Утро без викотници за финансии,топло кафенце со мојот татко,фамилијарен ручек и насмеаните лица на моите родители.
Топло кафе, цигара уште рано сабајле, свежиот воздух наутро, разговорите со мајка ми и татко ми, муабетењето со дечко ми, прегратките негови.. Шо знам уште шо друго, има многу!
Кога станувам наутро кога најпрво ке го слушнам либето мое денот веке ми е убав , коа ја слушам мама дури во мојата соба како се смее - уште поубав , коа ке ги видам сите мои радосни и срекни НАЈУБАВ . Кога го имам тоа , секој ден ми посебен и срекен . Кога го немам тоа ништо друго неможе да ми го разубави секојдневието .
1. Гушка 2. Чоколадо + нескафе кое сама ќе си го направам 3. Секоја слика поврзана со Despicable Me 4. Мама и тато и дада. 5. Мојата омилена песна. 6. Мирисот на трева и мирисот на книга.
1. Убаво, сончево временце. 2. Насмевка на нечие лице. 3. Чоколадо + добра книга. 4. Гушкање. 5. Музика, музика, музика...
1. Музика која размрдува или едноставно е пријатна на уши. А да не зборуваме за музиката од омилениот изведувач. 2. Другарките и нивните глупави но смешни идеи... Или пак едноставно зафркавање и поминување време со нив, бош муабети и шеги. 3. Домашна опуштена атмосфера, близок разговор со мајка ми. 4. Комплименти 5. Книга која едноставно ја голташ. 6. Заборавена 100 денарка во џебот на омилените фармерки 7. Шопинг, прошетки, насмевки, колачите на мама, чоколадо, цвеќиња, сонце, птици... И што уште не.
Чоколадо Книги Фокслајф и фокскрајм Искрена порака од некој(немора да е порака, може и разговор да е) Домашна, пријатна атмосфера Шопинг во Скопје Насмевка упатена до мене Комплименти и многу други работи
Јас поминав низ прилично тежок период и затоа сега се ценам и се може да ми го разубави денот...просетката со мајка ми,комуникациите со лугето,пиењето кафенце,убавото временце па и дождот исто така,лугето до мене моите најблиски,исцекувањето на бебцето на другарка ми,мојата кукичка,местото каде што живеам,буквално се
Ех колку само ги има Кога наеднаш од топло и сончево, ќе почне да врне.. Кога ќе најдам чоколадо, кое ми го криеле... Кога ќе си поиграм со кучето... Мирисот на трендафилот во дворот... Кога ќе добијам неочекувана порака или повик... Кога ќе ми ја направат мојата омилена салата, па и кога ќе има Кока Кола... Пријатен разговор и чувството дека некој разбира како се чувствуваш...
Кога се будам наутро и ја гледам насмевката на мм-бесценето чуство е..... Кога Ричи и Хепи се бркаат, Кога ке слушнам убава вест , Кога го пијам кафето на работа, Кога имам работа во дуканот, Кога се вклучувам на феминава, и др...