Ја пребарав цела тема образование и не најдов ваква тема затоа решив јас да отворам Имам желба уште одамна да завршам курс за фризерка, но бидејќи одев тогаш уште во средно го оставив тоа за покасно Сега ме интересира Ваше искуство, сознанија, информации и се што е поврзано со овој работнички универзитет се надевам дека ќе се развие една убава дискусија на оваа тема. п.с. ако има ваква тема слободно клуч Поздрав феминки
Мене ме интересира дали вреди да посетуваш курс за фризер, кој чини околу 17 000 денари, во смисла на тоа колку можеш да научиш од тој курс за да можеш во иднина да работиш како фризер, или истото можеш да го научиш и од видеа на интернет и со малку повеќе практика на косите на домашните како фризерски жртви? Ако може некој од искуство. И апел до премиерот, ако дава можност за преквалификација нека даде курс за фризери бесплатно Поттикната од големата заработувачка на фризерките, не на сите, на оние кои вложуваат во себе и својот бизнис, се полнат со пари а не ние тука скапавме до кога да земеме диплома а сега скапуваме седејќи без работа и нервирајќи се додека преку врски се влегува на буџетска плата.
Имам истражувано во врска со ова, и на страната на универзитетот има информација дека со завршување на курсот за фризерка (поточно и на сите курсеви што се држат таму) се добива диплома која е призната кај нас и во странство, значи може да се започне свој биснис или да се вработи во постоечки. Е сега во однос на тоа колку можеш да научиш, не сум информирана, затоа и ја отворив темава, да размениме искуства и информации со тие што го имаат посетувано овој курс
каква диплома бе призната во странство .. сестра ми беше на тој курс за фризерки и дури и за козметичарки беше... курсот ти е буквално џабе фрлени пари .. ако знаеш да фенираш и да ја навиткаш косата подобро не си ги троши парите... само тоа ќе те научат ништо друго... и така сестра ми незадоволна од таму продолжи кај Леонтич и навистина е скапо но парите вредат што ги дадеш.. значи од шишање до нови фризури до шатирање.. СЕ... значи СЕ те учат што треба да знае една фризерка.. ти си знаеш ама мој соет не си го губи времето таму
Некој друг да го каже своето искуство во врска со фризерскиот курс во Кочо Рацин? Дали вреди курсот....?
Здраво оддамна немало дискусија на темава ме интересира дали сеуште постои универзитетов на интернет неможам ништо да најдам.. Фала ви
Последно видов на фб за уписи за курсот за фризери од јануари 2019. На оваа страна не загледав. До сега ја имам отворано ама никогаш нема ништо ново и не е средена, можеби само така си стои.
Мене ме праша една пријателка, па јас вас да ве прашам. Дали има некоја искуство со „медицинскиве курсеви“ и како сте задоволни од тоа што се учи, како иде полагањето и колку пати во неделата има предавање и било која друга информација во врска со Универзитетов е добродојдена. Фала ви.