Сите тие мали работи кои ги прави тој за мене, докажувајки ми дека ме сака најмногу. Моето семејство, заедничките наши шеги.. Моите најблиски другарки, долгите разговори со нив, излегувањето со нив итн....
Кога онака ненадајно ќе си пронајдам макар еден денар во некој џеп цел ден сум си среќна.И кога ќе се истуширам после некоја напорна работа па ако е летно време ќе излезам во двор под сенка и само ќе одмарам со мокра коса Незаменливо чуство
Многу работи ми го разубавуваат секојдневието, посебно некои ситници. Мојот мачор кој станува од спиење заедно со мене и заедно си се расонуваме во кревет. Ручекот со моите дома и муабетите со нив. Разговорите уз кафе со сестра ми и другарките. Првата циграра и првото утринско кафе. Моето куче кое ме дочекува од работа како да не ме видело 100 години. Пица со многу кечап. Мејловите од мојот мал братучед кои се толку искрени и полни со љубов. Фудбалски, ракометни и кошаркарски натпревари. Топла бања во овие ладни денови. Колачиња со цимет и чај. Вечер помината под кебенце со дечко ми, грицкање чипс и гледање наа некој добар филм, посебно ако јас го бирам филмот....
Добро кафе со мајка ми Муабетите со другарките Безгрижно шеткање во парк Нов парфем Радувањето на кучето кога ќе ме види Глупостите кои ги прави мојот мачор Висока оцена на факултет Убав муабет, шеткање и кафе со дечко ми Кога навечер му досадувам на дечко ми со пораки додека спие и станува заради мене Кога наутро си ги гушкам мајка ми и сестра ми Мајтапите со сестра ми, која најмногу од сите ме смее Трчање на лето во парк со сестра ми Гушкање со моите најсакани мали братучеди Пиење на вкусно мартини Нови шминки и долна облека Јадење чоколадна торта Насмевка од оние кои најмногу ги сакам и многу многу други ситни работи ми го разувавуваат секојдневието
Многу работи ми го разубавуваат секојдневието Успесите на моите најблиски и на другарките, Прегратките на внука ми,ќе ја изедам Ненадајните пораки и гестови на дечко ми кои прават максимално да се топам, Долгите прошетки и кафиња со другарките, Фамилијарните ручеци со моето семејство, Милка чоколадо
Зависно од моментот, секој ден со себе носи работи кои ни го разубавуваат но и работи кои ни го загорчуват секојдневието. Според темата ќе се задржам на оние кои ми го разубавуваат секојдневието, а таму несомнено би ги спомнала будењето рано наутро надвор има сонце а ти си седиш на тереса и си читаш нешто занимливо, си иеш кафе, сокче, чајче кој што сака, после имам нешто кое никако нема да испуштам да го кажам а тоа е ќеркичката на другарка ми, која колку и да сум нервозна ми го разубавува денот, потоа секојдневието ми го разубавуваат и средби со луѓето кои ги сакам, нормално кога играм игри на среќа и кога ќе си добијам нешто, кога си се шеткам, шопингот и незнам уште што не добра музика, добра книга и да не набројувам има уште милион работи..... ИИИИиии да не заборавам семејниот неделен ручек во опуштена атмосфера...ммммхххх
Работа која ми го разубавува денот, е станувањето од сон, и погледот кон мојот мобилен, во кој има романтична смс порака од мојот дечко , и слушањето на неговиот глас, додека тивко ми шепоти дека ме сака .....
Најмалите работи ме прат среќна. Кога надвор има сонце, мирисот на пролетта, некоја убава храна, омилената песна, филм....
Денес ми го разубави денот ветрето што шибаше низ Скопје. Апла беше ветер, а листовите летаа на секаде. Небото беше многу интересно, минута темно, минута светло. Сонцето ке светне, ке се скрие и се така. И од време на време за да смири ситуација, по некоја капка дожд. Верувам дека повеќето го пцуете ваквото време ама јас го обожавам. Чудно е, но убаво. Ми го разубави денов и не само сега, секогаш кога е вакво.
Рано наутро коа ќе ми стигне порака дека многу ме сакал и дека после школо можеби ќе поминел да ме види.. брејј.
кафенце со мајка ми само очи штом ќе отворам, сонце, кога едноставно гледам во огледало и се што гледам е убава девојка, другарките, дружби, а особено за крај на денот за еден финиш ми даваат седенките еднаш неделно со друшките ми во приружба на филмче, муабет, или едноставно патосирање од смеење, телефонски повик од тетка ми, кога ќе видам некоја личност после извесно време
Една смс порака, сончево време како денес, насмевка на моите најсакани, подарок без повод, дожд, снег... има уште али ај доста е сеа за сеа