Топее има во Гтц, на друго место не знам, а јас од Локо Кроко ја земав. За онлајн не знам, мислам дека Л.Кроко вршат достава.
Дали може тие што имате радосници на Топер, cozy и од три- Добре дојде мило, да ми сликнете внатре како изгледа многу ми е важно.
Здраво, јас се породив пред 3месеца и на поклон добив дигитална радосница. Преубава е и се е опфатено. а плус и може да се користи на мобилен или на лаптоп кое што ми олеснува многу работи, не мора да принтам фотографии. Ја препорачувам, преубава е https://www.radosnica.mk/
Јас си ја купив пред недела дена и почнав да ја потполнувам, преубава е. Треба сите да ја имаат. не е воопшто скапа 299мкд и тоа се плаќа еднаш и ја имате за цел живот плус мислам и дека може да се испринта откако ќе се потполни.
Радосницата на Топер моментално ја има во нивната продавница во ГТЦ. Нема многу примероци, некоја стара залиха е во прашање.
Така е Оли, нема потреба од повеќе. Јас дури од љубопитство ја отворив веб страната да видам каква е таа дигитална радосница, баш ме зачуди досега не сум видела ниту чула за такво нешто. И да ти кажам право се изненадив, многу убаво е направена, да не речам светски! Има многу предности, дури мислам и да се претплатам. Може ли некој што ја користи да сподели искуство!?
Не е исто кога веќе ја имаш во печатена форма, на дигитален како ќе ставиш отпечатоци од ноже и раче на бебе? Друго е кога си лепиш слики, друго кога прикачуваш. Меле лично не ми се допаѓа
Се "заиграв" да направам профил и да ја разгледам. Бар првите страни кои не се плаќаат. Е сега, не ми се допаѓа што е онлајн, а не апликација, бар јас не видов дека може како апликација да се симне. Вака пишуваш куп лични податоци, ставаш приватни слики онлајн. Од каде знам од аспект на безбедност, каде сето тоа може да заврши? Идејата не е лоша, ама има многу пропусти бар за мене лично.
Мајки ве молам ако знаете кажете ми кај да ја најдам оваа радосница во Скопје?На повеќето место ја нема на залиха