Уште не сум направила и врска немам со што може да се направи. Вртев наназад низ темава и не се сеќавам, мислам @mariz имаше пишано дека со кармин правела и на лист од блок го направила, па со лак за коса за да не се размачка.
Јас правев со темперни директно шлакнав нерастворени и не испадна лошо, оставив да се исуши убаво и не остава отпечатоци на другата страна
@Butterfly1107 која цена ја здма од cosy...им пишав на инста за цени и виделе не ми одговараат чудно...ти како ја порача или имаат продавница негде? Ептен ме бендисаа
Мене ми се допаѓа и радосницата на Топер. Содржајна е многу внатре, на братучетка ми и ја купив за подарок, се има. На Cozy ми се исто преубави ама ме нервира што се со спирала страните Утре дете да ми ја фати ќе ја искине сенкундарно. Нема ли можност да ја направат како книга без спирала?
Дете ако ти ја фати ќе ти ја искине и другата . Има една жолта од просветно дело. Неа не може да ја искине
Ајде жени убави која радосница да ја земам? За поклон е на другарка што ми е како сестра, ама мора да е најубавата Линкови слики..се прифаќам
Абе и јас ја читавпред да пишам ама дека секој ден нови чуда има си викам нешто да не има најнајново плус и на розево
На топер најубава ми е мене, се мислев,мислев, гледав на крај таа ја земав, а таа жолтата никаде ја немаше, башка оваа е поубава и на изглед за поклон. Ако сакаш слики и од внатрешноста ќе ти пратам по пп
Дали има можност да се нарача на Топер радосницата некаде онлајн? И од каде ја купувате во Скопје? Кај има Топер?