Па затоа што мора,како не разбираш дека тоа се спонзори и мораат да имаат фајде од таа емисија,знаеш ли ти колку чини да се изреновира една таква куќа пред распаѓање,а не е една таква.Со самото тоа што тие даваат бесплатно од своите производи имаат бесплатно рекламирање. Тоа што ги има на тв не ги прави помалку хумани!
Додека беа мајсторите на чело со Слобо-2011 година ; со Зоран-2012 и сега со Урош 2013. Зборот ми беше,емисијава траела 3 години помагајќи некого.3 години обидувајќи се да измамат насмевка на нечие лице. Секоја им чест!
Навистина секоја чест за организаторите на емисијата и за мајсторите(секако и за водителката).Од рушевини прават вистински дом,на оние што најмногу им е потребно. Треба и кај нас да се направи некоја таква емисија за преуредување (не зборувам за Ајде дома-тие се само за преуредување) туку за помош на сиромашните.Сигурно би можело да се изведе,од толко многу македонски фирми ке се најдат некои спонзори.
Ја гледам емисијава и баш ми се допаѓа. Мило ми е што со реновирање на домот им се помага на оние на кои што тоа им е потребно. Би било добро кога и кај нас би имало ваква емисија.
Ја следам емисијата и можам да кажам секоја им чест. Им помагаат на семејствата на кој вистински им е потребна помош.
И јас ја гледам емисијата секоја вечер,ако случајно ја пропуштам обавезно репризата ја гледам Супер што помагаат на луѓето кои немаат убав дом и добар живот,би требало и кај нас да направат нешто вакво и да помогнат.Се е добро,само сега сум малку разочарана што го нема Зоки со неговата екипа,не ми се толку интересни овие,а водителката е супер.
Оти тоа е друга сезона, сега со Урош е најновата сезона (веројатно е најнова) од 2013 год. Јас така разбрав.
Овој што е раскажувачов многу ме нервира. Нема ни интонација, ни емоции. А и зошто зборува во прво лице? Некако неприродно ми делува.
Ја сакам серијава и редовно ја гледам. Пак ќе кажам, браво за тој што му текнало. Значи имаш спонзор што се рекламира (наместо да плати за реклама, дава од своите производи и реклама добива низ многу гледана емисија) Им се помага на луѓе што неопходно им треба помош. А од друга страна на продуцентите им е гледана емисијата. Но во последните емисии наоѓам една голема замерка. Премногу пред камерите се експонираат децата. Тоа не е во ред. Како даваат изјави, па немаме пари, многу ни е тешко, цело купатило ни е со мувла, машината не работи. Се приметува дека им се посочува што да зборат. Мислам дека не е во ред децата пред камери толкави изјави да даваат.
Супер емисија,редовно ја гледам,уствари ја гледам кога ке ми текне дека ќе даваат. Туку,се е убаво во емсијава само Зоки да ми го вратат,уствари целата стара екипа си ја сакам.Старата екипа со Зоки ја правеше емисијава комплетна,Зоки ширеше некоја позитивност во целава емисијава,многу пријатен и шармантен човек,наискреније.Не дека е битно,ама поубаво е за гледање нели ? Тамара многу добро ја води емисијава,и нешто што ми се допаѓа е нејзината искреност.
Без разлика што си праат реклама Цересит и останатите, подобро вака да ги трошат парите за маркетинг него да пуштаат реклами по тв.