... и тоа ми е секојдневие, особено ми е убаво кога вечерта ќе ја поминеме во нашата мала собичка, со многу грицки, мазење, бакнување, разговори за нашата иднина!
    Освежување на спомените... можеби не ми е секојдневие,ама често се случува да се потсетам на убавите спомени од детсвото, љубовта од тинејџерските годин, моменти поминати со моето семејство, спомени од почетокот на нашата врска, спомени од летните одмори...
    Се‘ тоа ми се ситници кои ми го разубавуваат денот, ме прават спокојна и задоволна од она што ми се случува!
     
    На nina-nina и sonuvacka им се допаѓа ова.
  4. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    517
    Пол:
    Женски
    Да, не мислев буквално на тоа, само одредени моменти кои ве прават среќни :)
     
  5. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Пријатна домашна атмосфера,прошетка во природа со дечко ми,одење на викенди со дечко ми,шетање надвор од границиве на државата,излегување и зезање со другарките има и многу други ситници што пола не ми текнуваат а и ќе треба тука реферати да се изнапишувам :)
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Кога луѓето ми подаруваат мали ситници без никаков особен повод.
    Кога некој искрено ќе се восхити и ќе ми упати комплимент, ама онака, од срце, без никакво лицемерие, ниту задна намера.
    Кога без причина купувам цвеќе од пред Веро и и' го носам на мама , а она ме пречекува со одговор - Што ти текна, па не е 8ми март :D
    Кога дечко ми ми вари кафе и ми носи бисквитно колаче со мојата буква на него :lol: а после тоа ми ја свири омилената песна...
    има многу , ме радуваат мали нешта, ситниците го прават животот :)
     
    На mari-mari, J.Ivanoska, Caramelle и 2 други им се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    Има повеќе ситници кои ми го разубавуваат денот. Сите насмевки на моите најблиски, пријатели и колеги. Едно големо гушкање на моето дете и мојот маж.
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Седење на фемина и пиење кафенце.
    Прошетка, кафенце и муабет со другарките.
    Разговорите со мојата сестра.
    Моментите поминати со мојот дечко.
    И други работи....
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Силен, ненадеен, пороен дожд после силно сонце.
    Сонце после долготраен, здодевен, сив дожд.
    Шетање по илјадници паднати есенски обоени лисја.
    Насмевка. Убав збор. Нежен допир. Ведар глас.
    Бел, чист снег и неизмерна планинска тишина.
    Чекорење по замрзнато езеро.
    Смеа, смеа и само смеа.
    Добра вест.
    Вкусно кафе.
    Впечатлива книга.
    Квалитетен филм.
    Емотивна музика.
    Знаењето дека некој на овој свет ве сака. Ако се повеќе од еден, можете да благодарите за секој еден ден кој постоите.
    Фактот дека сте сториле нешто добро за некого, дека сте помогнале, дека сте измамиле насмевка или солза радосница...

    Би можела да продолжам, но не сакам. Сосема е доволно. Барем за мене :)
     
    На do-re-mi, Justinna, Caramelle и 2 други им се допаѓа ова.
  10. plavusaa

    plavusaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    3
    Па ме исполнуваат повеќе работи а секако највеке кога ги гледам дека мојте најблиски се срекни и секогаш се покрај мене кога ќе ми притребаат, ме исполнува убав сончев ден и уште многу други мали работи а кои за мене имаат големо значење
     
    На Lima87 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Покрај многуте работи кучето најмногу ми го разубавува секојдневието :inlove:
     
  12. Caramelle

    Caramelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    хммм....значи од сабајле едно убаво кафенце :smirk: ...(уствари тоа трае преку целиот ден :D)...потоа..убаво време...смс од сестра ми или од дечкото :) :* ...музика,музика и музика ..убава книга...кафе со другарки/другари ( ова од поомилените пошто многу си се смееме :D и ми доаѓа мнооогу така...како некој еликсир ми делува :lol: ) убава атмосфера дома ( значи без препирање со тато :talk: )....и така... ( сеа толку ми текна :?: :D )
     
  13. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Смс-ите од мажот ми
    Гушкањето со моето најубаво кутре
    Предењето на мојата најлуда мачка..посебно кока ја милуваш..тракторче мало е :inlove:
    Убав колач со горко црно кафенце
    Топлината во мојот дом..посебно кога надвор е брррр |(
    Читкање по Фемина и ФБ
    Готвењето на ручек..обожавам да готвам :inlove:
    Читање на убава книга со топло чајче до мене и убава музика во позадина
    и уште милион мали а за мене големи нешта ;)
     
  14. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    191
    Цел ден поминат со дечко ми, положен испит на факултет, кога е собрано цееееееело семејство, кафе со другарките, нова ташна или штикли, пауза на досадни вежби :?: .... и мноооооогу други работи
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    Кога ќе си го залепам задникот на врелиот радијатор за време на пауза :D
     
    На budala.sum-pa.sto му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    335
    Спокојно поладне/вечер со милиот, страстно попладне/сабабајле или страстна вечер - пак со милиот :lol: , успешно завршена работа, добра книга, филм, добар оброк, семеен ручек, разговорите со мајка ми, кафињата со другарките посебно оние сабајлечки преку викенд додека сеуште се празни кафичите. Послее задоволството после добар шоп шопинг :lol: Па жени сме!!! Пријатен, позитивен разговор со тотален странец... Иииии доообра журка!
     
    На Caramelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Да бидам искрена, секоја победа на Федерер ми го разубавува денот, всушност во последниве 4 месеци(не ми се верува дека поминале толку) неговиот успех најмногу успева да ме израдува и исполни...
     
  18. SweetCandy

    SweetCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    20
    Љубовта :inlove: :* ,музиката :music: ,друштвото,и мамичка :)
     
  19. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    526
    Има доста ситници кои ми го разубавуваат денот, но еве топ 5

    1. Утринското кафе
    2. Првиот разговор со мојата љубов (кога си посакуваме добро утро)
    3. Доволно ми е барем еднаш да го гушнам и погалам мојот дебел мачор
    4. Обавезно правам нешто за себе (се лакирам, си правам маски за лице, се депилирам секој ден по нешто што најмногу ме релаксира) Времето кое си го посветувам за себе ми е најубаво.
    5. Ќе издржам и без овие 4 бидејќи ништо на светот не ми го разубавува денот повеќе од неговото присуство :inlove:
     
  20. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Утринското турско кафе со две цигарчиња,шминкањето наутро пред работа,смеењето на телефон со другарками,излегувањето на кратко за да завршам некоја приватна работа во работното време,некој клиент кога ке го услижам завршам работа и тој најљубезно ми се заблагодарува.Лешкарењето по дома и од време на време некој добар провод во кафана да ми биде завршното разубавување на секојдневието.
     
    На prilep4anec му/ѝ се допаѓа ова.