Радна акција, е хуманитарна емисија, ријалити, којшто помага на семејства, коишто живеат тежок живот. Семејства коишто живеат во сиромашни домови, имаат болни блиски или живеат во објекти коишто биле оштетени од некои природни појави. Неопходна им е помош, а токму емисијава ќе им овозможи да ги променат барем нивните живеалишта. Мајстори и волонтери ќе ги реновираат нивните домови. Секој нивни недостаток и проблем ќе им биде решен. Вредни луѓе ќе го направат тоа во рок од пет дена, додека за тоа време семејството ќе живее кај своите пријатели. Емисијата е направена по американското шоу „Extreme Makeover - Home Edition". Во Америка ова шоу им помогнало на бројни семејства, коишто останале без кров над глава, како и на тие што долго се бореле со тешки болести. Вие? Дали имате „налетано“ на оваа емисија? Колку што погледнав на програмата на Алфа, се емитува од вторник до петок, во 9 часот, навечер. Моментално има. Јас имам изгледано неколку емисии и мене многу ми се допадна.
Секоја вечер ја гледам многу ми се допаѓа.Браво Обожавам емисии од ваков тип. Загреота некои луѓе во какви услови живеат,а овиее "ниџиве" на Слобо знаат чуда да направат.
Мајка ми ја гледаше и јас почнав,интересна е стварно а и Тамара е срцка,луѓето греота ,супер што ова постои!
Минатата недела случајно загледав една епизода и сега ја гледам кога ќе ја фатам.Интересна емисија,браво!
Покрај мајка ми,имам фатено неколку епизоди,ептен е интересна емисијава,штета што не можам д ја начекам секогаш.
Кога ќе ја фатам,ја гледам.Исто така вака имаше и во Скопје.Од истата госпоѓа,таа суредуваше стан на еден скопјанец. Многу е добра емисијава,усреќува многу семејства,,на многу луѓе им става насмевка на лицето. LIKE за емисијата
Ја даваат од понеделник до сабота, само недела не од 9 ипол.Преубава емисија браво. Секогаш скоро ја гледам, и секогаш ме растажуваат со своите приказни семејствата.Колку само добрина им прават со емисијава, алал да им е.
Интересна е и многу приказни со среќен, Тамара ми се сонце ептен е мила добро е што посотои емисиата се помага камо ваква и во македонија да имаше овде има навистина фамилии на кои им требаат ваква помош ама еве нашиве не им текнува
многу добра емисија браво за Тамара и за целата екипа ... секој ден ја гледам и сум срека што постојат такви луге на светов
И јас ја гледам емисијава и морам да признаам на неколку пати имам заплачено...вчера гледав,баш ми беше жал кога таткото кажа:Тато,јас кога ќе играм фудбал?-кога го цитираше синот заплакав ...и многу ми е мило шо постојат луѓе шо сакаат да помогнат на тие шо не можат
Алал да им е за емисијава, ама стварно. Повеќе пати ми ја спомнуваа, ама пред два дена прв пат ја гледав. Водителката е срце. Незнам дали е стручна или е новинар, но одлично си ја работи работата. Посебен впечаток ми остави водачот на екипата, мислам се викаше Зоки. Чичко кој навистина си ја знае работата. И најважно од се социјалната нота на емисијата. Колку беа среќни мајката и синот, екипата животот им го разубави. И тоа станчето им го уредија многу скромно, НО реновирањето и спасот од влагата за нив значеше живот. И знам дека се сосема различна концепција, знам. Но неминовно е да се направи една паралела со нашава Ајде дома. Таа може само да учи. Да учи дека тапетите и сликите по ѕидот што ги шлака буквално во секој стан и не се толку важни.Да учи за начинот на водење на емисијата, за тимот со кој ќе работи.
Секој ден ја гледаме (фамилијарно).Прекрасно е да се виде дека сеуште постојат луѓе во вистинска смисла на зборот.Мајка ми е премногу сентиментална па понекогаш плаче.