1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разбирање или критики за живеењето со домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од anuskaNESTLE, 20 јуни 2013.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ја пребарав цела категорија и не најдов ваква тема а верувам дека е неопходна и баш ме интересира во каква ситуација сте вие што чувате домашни миленици и дали наидувате на критики за заедничкото живеење/спиење со домашните миленици или наидувате на разбирање.

    Пред се сум инспирирана од послената личност -дечко ми, кој ми беше на гости 4 дена дома во Неготино.
    Јас сум личност која обожава животни. Имам чувано различни, уште егзотичните ми останаа да ги придомам, а ако ми се пруже шанса - верувајте нема ни да се двоумам, бар додека не пораснат.
    Последно животинче ни е куче, пит бул.
    Брат ми го зема како мало кога имаше 2 месеци претпоставувам да се чалами и да се дига, као демек видејте ме пит бул имам, и тоа во нашиот мал град - каде расните кучиња (а посебно па ова кое гласи како агресивно и страшно) се привилегија да се чуваат.
    Но, нашиов пит бул е права пудла. :) Брат ми не му се упулува - завртува да го гледа, така да кучето си израсна со моите родители и со мене, но јас на 3 недели си идам, така да тие ја имаат заслугата за неговиот најмил и пријатен карактер. Толку е среќно, весело скока и сака да си игра со сите, одма прифаќа непознати и никогаш не се загнало на никој без причина, дури и трча да им скока на непознати да го погалат, да го мазат а тие мислат дека па сака да ги апне, но и тоа се разбра низ градот каков е тој па сите го обожаваат и идат секој ден различни деца и луѓе да си играат и да го видат.

    Нашето куче го чуваме дома. Првите 2 - 3 месеци го чувавме надвор, во куќа голема, му ставивме наши алишта со наш мирис, да не лае, да не чувствува како таму да сме, топло да му е, и во денот да не претерам едно 30 пати мајка ми се симнуваше кај него. И откако дојде ладното, пошто беше мало со татко ми решија да си го качат горе на спрат и да го научат на вршење нужда надвор и да си живее со нив се додека не помине ладното па да го вратат во куќичката негова.

    Но, како тоа растеше, ние сите се навикнавме да живееме со него, да спиеме со него. Стана незаменлив за нас.
    Не ни праве никакви нереди низ дома, не јаде не грицка мебел ни пак оди во нужда, освен на почеток, но го истрениравме, како бебе ни е, си спие додека ние спиеме, ни еднаш не станува до вц, кој и да стане, станува и тој, миже и оде ќе го испрате до вратата па ќе оде до некој друг да спие. :)
    Преку ден во двор си трча, го шетаме, си игра, и секој ден го чистеме со влажни марамици и со специјална четка го чистеме мебелот и теписи каде има.
    Нас, посебно на мајка ми, пошто таа е со него 24/7, не работи туку е домаќинка, не ни е воопшто проблем, ни терет живеењето со домашното милениче - куче во нашиот случај.

    Наидуваме и на разбирање и на многу критики од околината.
    Ќе пишам за критиките, поточно со најновата, изразена од страна на дечко ми, а воедно и другите се слични од некои роднини или па некои пријатели - иако се поретки критиките, сепак допираат до мене, и посебно до моите родители кои го обожаваат кучето.
    Според дечко ми, тоа е сепак само куче, кое не треба да се чува дома, не посебно сега кога пораснало, си има куќа и место големо само за него, и требало таму да биде, а не да трча и да леже низ куќа, на скапиот мебел да го правело влакна или па да ни додева кога му се игра, да не влече по нога и рака и ние да сме го слушале како да е дете. Не личело на ништо, кога сме јаделе да сме му давале и од нашето јадење и слични такви работи.

    Според мене, луѓето кои осудуваат вака пред се, немале или не сакаат домашни миленици, никогаш не чувале и не знаат за таа несебична и најверна љубов која ја чувствуваме секој ден, а која е се поретка на овој проклет свет.

    Можеби е само миленик, не е човек, но тоа куче, ме има лижено по рака и нозе цел час додека последен пат плачев и ме гледаше така тажно со тие големи очи како да ме разбира и да ми вика - не плачи прекини.
    Толку многу разбираат, уште да преговори мајка ми вика, но не ми треба мене да преговори, јас го разбирам се со неговите потези и погледи.
    Истото е и со моите мачки, од кои две имам во Скопје, а една во Неготино.
    Дечко ми пред се не сфаќање, ги мразеше, се додека не ги виде малите мачиња што ги роди, и го осовија, па посака да однесам едно во Скопје и однесив, а друго тој од патот го собрал и сега двете си ги чуваме.

    Не навредувам никој, не осудувам никој, некои сакаат, некои не сакаат животни.
    Јас ја отворив темата за сите кои чувате дома миленици како мене, да пренесете искуство од вашата околина, на какви разбирања и на какви критики наидувате.
    :)
     
    На Daydream, ЈеленаЏиш, BoaVista и 13 други им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Критиките најчесто доаѓаат од луѓе кои никогаш не чувале домашно милениче и не можат да го разберат тој однос. Таквите луѓе кучињата, мачките и останатите миленици ги гледаат како животни, а ние како членови на семејството.

    Искрено, не ми е грижа кој што ќе каже (а најчесто добивам критики за тоа колку скапа храна сме и купувале, па морало ли со посебни шампони да ја бањаме, леле па како сме можеле во иста када и ние да се бањаме, 600 денари за ампули се дава ли, па мора ли на ветеринар да се носи за се нешто, кутре е ќе му пројде и слично).

    Мене повеќе ме погодуваат реакциите на луѓето кога ќе ја шетам.
    Баш пред извесно време еден комшија од прозор почна да се расправа со мене зашто кутрево му душкало покрај оградата. И ми се обрати буквално со овие зборови: Девојко, може ли да не го мочаш и сереш кучето тука?
    Најтрагичното е што моево кутре само душкаше, а и нема никакво право да ми се дере затоа што тротоарот не спаѓа во неговиот двор. Освен тоа, со мене секогаш носам мали кесички, па и да се случи нешто такво, културно ќе го соберам и ќе го фрлам во канта.
    Со такви луѓе немам намера да се расправам, единствено на комшијата му реков: Јас кутрето го шетам за задоволување на неговите физички, а не физиолошки потреби.
     
    На A-j-a, ubavi tazni oci, BoaVista и 8 други им се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    За ова мислам е многу тешко да се расправаш. Според мене постојат два типа на луѓе, тие што чувале и што не чувале домашни миленичиња.

    Јас не можам да си го замислам животот без мачките. Мислам буквално, во Италија кога бев прво прашање при јавување беше како ми е мачката? Мачката ми спие покрај нозе, ми лежи на стомак кога ме боли, ми прави друштво со утринското кафе и сладолед. На луѓе што чуваат миленичиња јасна им е радоста некој да те пречека дома, да ти се израдува и да се чешкате и галите.

    Не ги осудувам оние што не чуваат миленичиња, тоа е личен избор но имам приметено безброј реакции кои не се основани. Како во се, и во чувањето миленичиња има добри и лоши сопственици. Некои кои си собираат по кучето, некои кои го оставаат во лифт да мочка (во зграда ми се има ова неколку пати случено). Ама јас да му солам патем на некој кој ја превземал одговорноста за нечив живот не можам, нели? Со кучињата еден од најголемите проблеми е тоа дали се на ланец или не, ама пак ќе кажам тука зависи од газдата. Ако јас знам дека моето куче во одредени ситуации побурно реагира сигурно нема секаде без ланец да го шетам. Но тоа сум јас.

    Единствено нешто што би сакала е да се отстрани тоа мислење кај многумина дека домовите на тие што чуваат миленичиња се прљави и несредени и секогаш однекаде може да ти рипне некое животно. Пак ќе кажам зависи од домаќините. Нашите мачки на пример, секогаш кога ни доаѓаат гости си одат да спијат во спална, поопуштени се само со луѓе кои навистина ги познаваат. И речиси секаде каде што сум била на гости кај луѓе што чуваат миленичиња ме прашале дали ми е страв, за да знаат дали да го тргнат во друга соба кучето или мачката. Исто така со сигурност знам дека и ние, и наши пријатели обрнуваме внимание се да биде чисто, со триста ролери и чуда сме за влакна.
     
    На sweet-cherry, Lella, kikkki и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Stronglady

    Stronglady Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    И јас чувам милениче-куче и најодговорно тврдам дека за да се одржи хигиената во домот потребни се некогаш и натчовечки напори.Тоа подразбира секој ден собирање на влакната со правосмукалка некогаш и 2 пати..бришење на подот со дезинфекционо средство и сл.
    А посебно е одржувањето на хигиената на кучето после прошетка 2-3 пати дневно,јас моето после секое одење надвор право во када и шепите под туш со шампон..бришење со пешкир и после може кај сака да оди.
    А критики отсекогаш имало... од надворешни критичари некако поретко , барем во мојот случај или пак јас не сум им обрнувала внимание, затоа што надвор внимаваме никогаш не го пуштаме слободно каде има деца, не дека е опасно ама многу е големо и трапаво и може да бутне некое дете несакајки, после какање најчесто собираме ( иако и тука не се согласувам затоа што сепак се работи за органска материја - кучињата најчесто вршат нужда во трева која на тој начин природно се ѓубри).
    Мене повеќе ми сметаат критиките од блиските од типот па како му дозволувате да лежи на гарнитурата во дневна,па големо куче се чува надвор а не дома и сл. и навистина ме нервираат ама пак од друга страна некако критиките од тие луѓе ми ја потврдуваат нивната тесноградост и тесноумост : lol: :lol: :lol: ( леле зборовиве последни за во речник ми се ).
     
    На Lella и kikkki им се допаѓа ова.
  5. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Пред да го купиме ние нашето куче, татко ми детално прочита се живо за него на интернет. Голема предност е тоа што не се митари, нема мирис и не претставува проблем да се чува дома. Една година беше со нас, ама од икс причини моравме кај дедо ми да го преселиме. Зборов ми е, првите 2 месеци додека го научивме само да оди долу пред зграда и да врши нужда беше тешко, ама после не ни приметував дека имаме кученце дома, а живееме во стан.
    Со кого и да зазборам за тоа, ме гледаат зачудено, у смисла: "Лелеееее дома чуваш куче." Како мечка да ми шета по дома. Па чувам бе, чувам, убаво ми е, мило ми е, ми го разубавува денот, позитивна енергија шири дома.. Скрос е подруго. Тие што не чуваат животни дома, а побитно, не сакаат животни жал ми е ама нема да можат да ја почувствуваат таа радост. Они си губат. И не мора да ме гледаат зачудено, чисто ми е дома.

    .
     
    На Lella и mil4ence им се допаѓа ова.
  6. Crystals21

    Crystals21 Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    64
    Јас обожавам животни и сакам да живеам со нив. (со сестра ми имаме мачка, тука сум ја постирала преку слики) Само што немам толку многу доверба во неа... страв ми е да ја остававам навечер внатре зошто може да направи дома лом! (живее и надвор и внатре) Поради тоа што сум така... многу... „педантна“ да се каже, не сакам да ми биде ништо оштетено од домот. (11 години сум, ама мала домаќинка сум) :D

    И, мислам дека е убаво да се чува миленик, ако е воспитан да не троши пари многу на нови гарнитури. (со тоа што ќе ги распарчува старите) :D
     
  7. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    За ова треба доста работа.
    Грижа околу нив, околу нивната хигиена и хигиената дома.
    Јас имам куче и имам проблем со влакна..мора правосмукалка многу често, мочкање и какање ама кога се тоа ќе се спореди со искрената љубов која ја добивам од него...се е небино.
    Секое сабајле галење, ме исраќа тажен, ме дочекува рипајќи околу мене, ме орасположува кога сум нерасположна, цело време ме смее со неговите глупости.
    Па заслужуваат повеќе љубов и почит отколку луѓето и секако препорачувам да се чува дома!
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ова е вистинското место за да ја критикувам психичката агонија која му ја сервираат комшииве на агресивното куче. Агресивно е со право и потреба, не верувам дека е тесно поврзано со расата, немам такви предрасуди.

    Чувањето домашно милениче за мене е еквивалентно со родителство и одговорноста кон детето. Не верувам дека се' се сведува на добра храна и синџир. Покрај редовно бањање има потреба од редовни прошетки, како и посета на ветеринар.

    Претходното куче кое го чуваа беше украдено, а тоа што го имаа пред минатото солидно ја искаса свекрва ми и направи рани по телото и доживотна фобија од кучиња. Се скинал синџирот и ја нападнало без повод ( барем не во даден момент, верувам реакцијата беше затоа што беше третирано на одреден начин, бес собран низ времето ). Било многу агресивно особено во близина на луѓе. Тие уште не превземаат ништо во врска со тоа, двете кучиња кои ги земаа после тоа ги чуваат во исти услови. Крајно време е да пријавам во служба ( ако постои соодветна ) да им предложат да го чуваат во бокс, затоа што е многу агресивно, а таквата агресија наместо да ја средат и да ја гледаат како негативна особина, активно е поддржана од нивните незрели деца кои симулираат борби со кучето.

    Кој каде го чува миленикот е негова работа, побитно е како и дали се грижи за негово добро и каков ефект има неговото однесување врз околината. Не е убаво кога мораш да се разбудиш рано сабајле а цела ноќ под прозор лае кучето на неодговорните сопственици.

    П.С Удомив две мали мачиња кои ги чувам надвор во импровизирана куќичка во одлична состојба, отпорна на временски неприлики. Неможам да си приуштам соодветна храна, но задоволни се со туна или млеко :) Често и сами си ловат глувчиња.
     
    На Crystals21 и Lella им се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Критики и осудувања колку сакаш, сите тие се од луѓе кои мразат животни и кои никогаш не чувале животни.
    Јас чувам куче но моето е навикнато поголемиот дел од денот да го поминува надвор во двор, си има и куќичка и бокс и сите комодитети ама упорно сака да спие на терасата и да се пече на сонце во тревникот. Навечер за спиење обавезно дома, кога врне и грми мора да е дома. Кога е дома тоа беше хорор филм за мајка ми, само вика, мрчи, и мирисало, влакна имало и милион причини додека не се навикна дека ништо од тоа не е вистина. Кога се внесува внатре обавезно шепичките и ги миеме, а многу е мирна по дома само си легнува на нејзиното место (фотелјата) и си спие. Кога ќе дојдат гости е друга приказна, премногу ги замара, им прави здраво со шепата и после ги гњави за да ја галат, мора да биде во центар на внимание, а ако ја запоставиме или ја оставиме на тараса додека има гости збеснува додека не ги издушка сите да види кој е кој. :D Тука се и најголемите испади од гостите, вриштење, некои се плашат, сите се чудат како може да ја внесуваме внатре, големо куче било за надвор, ќе оставела влакна, 300 болести ќе сме фателе и слични глупости.
    Незнам пред се тоа се луѓе кои не ја разбираат таа љубов и поврзаност со миленикот, ги гледаат само како животни и се чувствуваат над нив, како да имаат повеќе право да бидат дома одколку едно куче. Имаат глупави, неосновани фобии и предрасуди дека може да фатат болести од миленикот кој се чува дома, дека е нечисто. Сум слушала и коментари од типот како дека само трошок било кучето, а немало никаква корист. Како сум можела да поднесам да ми диши во иста просторија со мене и такви работи.
    Не обрнувам внимание на таквите коментари, јас си знам како ми е и колку ми е убаво, оние кои никогаш нема да се запознаат со тоа чувство ги жалам затоа што ќе пропуштат многу во животот.
     
    На A-j-a, Daydream, anuskaNESTLE и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    ^Bash istiot problem si go imam so majka mi! :rofl: Smrdela mnogu! :D I vlakna pushtala (da da sigurno).

    A denes dodeka ja shetav Beki, me zastanuva edna zhena i me prashuva zoshto nemala maska na muckata, odgovaram deka zakonot e samo za agresivni kuchinja, zhenava mi vrakja "vo kuche verba nemaj!". (Fraza shto ja slusham so stoti pat btw) Pa i objasnuvav deka ne mozhe kucheto da napadne bez prichina, zhenava ne i ne, nekje da slushne... vika imala sharplaninci i i skoknal nekoj na igra (pazete, go zema kako primer za agresija, a samata napomena deka bilo igra). Vika im teknuvalo taka na kuchinjata da napagjaat... se gleda kolku znae i kolku se grizhi za kuchinjata... Beki mravka ne bi zgazila, a chovek da napadne? :x

    I eden interesen fakt: Povekje opasni bolesti prenesuvaat karasite odkolku kuchinjata. :geek: A shto e najinteresno: Kuchinjata go zgolemuvaat imunitetot na decata vo rast i razvoj. ;)
     
    На Arthur, 1209, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Ќе ме праша некој: Чуваш милениче?
    Јас одговарам : Да, куче.
    Надвор го чувате?
    Не, внатре.
    И следува: |(. Па како можете внатре да го чувате, влакна нели имате насекаде, па нели смрди, како дозволувате, и внатре нужда да не врши, па постојано вдишувате влакна, како тоа по мебелот ли ви лежи, некоја болест ќе фатите...
    Јас на тоа одговорам дека и со нас во кревет спие, па нека ме гледаат чудно, баш ми е гајле.
    Секако дека кога беше мала, мочаше и какаше :lol: внатре, ама ја научивме и оттогаш, тоа се прави само надвор. Не станува во никое време да оди надвор, се знае, ние стануваме, станува и таа. Е, сега се разбира дека понекогаш морам и да ја пуштам среде ноќе, зорт е, се случува. :lol:
    Секогаш кога ја шетам некаде, по враќањето внатре, шепите обавезно под вода, да се измијат убаво.
    За јадење не и купуваме посебна храна, јаде она што го јадеме и ние.
    А, често наидувам и на критики, па со вас ли јаде, како можете додека јадете да и давате и на неа.
    Па, јас кога гледам телевизија и грицкам нешто, таа седи до мене на креветот, не гледам ништо чудно во тоа и заедно јадеме.
    Постојано ја гушкам, ја бакнувам, не гледам ништо лошо во тоа.

    Целата грижа околу неа не ми претставува никаков проблем. За возврат добивам неизмерна и искрена љубов. Го знаете оној поглед кој го добивате кога сте тажни, кога плакате? Оној поглед полн со милост, кој ви дава знак да не се грижите и дека се ќе биде во ред?
    Она чувство кога си доаѓате од некаде а кучето ве чека нетрпеливо и се радува? Е, мојата моча од среќа кога ќе види некој од домашните.

    Не, не е само куче кога се будиш со него и кога денот без него не ти почнува. Тоа ми е најдоброто другарче :D.
     
    На A-j-a, Arthur, Sunflowers и 7 други им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Вакви па од такт ме вадат коа се мешаат у штипки. Ти си шеташ куче и она од нигде негде доаѓа и те замара зашто немало маска. Жено ај одј*би! Колку и да се трудам да бидам културна со ваквите едвај се воздржувам и на крај пак одговарам дрско да си брка работа и да не ме замара.
    Многу си зимаат заправо луѓето, а најчесто тие се оние кои треба да имаат маски на устите. Нареден пат одговри така па ќе видиш дали пак ќе и текне да те праша.
    Неписменоќа...
     
    На glosipgirl, Daydream, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас нашиот питбул ни еднаш во животот го немам шетано со маска, пред се заради тоа што тоа ќе биде право мачење за него, и второ зашто не е агресивен без причина. Он не е научен на тоа од мал, и нема сигурно на 2 години да му ставам маска или па со ланец да го врзуваме во двор, тоа нема шанси! И го шетам на место каде што се ниви, значи да се издува, и по улица која воде накај едно село, пошто живееме на крајот од градот, и има улица голема со шеталиште за накај едно село, и тука секој ден го шетаме, врзан нормално, секој пат, но никогаш со маска.
    До сега никој не ни рекол ништо за маска, туку го тупат ЛЕЛЕ КУЧЕ, ТРГНИ ГО ЛЕЛЕ ТРГНИ ГО, СТРАШЕН Е! Или па девојче шо си го пуштила толку ланецот (ланец читај пола метро за до мене одма да си се движе и пошто имам разбирање дека повеќето кога ќе го видат се плашат, малото кутре има подолг дека е потемпераментна и сака да трчка побрзо па да не се загушува).
    Порано преќутував на ваквите коментари, но пошто има многу баби или некои други личности што пешачат чат пат по оваа улица, кога ќе ми кажат вакво нешто за да сум го тргнела да поминеле им враќам - Ако ти е страв тргни се ти! И тоа баш дрско и директ си продолжувам пошто навистина претераа со глупите коментари. Има едни две баби, и ко за беља еднаш неделно мора да ги сретнеме, и застануваат, се гледа дека не озборуваат, и се пикаат у нивата буквално за да поминеме ние, а ние зафаќаме 1/3 од тротоарот, небитно тоа, битно они да се испуфаат дека ги страв и дека кучињата им се одбивни, а мене еден ќејф што ми е па, овој мојот си душка, ќе застане некогаш ќе крене нога на некоа грмушка у нивна близина ќе моча или да кака. :rofl: Овие незнаат на која страна да фанат тогаш, огорчени бабетини.
    А инаку дома кога имаме гости, пошто веќе 2 и пол години го чуваме, сите го знаат, и тие што ги страв од него, ѕвонат сеуште пред да дојдат - врзете го идеме, имам едни братучеди или некои пријатели на моите, и ќе им кажиме, ако ви се иде идите, не го врзуваме, пошто порано знаевме доле у двор да го оставиме, ама плаче бре, вратата ќе ја скрше, плаче, зборе пред врата со солзи у очи, а он е толку мил, шо кога ќе дојдат гости само им скока да им се израдува, им пее, завива смешно, најслатко на свет и им подава шепичка, ги гребе по нога, рака ако не го погалат или поздрават, а тоа трае само 2-3 минути да им се израдува само, а овие мислат дека сака да ги апне или нападне, па комедии, додека сите да го научат, прави циркузи бевме, ама сега сите знаат дека он ни е член од семејството и дека нема никакво оставање надвор, пошто еднаш лрена температура од плачење пред врата само саат време шо го оставивме, и сите дома ќе си пукневме од мака, само заради некој шо не сака кучиња, и на крај краева, мама рече, па веќе нека не ни ми идат на гости такви луѓе, не ни сакам дома луѓе што не ми го сакат кучето, не се добри луѓе тие што не сакаат животни.
    А за смрдење, влакна, стандард е тој муабет со сите што ќе ни дојдат на гости (сега зборам за нови некои, старите веќе знаат), веќе се откажав да објаснувам, кој шо сака нека си мисле, јас спијам гушната со моите кучиња, мама и тато спијат со пит булот меѓу нив, брат ми спие со него, јадат со нас, дишат со нас у иста соба и види чудо мајката, уште сме живи. :^) (mooning)
     
    На A-j-a, Sunflowers, Sunshine.Sunshine и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    И ние сме здрави и живи после милион животни поминати низ мојот дом.
    Заборавив да кажам дека сестра ми патеше од алергија и сеуште и се појавува повремено (на пролет), а одкако го земавме кучето после одреден период алергијата како да се повлече. Најверојатно се створи некој имунитет или штознам, знам дека домашните миленици помагаат со алергиите.
    Кога и се јавува алергија кутрево мое знае луѓе и и ги лиже раничките, колку и да ја спречуваш кога ќе и се доближи наоѓа начин да ја лижне на раничките и многу брзо и поминуваат после тоа.
    Колку може да помогне миленичето не се ни свесни луѓево што бегаат од нив ко од ѓавол. |(
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MiaNmaR

    MiaNmaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Сакам животни од мала..имам чувано многу кучиња и сега имам и многу си го сакам :) некогаш е дома, но повеќе надвор бидеќи имаме голем двор. Кога сака дома само си отвора врата и си влегува си седнува на кревет и не мрда хехе е сега според мене не секој е за чување куче дома.
    Имам другарка со која престанав да се дружам како порано само заради што чува куче дома и не не ме напаѓајте одма и јас сум чувала постојано куче дома но за тоа треба повеќе грижа од храна, до хигиена. Кога отидов последно кај неа цела куќа мирисаше на куче, влакна на секаде :puke: кога си отидов неможев да се дочистам башка што цела бев умирисана, дури и комшиите не ги сакаат на гости зошто кога и да им отидеа нејзините родители се со влакна им правеа па после нив тие генералка дома.
     
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Сакам животни. Моментално имаме и куче и маче. Кучето е купено а мачето си го припитомивме ние сами, од малечко. Но без разлика колку ги сакам дома не дозволувам да влезат ни под разно. Едноставно е животно и сметам дека е за надвор. Инаку и двете си имаат куќарки надвор
     
  17. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    I jas mnogu gi sakam zivotnite. Imam pudlicka i ja pustam vnatre, a vo dvorot imam poni konjce so specijalno ureden prostor za nego.

    Sepak higienata doma mi e bitna i cesto ja mijam pudlickata za da moze slobodno da se dvizi, a vlaknata baraat golemo vnimanie inaku stanuva mnogu neprijatno i necisto.
     
  18. MiaNmaR

    MiaNmaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Женски
    Се сложувам бара и внимание и доста кошта апчиња за влакното, правилна храна за да не мирисаат, витамини, шампони и што ли уште не..
     
    На Acisal му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Tocno e. Pravilnata griza bara kupuvnje kvalitetna kozmetika i hrana za zivotinceto koja e obicno so pogolema cena od nekvalitetnite produkti. Nekvslitetnite produkti moze da mu nastetat na zdravjeto.
     
    На MiaNmaR му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Кога ќе спомнеш дека чуваш милениче дома, луѓето кои не чувале досега тоа го замислуваат како куќата да ти е полна со бактерии и болести, на подот не можеш да стапнеш со влакна и слично.
    Сите кои сме чувале/чуваме животно дома сме наишле на овие критики. Да, одговорност е и бара одржување на хигиена, меѓутоа дома секако треба да исчистиш.
    Прва што упати критика кога дозна дека чуваме лабрадор дома беше баба ми. Како кучето не е за дома туку за во двор, па има влакна насекаде, и најбитно, да не сме го внесувале повеќе кучето дома затоа што луѓе заболувале од страшни болести заради куче. :!:(facepalm) Голем дел од роднините размислуваат така и искрено жал ми е што на децата им пренесуваат мислење дека кучињата или мачките се опасни животни во секој случај.
    Како што кажаа и погоре, тоа се мислења на луѓе кои не сакаат или никогаш немаат чувано милениче дома. Никогаш не се сретнале со привилегијата некој да те сака безусловно до крајот на својот живот, и секој ден се' повеќе да те прави среќен.
    За критиките при шетање да не почнувам, треба посебна тема да се отвори за тоа. За некои секогаш ќе остане дека кучињата може да те убијат на спиење, да те каснат заради храна, да ти пренесат болест, дека се непотребно трошење на пари и време. Такви луѓе не ни се потребни. :nod:
     
    На Valerin и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.