Слатките очиња на ќерка ми. Мирисот после дожд. Чиста куќа. Време за себе. Пешачење кога има сонце. Луѓе кои не ти ја црпат енергијата. Спиење додека врне дожд. Мирисот на маж ми.
Прегратка, Наоѓање кратки моменти на мир во цел хаос, Прошетки во природа, Филм, Среден дом, Разговор со близок...
Викендашки ко ќе отворам очи и ќерка ми у полутемница седи над мене, ме бацува и гали за да ме разбуди. Киндлот. Двопекот топол со новото кремче. Пешачењето на пауза на работа на ова совршено пролетно време. Ладниот нес попладне. Саботното шетањето во парк со девојчето мое, со лименка кока кола зеро што си ја делиме. Сладоледот, поготово киндерот нов. Чувството после вежбањето со тегови, као нов човек. Попладневниот муабет со мама по телефон, ете така колку да си ги чуеме гласовите. "1883" навечер со маж ми. 90тите плејлистите шо ги иам скоцкано на Спотифај. Добра 'глава' од "The Daily Stoic". Галење со Бела на тераса. Електролитите во ладна вода и протеинското колаче после пешачењето на пауза. Ко ќе си го истегнам конечно грбот на шипките на лулашки. Чешкањето по глава на маж ми, боље од било шо друго. Правењето 'овошја' со пластелинот. Судоку со убавото пенкало. Новиот албум на Haste the Day.
Убаво кафе Сонце Цвеќиња Тишина Прегратка Насмевки, од оние силните од кои стомак нè заболува Деновиве звукот на капките дожд кои удираат на лимен покрив Кутренцата и маченцата кои ги имам во голееем број Вкусен ручек Кога домот мириса на чисто и сè си е на свое место Кога ќе дојде внука ми ќе ме изгушка силно и обавезно ќе ми каже некој српски збор (а во денот повеќепати доаѓа ) Гледање на зајдисонцето Слушање убави песни Читање книга И безброј други ситници на кои треба да сме благодарни секој ден
Прегратки и нежности со маж ми Пешачење во природа Дрвјата, зеленилото и цвркотот на птиците околу нашиот дом Цвеќињата дома Сонце Кафе и чај во омилените кјут шолји и време за себе Пица и гледање серија или филм со маж ми Музика Читање книги Разговор со мајка Чист и среден дом Тренинг и skin care Прошетки и излегувања на нови или омилени места Разговори со маж ми
Исполнување на задачите што сум ги поставил тој ден. Учење нов концепт. Совладување нова вештина. Чувството кога по месеци работа почнувам да го владеам тоа што сум го работел постепено, Кога по напорно ментална работа ќе немам мисли додека сум во природа, за микросекунди. Средени простори. Светлозенлени тревници. Оние неколку часа кога дома е токму така како што треба да биде. Средба и разговор со другар/ка што одамна не си го чул/видел. Моментот кога сфаќам дека сум разбрал одреден човек, иако порано ми бил неподнослив, и во исто време не морам да го трпам неговото однесување. Сум го затворил циклусот. Спортување. Кога ќе истрчам малку повеќе, кога ќе испливам малку повеќе, кога ќе видам делови од телото кои се подефинирани од порано. Надеж, нова надеж. Нов изведлив план кој може да го реализирам и не е занесување. Кога ќе сфатам дека не стојам во место, а сум го мислел спротивното. Музика што штотуку сум ја нашол и не можам да ја извадам од глава, зашто толку ми се допаѓа. Здравјето на моите блиски.
Насмевки сум пишала Никако да прочитам дали иам некоја грешка пред да постирам.. Ќе помисли некој не правам разлика меѓу насмевка и смеа И така..насмевки
-Децата, нивната смеа и среќа, гушкањето со нив како лек за се, нивното "те сакам мама!" -Гушкање со личностите што ги сакам. -Уреден и чист простор околу. -Прошетки после работа. -Време за себе. -Спонтано играње и пеење по дома. -Кафе во мир и спокој. -Мирисот на омилената храна. -Разговор со брат ми и родителите. -Легнување на чиста миризлива постелнина, после напорен ден.
Да додадам плус, многу нешта се Видео повик со родителите, барем еднаш на ден Разговор со брат ми Заеднички разговор на WhatsApp со маж ми и неговиот брат Задоволството кога ќе совладам нов левел од германскиот, ќе научам нешто ново и ќе имам фокус и дисциплина без прокрастинација И уште нешто што ми недостига тука, се надевам што поскоро ќе го имам, маче за домашно милениче и убав женски велосипед за возење низ градов.
Кога ќе се разбудам утрото со мм ни почнува со прегратки и бакнежи (тоа ни е рутинс не почнува денот без пола саат гушки и бакнежи) Ладно кафе Пилатес и шопинг