Мојата професија бидејќи секогаш ми овозможува да посетам преубави градови и места уз добра музика тоа ми е нешто што највеќе ми го разубавува секојдневието yes i like it so much
фемина, мачиња, шопинг, чоколада, кога ќе си слушнам убава песна во маркет, такси, на ТВ кога ќе го видам симпатијата.
Мене искрено добрите муабети со стари и нови личности ми го прават денот нај нај. Турското кафе и неговиот вкус само го додаваат филот на тортата. Па уште ако отидеме некаде на ручек уфф..уживам тогаш. Прошетките на сонце како уште една кора над филот. И за шлаг би рекла кога ќе си легнам со насмевка на лицето исполнета со позитивна енергија.
Дефинитивно најсреќна сум кога ќе помислам на мојата љубов. Никој не ме прави толку среќна како тој. Покрај тоа многу среќна сум кога ќе се дотерам и кога ќе се погледнам во огледалото, кога одам на долги прошетки во природа... Среќна сум кога немам работни обврски и кога имам приватни моменти само за себе. Среќна сум кога патувам...
Ситници од секојдневието. Убавината е и во малите нешта. Нормално е вниманието да ни биде насочено кон големи цели но, сепак едноставните нешта го прават животот поубав.
Да знаеш само колку разочарани ќе се кога ќе разберат ... и мајка ми ни правеше такви дубари. Еднаш памтам рече нешто како, седете мирни, сега одам до продавница и ќе ви купам чоколади, смоки, мастики... ќе го наполниме цел шкаф (кај што ни ги чуваше). Непотребни разочарувања, ах со две крембананчиња дојде. За секунда ги стопивме без многу радост. Тажно детство наше
Моето дете. Неговата насмевка, очињата, криците, секојдневието со него. Утринското ранобудно кафе со цигара, сонцето и готвењето. Шопингот и блуењето по бутици.. Патувањето. Маж ми.
Кaј нaс беше -дaјте децa книгaтa сo рецепти, блaгo ќе прaвиме. И листa, листa, читa, oвa не, oнa не, aхa oвa дoбрo звучи, ние се рaспрaвaме дaли кoлaч или бoмбици ќе се...и пoсле пoлa чaс дa зaклучи декa немa гoлем дел oд сoстoјките дoмa пa немa дa прaви ништo. Се прaви ли тaкa нa децa? Oн тoпик - рaбoти кoи ќе ми гo рaзубaвaт денoт се сaлaтaтa штo јa чекaм и црнoтo винo. Чирс.
Фемина ми постана драга ,кафе во мало филганче,куп слики од внук ми со секој ден нова фаца, омилена песна,мала доза шминка,расцветените дрвја,мирис на јоргован,некое чоколатце...убав комплимент.
Муабет и смеа со блиските и саканите, музика, кулирање со кафенце, некоја убава вест, бакнеж, прошетка на убаво место, некој добар филм, а често и работата ме исполнува.