Периодов ми го разубавува секојдневието празничната атмосфера по дома, ќерка ми е поголемка годинава и интересно е како ги доживува нештата. Елката. Топли чајчиња и салеп. Празнични песни во секакви жанрови. И "Mad Men", ја прегледувам пак.
Децата, изненадувањата од сопругот (нешто многу е романтичен периодов), музика (преферирам да слушам весели песни), внуката (кукла на тета), шолја топло чоколадо, овошен чај, атмосферата околу празнициве (овде е многу убаво украсено), Божиќни филмови (ме релаксираат)....
Минатата недела бев тажна, замолив жена да стане за да седнам во автобусот до нејзе. Ме осети и ми направи убав разговор; човек ми стисна копче за лифтот и ме праша како сум. Всушност сите ме прашуваат како сум и гледаат да ме расположат. Малку ми се враќа надеж дека сепак луѓето околу нас се грижат кога гледаат дека нешто не е во ред.
Гушкање Бакнежи Топли зборови Секс Храна како: скара, пица, кремасти десерти Кутрето Гласна музика на слушалки Пешачење на чист воздух кога е пријатно времето, во пролет Купување парфеми и душкање Бањање и туширање
Ме потести со ова душкање кога го праам ме гледаат ко нешто да ми фали а ја го правам не зошто сакам да почувствувам одреден мирис туку ми е начин на искажување љубов, кога нешто ми е многу мило така сакам да го душкам како гушкање или бакнување го подразбирам и на мачки така праам сакам да ги душкам пошто ми се слатки.
Двете деца, афирмации за себе, сопругот, гласот на моите родители и брат ми, кафе на мир, skincare кога сите ќе заспијат, мирисот на арома свеќите кога дома е сѐ чисто, мирисот после дожд и дождливи мирни утра, гушкање, моето куче, време со моите растенија, гласот на моите пријатели, среќата во малите работи кои ги носи денот, задоволството после убав оброк и добро зготвенс храна и многу други работи
Мирисот на бебе (не знаев дека е заразен се дур не си ја родив ќерка ми...) како и поминато време со неа и сопругот, мирис на пролетно/летно утро проследено со птичјо пеење, мирис на летен дожд, мирис на кафе, мирис на парфеми што ме потсетуваат на минато убаво време, време поминато со моите родители кои не ми се блиску како и со брат ми, чувството после бањање и selfcare, гушкање/чешкање/масажа, благо, поминато време сама понекогаш, пешачење...
Кога ќе ми се гушнат двете синчиња и ги гледам колку се сакаат. Кога ќе се напијам конечно кафе откако бебето заспало. Кога ќе го средам хаосот што се прави цел ден. Кога ќе излеземе надвор со бебе на сонце. Кога ќе успеам да се избањам и средам на раат. Кога децата ми ја јадат храната што сум ја спремила. Кога ќе каснам чоколадо после оброк.