После напорно поминат ден, едвај ги чекам оние моменти кога ќе си дојдам и моето куче силно ќе се втрча кон вратата за да ми приреди едно топло добредојде.Самото вртење на опавчето кажува колку е среќен што сум дома и што конечно ќе отидеме надвор да си поиграме.Таман што ќе влезам ете ги и моите дома.Го обожавам времето поминато со нив.Кога сите фамилијарно гледаме серија и само татко ми ќе го промени каналот каде што има фудбал и тука доаѓа на сцена мајка ми: ,,Враќај ја серијата одма, сега ќе дознае дека слугинката уствари и била мајка" -.- а јас и брат ми се роламе од смеа . Разговорот со него. ДА! е тоа навистина ми дава позитива за цел ден. Кога сред муабет и двајцата ќе почнеме да се смееме, кога долго сочно си ги вртиме јазиците, кога се скоголицкаме, кога се грижиме еден за друг, кога си посакуваме добра ноќ и wet dreams И секако моите блиски пријатели, секогаш со кренати два парста за: ,,Aј денес да не идеме во школо, да му тркнеме до милениумски крст,, и да го поминеме денот chill out отворени за кафе муабет, за делење совети и понекогаш и дебатирање на некоја тема со висок тон.Тие работи не само секојдневието, туку ми го разубавуваат и животот
освен моите сакан што знат да ми го направт денот и животот убав и неубав...денот може да е убав со добра музика,со добра мисла,со добро друштво и добро јадејне и спиејне
Кога ќе се онерасположам почнувам да размислувам дека во животот не е се така црно дека има многу што ги сакам и ме сакат помислувам на сите глупости и дека животот продолжува понатаму.
Некое парче торта направено од мајка ми Кога ќе го слушнам гласот на дечко ми, телефонски разговор, или ако не тоа, некоја неочекувана порака, ииии се така што е поврзано со него
После напоред ден кога си дојдам дома, сакам да легнам да пуштам тивка музика и да се опуштам, медитација, си ја наполнам кадата и уживам, неочекувана слатка порака,
Кога едно бебенце ќе дојде на гости кај тебе и ќе почне да ти се смешка, да те милува и да ти гуга. Срцеееееееееееееееее .
Моето маченце, љубовта која што секој ден ми ја дава нојот дечко и тој ме прави најбескрајно најсреќна на свет, кога ќе се држам,за него,некое пораче од него или само кога ќе му го слушнам гласот одма се кезам
Непланирано дружење со другарките, излегување во град,правење лудории.. Потоа омиленото парче музика, нешто благце (под ова сметам од чоколадо до торта или колач што на мама ќе и текне да го направи) ,ненадејна добивка на пари ,дали од некои пријатели или роднини ,одење во шопинг па макар и да се вратиш со едни нови шорцеви, што знам, бар мене ме радува од внатре. Почастување со оброк во Мекдоналдс ии не ми текнува веќе...
Прво денот ми го разубавува тој коа станува од спиење со сонливо гласче , потоа сестра ми коа ми раскажува како и поминал предходниот ден , моето најубаво маченце ...
Повик или слатка порака од саканиот за добро утро! Дефинитивно ми го разубавува целиот ден Најубаво кафенце, онака како што знам сама да си го направам... уффффффф... Малиот братучед што многу често ќе дојде да ме буди и да ми вика ,, Дадееееееее станувај да си играмеееееееее!!!,, Седењето во двор, јадејќи највкусен сладолед...
Прво сонцето, кога ќе го видам наутро (доколку го има нели ), па мирисот на кафенце, и така во пижами да си седам и да си го испијам. Кога ќе погледнам некој убав филм, така да ме расположи, кога ќе си го пречекам сопругот од работа и кога ќе му ја видам насмевката. А и некое цвеќенце ако ми носи, уште повеќе Кога ќе се шприцнам со омилениот парфем, абе уживам во моментот Кога ќе прочитам книга, па макар и неколку страни да се. Добра песна, ама толку добра што ќе ме крене од столот И уште многу др. работи...ако ми нешто текне ќе пишам
Утринското кафе со цигарче, порака од него, убава мисла, возење кола, муабетче со другарка, заљубен пар на пешачки.