Кога ке си дојдам дома од работа и кога ке ме пречека со размафтана опашка она малото и црното - бушаво СРЦЕНЦЕ мое ме прави најјјјјј најјјј радосна !!! Дефинитивно показхува дека му фалам
Денешниот ден ми го разубавија сините зумбули што си ги собрав од двор, ги ставив во мала вазничка и сега нивниот убав мирис се шири низ цела соба
кафе сама дома или со другарките и те како ми го разубавува денот, музиката секогаш може да ми го подигне расположението...доброто расположение на моите родители, сестра ми, баба ми, дедо ми исто ме прави среќна...
Кафе-мафе муабет со другарките пред се ,добар филм,сонцето (не дечко! туку стварно сонцето ) фудбал..и мн. други работи
музиката дефинитивно,моето куче , прошетките со неа се релаксирачки, утринското кафе,шопинг со сестрами,незаменливи работи
Насмевка. Секогаш се расположувам и најмногу ми значи детската насмевка, насмевката на моите најмили кои ми ја полнат душата и ми го разубавуваат секојдневието.Сакам позитивни и насмеани луѓе кои шират само позитивна енергија и колку и да не ти е до смеење успеваат да украдат макар една мала срамежлива,задскриена насмевка.
Татко ми, кога насабајле ми купува јогурт, јаболки, портокали.. нешто у тој стил. Пошто, поткуп е. Да закопаме ратна сеќира Не дека нешто,што ти знам колку карање било, али, ова е останато у традиција од тинејџерски дани Мајка ми коа ќе ја прашам, сакаш ова, сакаш она... женчулето мое, се’ си сака. Ама се’. Не одбива. Јадено било, пиено било, има простор за уште малкуцка. Увек. Јаричов, кога станувам насабајле Као мисирче стои такво, исправено, а со сведната глава. Умижурено Као: еве ме, тука сум! Ставај ти лапачка, јас, само одмарам очи Едно вакво „ “ насабајле штом се уклучам на скајп. Оти немам друг начин да го видам тоа, таквото. А, пре би да не е таа жутата фаца. Сонце да е, дожд да е, што да е... фино ми е, освен кога на лева нога станувам. Стих од песна во глава. Периодов не само што не пуштам музика (не слушам), туку и во главата протестирам. Чисто ради почит кон едно битно женчуле, првото сукало во фамилијата, што не напушти пред нешто повеќе од една недела. Брат ми коа објаснува со возбуда за некоја утакмица што го зезнала, а ќе добиел што ти знам колку пари. На мјут ми е тогаш. Само фаците му ги гледам Али ме весели богами тоа
Кафе наутро. Дал сама, дал со друштво од семејната единица, важно некако не’ збира сите. Љубење и гушкање по телефон. Оти и двајцата сме во расчекор смени, па си се галиме преку импулси, дур не дојде тет а тет средба. Цвеќињата на балкон. Иако не ги љубам особено и не ги вадам и слични нешта, зошто мерак ми е само да ги гледам, сепак и тоа се брои. Ми разубавуваат глетка. Ме чистат од сивила. Музика. Зар не е убаво кога ќе слушнеш омилена песна на радио? Како некој тебе специјално да ти ја посветил. Храна. Да не се лажеме, добар оброк и те како разубавува ден. Особено ако е со мерак готвен, а уште померачки изеден. Мачињата во мезанин. А излезам да фрлам ѓубре, ете ти ги. Со тие розикавите муциња и валкани шепици сакаат да им дадам некое саламче. Па се дружиме, се додека не ги набрка комшиката од први кат. Гушкање! Е тоа... Немам опис. Кога гушкаш некој, метаболизмот се подобрува. Крвта се смирува, лицето се насмевнува. Не сум од Free Hugs, но исто како да сум. Ме разубавува и мене и тој што се гушкаме.
Ситници. Најчесто ситници ми го разубавуваат секојдневието, а со тоа и животот. Неговиот лик покрај мене кога ќе се разбудам. Без оглед на тоа што тој слатко си спие додека јас се обидувам некако да се извлечам од оковите на милиот ми кревет, и ми доаѓа бокс да му удрам од што му завидувам бидејќи ќе спие повеќе од мене......глетката вреди цело богатство. Доволно за добро да ти тргне денот, и за многу повеќе од тоа. Особено ако е сето ова надополнето со сонливо „Каде бе ти? Ајде враќај се брзо овде“.....уф, прајслес. Телефонски „разговор“ со внука ми. Тоа е фактички монолог од нејзина страна, таа си зборува и зборува, и ќе зборува со денови ако некој не и го земе телефонот од рака , ама небитно, уживам кога го слушам нејзиното детско гласче како ми кажува што правела и што се облекувала. Шмизла моја најмила А средбите со неа ми го продолжуваат животот.... Ме расположува случајна насмевка од некое рандом непознато лице, љубезен/на продавач/ка, фин и лежерен муабет со најблиските, кафе/пијачка-муабет со другарка....убаво парче облека или дребулија купено за не многу пари....
Денот може да ми го разубави смешен интересен настан, некако таквите случувања ми даваат елан за цел ден, па колку и да е сив понатака денот имам сила, насмевка и позитивна енергија. Ништо повеќе од смеење неможе да ме расположи и разубави секојдневието, денот, животот.
Koга во сон ќе се пробуди и ќе ме гушне, како и будењето покрај него Spoiler Мирисот на зумбули во мојот двор Spoiler Помош на некој кому му е неопходна Spoiler Koга мајка ми, и покрај лошиот ден, ќе ме погледне со насмевка на лицето и силно ќе ме стисне Spoiler Kога излегувам на тераса, ветрот ја милува мојата коса, а небото е прекриено со звезди Spoiler Кога гледам како растат штотуку родените мачиња Spoiler Kога гледам како татко ми презема некои од обврските на мајка ми, од грижа за неа Spoiler Btw, татко ми не е толку згоден