Емисијава ја гледам кога ќе ја начекам и знам да си заплачам затоа што знаат да ме расплачат некои животни приказни
Прекрасна емисија ја гледам редовно и ногу ми се допаѓа,зошто и во македонија не направат една таква добрина на оние кои неможат да си обезбедат подобар живот
Хахахах во Македонија вакво нешто само на сон Иначе мислам дека емисијава е супер ги имам изгледано сите епизоди на youtube
Чекајте малце бродовите на вардар и уште некои споменици да се доправат,па тогаш ке размислат за подобрување на животот на посиромашните. Ајде,па подобро да инвестираат за уште еден александар македонски,отколку за ова,пф...,многу ли е битно да им се помогне на оние што ги бие промаја и што се гушат од влага?
Дознав нешто ново за емисијава.Епизодите се повторуваат бидејќи во Србија емисијава ја даваат 1 неделно а кај нас секој ден од неделата, и треба да снимаат нови епизоди.Епизодите ке бидат снимени за помагање и правење на куќите од поплавите во Србија.
А нели има една македонска шо ја даваат на телма или алфа ли беше? Иначе не ја гледам емисијава и не сум запознаена во детали али сепак е хумано дело Иначе еве во моментов има на ТВ
редовно ја гледам емисијава..и многу често плачам на накој приказни но ми недостасува зоки и неговата екипа овие некако многу досадни ми се
Секоја чест за емисијата.Колку ми е мило кога гледам дека се уште има луѓе кои се трудат да помогнат некому
Треба малку да "украдеме" од другиве држави нешто паметно и корисно, ете да скокнеме една турска серија и на нејзино место да иде ваков тип на емисија, наменета за оние на кои им е потребен топол дом. Навистина браво за иницијативата, брзината, корисноста, хуманоста и желбата за помош на сите оние кои учествуваат. Во денешно време, навистина е тешко да успееш да усреќиш некого, особено кога нивната желба и потреба е голема и на моменти неостварлива. Кога немаат покрив над глава, зарем би имале желба да се будат секој нареден ден. Да не зборувам дека финансиите си го прават своето.. Е вакво нешто му е потребно на нашето општество. Јавноста да им обрне внимание на оние кои сите ги заборавиле. Целииот трошок да го подмири државата, и сите да видиме дека насмевката е повторно вратена од таму каде што одамна била заборавена.
Прекрасно нешто, ама нашиве крадатсамо тоа што нив им одговара (такви емисии). А не им текнува нешто во овој стил. Браво за акцијата идеата, браво до спонзорите! Едноставно емисиите им се преполни со топлина,емоции и големо срце со хуманост!
Оваа емисија е прекрасна. Штета што на нашиве му текнува само да откупуваат а не да направат сопствена емисија. На сите телевизии има по некоја емисија од пинк
Редовно ја следам и конечно една фина, хумана емисија без глума и преправање за пари, туку за правење добри дела, ем реклама за фирмите кои учествуваат, немам зборови... полн погодок е и Тамара, водителка на место, прибрана, стабилна, фина, мила, со големо срце, пред се хумана, а сепак убава - што е тешко да се најде меѓу водителкиве на денешницава. Едно огромно БРАВО за емисијава, и еве јавно ќе дадам предлог да се започне вакво нешто и кај нас! Верувајте, ќе биде најдобрата емисија што постоела во земјава...