*Кога доаѓам од школо и ми е средена собата. *Кога купувам благо. *Звукот на затварање и отварање на фиоките. *Погоден кош со ѓубре во кантата за отпадоци во школо. *Кога сваќам дека имам уште 10 минути спиење. *Кога мајка ми ќе го пушти парното и кога станам во соба ми е топло. *Кога ми стигнува порака. Јас ги извлеков баш најситните, ама најубавите работи во моето секојдневие
Куп ќебиња и стоплен кревет во зима. Мирис на печена пита во сабота наутро. Куп перници под глава, тв, пуканки и нозете во вис. По напорен грозен ден на работа, си купувам комбиниран од 7мица, доаѓам дома, се туширам, јадам на раат со лезет како прав лав, и после тоа задоволно грофтам. Мирис на перена постелнина. Неговите шеги. Другарски смс пораки, полни со хумор и глупости од факултетски живот. Розите што тате ги бере од работниот му двор и ни ги носи мене и на даде, а на мама и прави букет. Караоке, сцена, моќта кога пеам и чувствувам задоволство. Чоколадни наполитанки во 3 навечер после излегување. Јако кафе и чајни колачи во 7ипол пред работа. Фотографии од детство, ставени во рамки во спалната. Папучките со пеперутка, од кои не излегувам кога сум дома. Гушкање со нозе во кревет. Нескафе на балкон со Јанез и Ленка, а во позадина ечат Азра. Трач меана со момите мои. Колегијална збиранка во Менада, колачи со портокал и цимет, фотографирање и глумење. Мачките во комшилук. Чувството после депилација, летен фустан, точак и самодоверба на 100 качена. Одење пеш од работа дома, по пат купувам Бејк Ролс, мижам на сонце и дишам мирно. ... Еден куп нешта!
Секој со својот карактер си има свои нешта кои што го прават да се чувствува убаво.. Но сепак ретко кој не го прави среќен присуството на саканиот , неговите прегратки , бакнежи , милувања..Чувството дека си сакан и почитуван од оние од кои ти е најмногу потребно тоа.. Долгите разговори и радосни моменти исполнети со многу смеење со најблиските пријатели.. Моментите поминати во топол сончев ден во природа со најсаканото друштво.. Моментот кога гледате дека се разведрува времето од долг дожд и наместо дождот се појавува најубаво сонце проследено со виножито.. Има уште премногу работи кои според мене се најубави и ме прават среќна и исполнета а верувам дека и вас ..
Доволно ми е кога ги гледам моите родители расположени, среќни и задоволни ,што имам кученце преслатко и што имам маче со 3 малечки И доволен ми е човекот што го имам покрај мене иако понекогаш ме нервира
Жутиот зрак од сонцено в соба и уште пожут штом излезам на улица. Па онда ти иде првата песна што ќе ме части бесплатно рипит цел ден. Сама се ствара во глава и јас не знам како и зашто. Па да ја потиснам обично вклучувам друга, ова вистински цд си пуштам некое да речеме. Кафето што си го сркам, првото дома, бидејќи тоа на работа ми е убаво само кога ел хефе не ми е таму. Мобилниов, ако ми пренел некои зборови од луѓе што не се до мене, а се фини некои зборови. Татко ми, мајка ми и брат ми нивните дневни рутини, мотање низ куќи, џафкање повремено, мајка ми со нејзиното турско кафе сто пати на ден, две кутии цигари, татко ми со глава во фрижидер постојано за да сецне нешто за мачкана, пак таа, таа, што да зборам може ли да се разбудам и да се осеќам среќно без таа да се стрча штом осети дека сум будна и да ми рипне на стомак во фаца со тоа очите да ме зјапа на растојание од 5 мм, и да и го осеќам тоа ружниот и здив?!? Е , не нормално, пробав, не иде дури и без неа. Брат ми кој влегува и излегува од дома како фурија, и секој ден со нова приказна за прераскажување, секој ден нешто итно мора на компјутер да провери за 5 минути а ќе остане 2-3 саати, фудбал или било кој спорт секој ден се дава за него аман, ама без тоа не би ми било тоа... абе пуно ствари си имам всушност. Многу ќе се да не бројам се.
Кога не станувам наутро додека сетилото за слух ми е силувано од одвратен аларм, а притоа сум спиела помалку од 5 саати и сум се дружела со верната инсомнија и натрапнички мисли претходно. Кога поголемиот дел од денот ми е исполнет со позитивни личности и хумор во големи дози и уште долго си ја носам расклештената насмевка како гардероба од најпознат бренд наоколу. Превкусна храна, домашен спа со ароматерапија, музика за сите сетила со еден збор свежо исцеден хедонизам во различни облици кам ту мама, смајли што заведува непристојно... Кога Марко ќе дотрча да ме пречека кога си доаѓам дома и искрено ми се радува или кога сака да си игра бидејќи сега е поголем и понекогаш се прави важен и одважен, ама попушта - никој не ја надраснува потребата од љубов и внимание... Прошетки во природа или низ урбаната гужва кога сум среќна што сум дел од едното или другото. Мераклиски за своја душа приготвено кафе или одбрано вино споделено со одбрано друштво. Мултиоргазмичен секс од кој уште долго имам развратна насмевка на фаца и барам уште и повеќе ... Доаѓање на сонот кога ќе ги склопам очите и уште пропратено со мирис на омекнувач од постелнината плус оној на млекото за тело по мојата кожа - прајслес... Кога одам на шопинг и наоѓам она што сум замислила или уште подобро и нешто плус што сигурно требало да биде мое па ми излегло во пресрет самото тоа ме нашло, бугати ... Останување цел ден по пижами со книга која интензивно ми ги бранува мозочниве ми вијуги дотолку што ќе заборавам и да се хранам и уринирам... Јас уште многу би пишувала на темава ама оставам виртуелен простор да речам ај‘л би бек, ...
Има премногу ситници кои ми го разубавуваат секојдневието Кога се враќам гладна од факултет и уште од улица го осеќам мирисот на зготвеното јадење од мајка ми. Крикот што го испушта кучето на дечко ми секој пат кога ќе ме види. Мирисот на утринсото кафе што му го варам на дечко ми, пропратено со смеење, чешкање по грб и шеги Кога купувам свежо печен леб од Специјал. Кафето на тераса со мајка ми и сестра ми. Незаменливиот поглед кон Скопје од мојата тераса. Мирисот на искосена трева во дворот. Звуците на бувот кој секоја пролет доаѓа во моето маало, а вечерта ја исполнува со неговите прекрасни звуци Врапчињата и гулабите на прозорот кои ги јадат трошките што им ги оставам Кога наутро ги отварам очите и прво што гледам е виножитото на ѕидот направено од зраците сонце кои влегуваат во мојата соба низ розовите веницијанки
Кога ќе влезам у веце, ќе завршам работа и наеднаш ми текнува на хартијата и ќе сфатам дека всушност, има тоалетна хартија! Кога влагам дома мртва гладна и наеднаш прекрасен мирис на сармици се шири од кујна Се будам сабајле пред алармот и не ми се спие или Се будам и сфаќам дека е сабота! Го отварам прасето со пари, пребројувам и имам повеќе од стотка! Моето име не се спомнува кога има испрашување. Кога ќе го уклучам МП3-то, батеријата му е скроз полна. Во зима, се враќам од школо и топол јорган ме чека. Ќе слушнам добар виц (или некој нема да го сфати истиот) па ме фаќа непрекинлива силна смеа во наредните 5 минути To be continued...
Галењето по глава и бакнежот во чело од мм. Порака на стикерче жолто на перница- Те сакам ѓубре, имај убав ден Утриското туширање со рокнато City радио утринска со Викс и Дела. Наоѓањето слободно паркинг место пред фирма Утринското кафенце на терасата од фирма и лап топ во скут и форумов. Кафенцето за пауза со моите друшки Порака од мм- Денес јас спремам ручек, гледај да не доцниш. Дружбата со моите животинки низ двор. Радоста кога новото цвеќе кое имало само еден цвет денес има минимум 3 Дружбата во чаршија, темното лашко пиво во Калдрма, турскиот чај кај чичко Физи. Долгите разговори со сестра ми на Skype пропратено со нејзини впечатоци од земјата каде што живее веќе 10 години Легнувањето до мм, чешкањето по грбче, гушкање, закачање.
1. добро завршена работа/зделка/коментар за моето успешно работење 2. повик од внук ми кој ми раскажува што правел и дека едвај чека да ме види 3. заедничи ручек, муабет галење, чаша вино проследено со заљубен поглед, совет и разговор за сегашноста и иднината со либето 3. секс
*Кога сестра ми ме чешка или масира. *Кога ќе си облечам нови пижами и кога ќе си легнам на нови чаршафи. *Кога ќе се напијам сок од портокал. *Кога ќе се разбудам и надвор е прекрасен, сончев ден *Кога ќе се разбудам во саботите и мириса на нешто печено зелник, пица, мекици или сл. *Кога ќе ми стигне порака *Кога ќе се пикнам под туш, во лето се разладувам а во зима се стоплувам. *Кога на радио ќе ми ја пуштат омилената песна.
Лежење, борење, штипкање, лижкање и се пропратно во кревет со љубениот, и моментот кога наеднаш ќе забележиш дека надвор се разденило. Кога ќе ми ја размачка шминката намерно, за да ме изнервира. Шетање со верниот ми пес на зајдисонцето, па одмарање на некоја клупичка, тој седнат до мене. Правење Таличен Том муабети (сама со себе, а уствари на кучето му се обраќам). Будење во ладно зимско утро, со песот мој до мене на перница. Будење на топол летен ден со Љубовта до мене на перница. Кафе, цигара и муабет со мама на тераса. Нов долг фустан со индиски шари.
Кога ги гњавам кученцата,кога го напнувам дечко ми,кога ќе добијам порака од некоја мила и драга личност,кога пиеме кафе со другарки и оговараме,кога гледам филмче некое комедија со пуканки до мене и многу други работи кои не ми текнуваат сега
Пиењето кафе со другарките. Средувањето нокти. Излегување на пијалок со некоја пријатна личност. СМС од машка личност. Мајка ми (кога е добро расположена). И веста за положен испит.
Кога мојот сакан е секогаш покрај мене, кога ме задева намерно ме нервира, ме скокотка, кога прави да се смеам и кога ми е најтешко, кога правам муабет за се со него, кога се разбудувам на сабаље и го гледам неговото лице, кога ме бакнува, кога ме гали и милува.... Кога го пијам првото утринско кафе, кога сум со другарките излезена, кога одам на шопинг, кога ќе положам испит некој, кога моите најмили се среќни и весели....и ред други работи што ме прават среќна. Животот е убав !!!
Кога се бркам со кучиња низ парк. Кога ќе ме фати дожд во сред центар после пеколните температури. Кога ме буди алармот насабајле и сфаќам дека не е за на факс туку дека имам поубава работа за правење Кога татко ми ја ремети мајка ми, а она се нервира