Меракот може да ми го направат многу мали работи. Кафето да ми е погодено. Со лажичка шеќер ако е турско. Нематено ако е нес. Со ладно млеко ако е макијато. Мачорот да ми преде во скут откако ќе се прејаде. Тогаш е мил и заборавам колку понекогаш сака да ми напакости Убав ручек што го направила мајка ми многу влијае колку ќе се радувам дента. Ете, пример, знам дека утре ќе биде убав ден зошто ќе имам лазањи за ручек. Кога времето е убаво, убава сум и јас. Си цветам од задоволство кога дечко ми ќе донесе цвеќенце набрано од некој двор, макар и од пред зграда да е. Или едно чоколадце киндер, што го зачувал од цела кутија за мене. Дури и едно рум-бонбонче да ми донесе, пак ме радува. Кога мајка ми ќе ми каже дека ми купила чорапи 3 за 100. Сериозно се радувам многу, зошто имаме црна дупка дома што ми ги јаде чорапите. И реално...да ги ценевме овие работи малку повеќе, ќе бевме сите многу посреќни жени!
Сега во овие ладни месеци работи кои ми го разубавуваат секојдневието се: -Топло чајче -Си гледам филмови. -музикаа. -спиење до касноо..и тоа..
Топлото чајче,млекце,капучино ... Сите дома собрани на куп Топлиот оган,топлинките И ред други работи
На ниво на секојдневие.. Кога го пијам највкусното макијато кај мене со мачорот. Одење кај баба и дедо.. Неколку хорори по ред и неколку саати слушање музика. И по најново, будалово папагалче, кое ме смее со неговата лудост.
Кафе, турско... Детска насмевка со десетина заби... Музика... Очи ситни како на Ричард Гир... Туш... Добар ручек и десерт... Интернет... Искрено пријателско лице... Толку. Скромно.
Сонце, кафе и смеење со другарките.. Пријатна домашна атмосфера , без карање Убава книга Кога ќе замислам некоја измена за мојата соба и истата ми успее Кога ќе научам се што имам планирано за тој ден
Семејството, внук ми, и дечко ми се тие кои секогаш знаат да ми го разубават денот. Заедничката слика со љубениот што секогаш ми е пред очи кога ќе станам од спиење, сите поминати моменти со другарките, гњавењето на папагалчето, читање на некоја убава книга, и уште многу многу работи
-Само што ќе му го слушнам гласот на мај лав,ми се разубавува денот -Топла семејна атмосфера -Убаво кафенеце наутро -Ладно,зимско утро..поглед низ прозорец и СНЕГ...е тогаш сум ваква
Омилените песни, можат да ме расположат во секое време! Убаво кафенце, или па топло чоколадо, уште поубаво. Омиленото јадење, и после тоа десерт. Цел ден поминат со моите најмили. И да, многу важно-кога имам време да се наспијам до касно, без никој да ме вознемирува!
Искрено, моето секојдневие добива позитивна димензија, кога ке ги видам домашните насмеани, опуштени, надвор од стегите и нервозите на работното место. Поради истите малку време сме заедно и сум среќна кога се насмеани и опуштени.Колку и да ми бил сив денот, нивното позитивно присутсво ме олабавува И друго, би било средбата со некој пријател, релаксиран убав муабет, што ке ни изнуди насмевки... Тоа е доволно за да го прогласам денот за убав и тие се 2 работи кои се движечка сила за моето позитивно расположение и покрај се во денот.
Кога ќе го видам во автобусот наутро, иако не го познавам, ќе треба да правам анализа на поема, извадок од книга или кога ќе треба да пишувам на одредена тема. Кога дома сите се насмеани и смирени или кога сите се редиме како сардини на подот за да гледам филм И кога ќе си ги видам внуците, лазам со нив ме прават магаре коњ, играм криеница со нив и се вракам ехее години и години наназад. Е тоа ме исполнува.
Моментите...Оние посебни моменти што не значат ништо во нашиот живот, но ни го разубавуваат денот-насмевка од некој што не го познаваме, значаен поглед од оние со кои сакаме да се запознаеме, допирот на нашата љубов, прегратката од нашите најблиски...
Неочекувана љубовна порака од саканиот, Вкусен појадок Омиленото овошје/чоколадо Совршено налакирани нокти Убава фризура
Кафе со другарките, романтични пораки од либето, колачињата на мама, убава домашна атмосфера исполнета со многу љубов и мир...