Кога седнам на компјтер едноставно се опуштам си пуштам музика, уклучам фб и фемина и си уживкам, посебно кога сум сама дома кога излегувам со другарките, кога е сончево и топло, кога излезам во дворот,... многу се
Мрдање на бебуш во мешето, позитивни луѓе, кога ќе слушнам убави работи, кога ќе прочитам нешто убаво на интернет, кога гледам некој добар филм, кога ќе го видам мм после работа и ќе си го бакнам убаво, добра книга....
Утринското кафенце со саканиот, убавиот збор на работното место, насмевките на моите деца, вкусната храна, вечерните седенки со најмилите...
Утринското кафе(едно и единствено во денот),разговор со пријателите,цитати од книга,насмевка на лицето на блиските,порака од саканиот,дружење на Фемина.
Денот можат да ни го разубават многу мали нешта.Мене ситуацијата во која јас гледам во прозорецот,рано сабајле со нешто топло во рацете и гледам како паѓа дожд или пак како сонцето изгрева.Поголемо задоволство нема.Или пак кога се е тишина а ти покриена со кебе читаш некоја убава книга.А исто така и утринското туширање е многу релаксирачки и убаво!Една насмевка поделена со добра придружба не е лоша и читање,гледање или whatever нешто хумористично многу ми помага за добар ден! И секако,по неколку коцки милка чоколадо
-обични мали нешта, -книги, -топло добро кафе или чај, -смеа со другарки, -стари слики, -мирни разговори со семејството, -лет на птици, -танц на дрвја.
Насмевка од некој непознат. Насмеани лица. Сончево време. Добра книга. Добар филм. Искрен комплимент. Позитивност. Добра музика. Кога ќе помогнам некому... Кога ќе видам некој што одамна го немам видено. Чај. Изгрев/залез на сонцето. Убави вечери со куп ѕвезди на небо. Ветер. Добар хумор. Кога некој ќе ти се јави/ќе те побара без посебна причина. Добра храна. Туш.
Музика,гитарата,кога ќе ги видам Токио Хотел во Followers на твитер(тоа расположението ми го дига до даска).
добар сон лесно утро здрава исхрана интернет училишните лудории семејните радости дружба со пријателите.. музика филмови
Првото утринско кафе Првото слушање со саканиот на телефон (посебно), инаку и сите наредни секако Правење планови за со него и мислење на него Допишувањето со него на ФБ кога ќе решиме да останеме дома Излегувањето, секако Кафенце со другар/другарка кои не сум го видела одамна Исчекувањето на омилената серија навечер, или Х Фактор во вторник Понекогаш, пиење црвено винце со мама
крајот од добра книга кога сончевите зраци ќе навлезат во собата стари фотографии семеен ручек кафе -муабет со мама саботно попладне поминато со другарките нова епизода од омилената серија утро започнато со капучино/чај и моето омилено списание
Ситници, ситнициии Прошетка со кучето, гледање добар филм, кога некој ќе ми даде комплимент (ии знам дека е искрен) дружење со семејството.. пријателите, долг и искрен разговор... Само човек треба да научи да се радува на ситни ствари..