Happy girle I jas ja imam istata za prvoto since stvarno e zakon,si ima dovolno kolku sto treba onie bitni momenti od prvata godina na najmilite Cela mi e popolneta osven sliki nesakam da ja upropastam lepejki,pa planiram album da napravam spored nea Za vtorovo since bas takva nemozev da najdam niz gjorce I leptokarija Ama utre ja angaziram svekrvica da bara
и јас мислам дека радосницата што happygirl ја има прикачено на нејзиниот пост е најдобрата радосница што може да се најде на нашиот пазар. симонатино јас ја купив во матица пред едно 3-4 месеци, пробај да ја најдеш таму.
https://www.facebook.com/becutan/app_325937947539609 видете на фб најдов од бекутан има онлине радосница, интересно, ние си ја пополнивме
Побарав во малиот принц нема, во веро и тинекс не ми се свиѓаат,се последни се останати и оштетени, влегпв уште во 2/3 продавници ама нема. Каде на друго место би можела да ги најдам?
^освен во центар каде на др.место има Просветно дело, знам имаше порано и во аеродром вчера поминав гледам веќе нема.
^^ Е за ова незнам, не сум од Скопје, ама имам гледано во ПД во нашиот град, а верувам во Скопје е доста по снабдено, само некоја феминка нека ти каже каде точно да го бараш. Се сеќавам имаше во две бои, на розе и плаво Едит : Eве овде имаш кај имаат книжари, се надевам ќе ти помогне http://prosvetnodelo.com.mk/kontakt/ Еве ги и радосниците
Кога видовме дека постои вакво нешто ептен креативно ни се виде, па ја купивме оваа сината на Просветно Дело. Многу убава работа е во секој случај за детето кога ќе порасне утре, а и се засилуваа онаа емотивна врска меѓу детето и родителите воопшто.
Јас имам 3 радосници едната е германска Оваа ја добив на подарок од мојата драга girl1985 Иста ваква добив исто и од другарките Сите 3 ми се подеднакво драга , и ми се распишани ! Драг спомен за детето кога ке порасне
Можете да биде многу креативни со ова, значи во ова време што не се наоѓа на интернет и општо и надовор од државава. Интересна е книгичкава, али јас би играла малку поинаку. Би си купила една голема тетратка со спирала и би си принтала различни содржина од нет и би си ги лепела, со слики, со цртежи од децата, прв збор итн. Не е за парите, туку вака е пооригнално и што знам мене ми е поинтересно. Јас имам нешто слично, албуми со слики, ама класифицирани по години, и позади секоја слика, локација, време и повод за сликата на неа како на пример прва посета на Золошка, во парк, роденден на овој на оној, така едно 5-6 албуми големи има полни само со мои спомени. Си ги чувам и ден денес ги отварам и се смеам многу. Затоа не ми се свија некогаш технолошкиов прогрес, никој не вади слики, сите во комјпутери/таблети/смартфони чуваме слики, а така сликите немаат душа. Еве некои идеи: Спојлер
Јас ја имам радосницата од издавачка куќа Феникс. На сликата има машко бебе. Внатре има страници за да се запишуваат податоци за детето додека да почне во прво одделение. Има и простор за лепење на слики од родендените на детето.
на младинска книга радосницата ја имам јас. многу е убава и содржајна. за да ја видиш како изгледа врати се на страна 2.
ја видов и реално од неа на форумов се најмногу задоволни веројатно е најдобра... фала ви, таа ќе ја купам
Денеска сестра ми пријтно ме изненади, ми ја подари оваа радосница Спојлер Ептен е креативна а и има мн за пишување, ја опфаќа детално првата година
ја нема во матица, јас ја нарачав преку дилер ако сакате да ви дадам негов број? или еве сега на ФБ најдов имаат група со нивен број за нарачки- https://www.facebook.com/NaracajKniga