1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работна акција (Radna akcija) [Алфа тв]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Elennaa, 2 мај 2014.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.228
    Допаѓања:
    30.387
    Пол:
    Женски
    Убаво е секаде да постојат вакви луѓе кои би можеле бар малку да усреќат нечиј живот. Она што го гледаме секој ден на Работна акција, во голема мера и далеку полошо го има и кај нас, и многу е жално што не се има најдено барем една организација за помош на тие луѓе.
    Секоја чест за емисијата, семејствата на кои им помагаат навистина заслужуваат нешто такво.
    Малку настрана од темава,секој сака на некој начин да му помогне на оној кој има помалку. Спаковав неколку картони чисти алишта кои не ги употребуваме, со цел да ги дадам во Црвен Крст, некој нема ни толку, и знаете, таму ми рекоа дека НЕ ПРИМААТ повеќе алишта затоа што немале каде да ги складираат. И кога човек сака да помогне, спречено му е.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.237
    Палче горе за Работна акција и секоја чест на Цересит и сите останати спонзори. Овде пред се треба да се има широко срце, а после се друго.
    Штета што кај нас нема вакво нешто, а има фирми и спонзори кои можат да го поддржат овој проект, се организираат емисии од типот на Се или нешто и триста други глупости.
    Тамара е едно големо срце ,колку позитивна енергија зрачи низ екраните, а можам да замислам како делува во живо, шири топлина насекаде.
    Прекрасно е да се гледат насмевките на усреќените семејства, кои немат зборови како да се заблагодарат.

    Некој ја спомна Ива од Ајде дома, може вода да и носи на Тамара.Лесно е кога ќе ти даде некој пари па ти да му средиш, тоа секој го знае.
    Тешко е кога од ништо треба да се направи нешто.
     
    На ivancekitty, tea4e, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Секоја пофалба за оваа емисија, колку е само прекрасно кога ќе предизвикаат насмевка кај тажните луѓе. Колку е само хумано кога ќе помогнеш некому да го оствари својот сон. Луѓево плачат, но тоа се солзи радосници, некој конечно им внел радост во животот.
     
  4. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    најдобро нешто наместо овие турскиве серии многу ми се допаѓа и го ратам не испуштам епизода има мн тажни приказни и хуманост
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    32.734
    Пол:
    Женски
    Сам си се родил,сам ќе работиш.
    ~Зоки~
    :wasntme: :rofl:
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stefiks

    Stefiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Ми се допаѓа емисијава и кога ќе ја зачекам ја гледам..
    Јас си мислам дека добро е што на сиромашни луѓе му помагаат, кога ја гледам емисијата понекогаш знае и некоја солза да капне :wasntme:
     
  7. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    1.465
    Пол:
    Женски
    "Где си мала?" - најупотребуваната реченица на Зоки
    Убаво е што има вакви емисии и помагаат на луѓето.
     
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Нова сезона нова екипа нови архитекти нов водач :o .Ќе ми треба време да се навикнам :) .
     
  9. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Емисијата е многу добра и БРАВО за то шо го прат!! :clap: :clap: :up:
    Само мислам од каде ги наоѓат тие пари т.е. како им се исплаќа ?!? :?: :^)
     
  10. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Повеќе пати имам гледано и емисијата е милион пати подобра од турските серии.Добро е што постои ова, да им се помага на оние кои не се во состојба да си обезбедат убав дом.А и мене ме интересира од каде се наоѓаат тие пари? :?:
     
  11. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Огромна пофалба за хуманиот дел, но јас гледам малку поинаква заднина на емисијава- маркетинг.

    Навистина убаво од нивна страна што од разрушени куќички или станови, на социјално загрозените семејства им овозможуваат да живеат во совршено средена куќа која може да се нарече ДОМ, но зошто нужно е потребно сето тоа да се сними и прикаже на јавноста, и при тоа да се нагласи кој го финансира проектот и кои се "пријателите" на емисијата?
    Си играат со емоциите на луѓето со тие камери, зарем не го гледате тоа? :x


    Значи толку од хуманоста. Оној кој навистина тоа го прави со срце, без задна намера, не чувствува потреба да се пофали со тоа, доволно е што самата личност го знае тоа, за себе.
     
  12. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    А од каде пари за сето тоа без маркетинг,затоа се и спонзорите за да ги има на ТВ да се рекламираат.
    Кое фајде ке имаат ако никој не ги види и не ги чуе??
    Добро е што на Србиве им текнува ваков хуман гест,ем на луѓето им помагаат ем реклама на спонзорите,сите среќни и задоволни.
     
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804


    Зошто мора да има "фајде"? Па хуман гест е во прашање.
    Никој не ги присилува да финансираат било што. Хуманоста е израз на добра воља, да помогнеш некому, без притоа да имаш корист од тоа. Ако веќе мислиме на корист, бизнис е во прашање, а не хуманост. :)
     
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Како прво, ако не се прикажува, кој уставри ќе знае дека постои и таква работа да им ги реновираат живеалиштата? Така, сите знаат и притоа секој би можел да се пријави, односно да пријави некој на кого му е потребна таква помош.
    Како второ, фирмата кога веќе решила да биде хумана и да троши средства, за да секој нареден пат има со што да помогне, треба инвестираното, на некој начин кажно и да го поврати, а зошто да не преку телевизијата, отколку на некој друг начин. Тоа е од бизнис аспект. Тие мора да размислуваат и на тој начин и не, тоа не ги прави помалку хумани, бидејќи да не било така, ќе беа џоа некоја Црвен Крст организација што ќе се моли на сите да им биде подобро и со што има со тоа ќе помага. А така, по ефикасно ја завршуваат работата.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Да, може секој да се пријави, ама дали на сите кои се пријавиле им ги преуредуваат домовите? Сигурна сум дека не. :|

    Очигледно не гледаме исто на работите и поимот "хуманост". За мене, кога е хуманоста во прашање, бизнисот нема место.
    Со ваквата "хуманост", ако воопшто може да се нарече така, јавноста добива лоша и искривена слика за фирмата. Да беа толку дарежливи, ајде, нека се снима емисијата, ама нека не се нагласуваат спонзорите- вака сите ке може да се пријават, и ке нема реклама.

    Особено интересен ми е делот што работниците, во секоја емисија имаат нов работички комбинизон, што е во најмала рака смешно, а потоа мизерно. Па зарем немате видено физички работник до сега, сите ли изгледаат така "средено" за на работа? :^)


    П.С. Во контекст на хуманоста. Ова му доаѓа као што Анџелина Џоли посвојува деца од Африка, божем ке го реши сите проблеми таму, ако посвои дете, и го оддели од семејството. Зарем нема доволно сиропиталишта во нејзиниот роден град? Има, но, нели ефектот е посилен бидејќи таа има бела кожа, а посвоеното дете е црнче... И ајде сега кажете, дека и овој пример, и горенаведениот, не зборат за рекламирање и маркетинг, пред хуманоста.

    Се извинувам за офф- топик. :)
     
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Најнормално дека нема на сите што се пријавуваат да им ги средуваат. Сигурно имаат одредени критериуми според тоа на кој највеќе би му било потребно.
    Зошто да не ги рекламираат спонзорите, кога и тие даваат пари за тоа, и тие се вклучуваат со донирање на средствата.
    И да еве, имам видено, таму каде што јас живеам сите изгледаат така средено. Значи, сите полека полека почнуваат да се цивилизираат, да си воведуваат униформи и да воведуаат ред за на работа.
    За тоа со Анџелина немам што да коментирам бидејќи тоа не е тема на дискусија. Постои тема за која нашироко можеш да ја дискутираш хуманоста.
     
  17. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ Хахаха ме насмеа со цивилизацијата и униформите? Која е поврзаноста?

    Со закон е регулирано што треба да носи физички работник, а меѓу другото, тоа е и комбинизон. А поврзаноста на ова со цивилизарањето не гледам.

    Не знам каде живееш, ама јасно е дека работејќи ќе се извалкаш. Работниците првин го кршат стариот мебел, потоа кршат ѕидови, кречат и извршуваат ред други активности кои предизикуваат прашина, прскање на бојата и сл... Е како ли успеваат после сето ова пак да останат толку чисти?
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Па во емисијата сигурно нема да ги прикажат извалкани и испотени. После ќе речат како може такви да ги прикажуваат? Прост пример е кулинарската емсија со Дени, мислам дека беше, и бидејќи готвел со стар прибор за готвење, и се за тоа коментирале, па како може така, небаре сите дома со нови, па и неотпакувани готват.
    И не знам зошто се фати за тоа? И така на крај, сепак се е средено.
     
  19. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Вака пак се ептен нереални, тоа ми беше муабетот...

    Небитно, да ставиме крај на дискусијата, ставовите и онака ни се дијаметрално спротивни. :)
     
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Епа а каква би била таа дискусија aко имаме слични мислења? :lol: Нема врска, во ред е тоа што го мислиш, твој став, јас само пробав до некаде да образложам зошто е тоа така, бидејќи реално сите работи во светот денес така се одвиваат.