1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разбирање или критики за живеењето со домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од anuskaNESTLE, 20 јуни 2013.

  1. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Jaс што го чувам ова куче т.е оваа раса примам мнооогу критики дури ми се приближуваат луѓе настроени онака како да ме натепаат редовно слушам како го чувате ова куче дома ке ве изеде сите ке се разболите смрди влакна а моево куче има влакно од едвај 2 сантима не смрди ггго капам секоја недела вакцинирано и не каса и секогаш кога шетам со него луѓето од спротива едно што се тргаат што разбирам дека на некои им е страв туку даваат и коментари лелел страшен гаден.. и што уште не и секогаш во куче верба немај редовно корпа да си носи и мене ми доага да му речам а тебе да ти ставам корпа за да не џавкаш многу... и тоа е тоа веке се навикнав устата на луѓето не е торба за да ја заврзеш
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Јас на крај купив маска, ама oд оние текстилните. Сега, на истите луѓе што ми пререкуваа за маска им се трие од нозе и сака од нив да ја извади маската. И кога викаат да ја тргам, за инат не ја тргам, да видат дека со маска понапорна е. Епа на ви го сега, колнете ме пцујте ме, моето куче попаметно е од 70% од населението. 8) :D
     
    На Sunshine.Sunshine, crimson и Arthur им се допаѓа ова.
  3. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    ххаахх ке го применам ова и јас зошто и мојов сака да ја извади кога ке му ја ставам ама мојата е метална така да ке ги изгребе јупи ке си имаат спомен од мојот артур
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.220
    Јас сум чувала голден дома, од малечко. Вакцинирано, прочистено и редовно со каивче против болви. И нормално имаше влакна, ама има многу лесен начин да се исчистат. Тоа е како да имаш уште еден член дома, 4-5 годишно дете, кое има плус влакна. Сака да си игра, па да јаде, па да спие, па да се гали. Спиеше на кревет, кај нозете. Мочаше надвор, имаме огромен двор и си имаше едно место каде што мочаше, и тоа го миевме веднаш со вода (по можност жешка). Редовно го бањавме, така што повеќе на шампон мирисаше :) И му стававме од шампони за луѓе, не за животни, оти немавме намера да го носиме по изложби, кучето ни беше за сакање и галење.
    Луѓето кои идеа сите се галеа со него, а пред одење ги чистевме со четка за влакна :)

    За мајките кои не сакаат да чуваат куче или маче заради децата, треба посебна тема да се отвори, оти ке се скараме :) Мој став е дека децата се поимуни на болести кога имаат кучиња, а мајките кои се плашаи од пудли, стравот го пренесуваат на децата. Освен ако татко им не им влее храброст.
     
    На okcenzi, kjukli, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Критики! Само критики упатувам кон дома чување миленици. Сакам куче, маче, ама надвор, дома не.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Местото за чување на животните е надвор од домот. За нивна потреба од простор, а за наше добро здравје и хигиена тоа е некое непишано правило кое не поставува граница меѓу сопственикот и миленикот, а истовремено е обострано полезно.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Зошто?

    Јас сметам дека онај кој не сака домашни миленици, не сака ни луѓе.
    Па како да не го сакаш кога мафка со опавчето, те чека да си дојдеш, се гали, се пика со носето? :l:
    Пораснав со мачки и едно куче, и пред некој месец со мажот ми си зедовме куче.
    Го истренирав да врши нужда надвор и немаме никаков проблем.
    Обесив звонче на врата од каде што стално излегуваме и звони кога сака надвор.

    Си го носиме во канцеларија со нас, мирна е, не прави беља, не уништува мебел и покуќнина, си има играчки за гризење. Вакцинирана е, прочистена, се грижиме за нејзиното здравје.
    Посреќни сме со неа, колку и да е лош денот, кога ќе ги видам тие прекрасни очиња како петличиња се топам. :l:

    Критики имаме од дел од пријателите кои не сакаат животни, и секогаш ја слушам истата песна
    Не ви смрди на кучкојна по дома? :^) (редовно чистам, усисавам, дезинфицирам, ги миеме пупите после шетање). После тоа следи: гризе, уништува, се митари (врска нема, имаме фокс териер и тие не се митарат), предизвикуваат алергии (како да не), како ќе останеш бремена, ќе закачиш некој паразит или бактерија. Песни и басни и бла бла бла, ама не ме интересира, ако некој не сака, нека не зема, затоа што си бараат грижа и внимание. Јас и мажот ми ја сакаме, ја третираме како член на семејството, се грижиме за неа и сме мнооогу посреќни тројцата заедно.

    [​IMG] вака се будиме наутро.
     
    На 1209, Sunshine.Sunshine, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Мора луѓето да се научат да користат термини како: Според мене, Мое мислење, Јас мислам.
    Не можи глобално да кажувате кој како ТРЕБА да си чува домашни животни.
    Јас ако сакам крави дома ќе си чувам бидејќи е мој дом.
    Друго ако имам јас дома куче на никој друг не му е местото да ми „соли памет“ и да ме критикува. Бидејќи пак ќе напоменам- мојот дом си е мој дом.
    Мразам такви луѓе! И ги генерализирам што е за мене ретко. Може најдобар човек да е некој ама кога ќе ми рече лелееее шо го бацваш кучето ќе се разболиш- автоматски ми е 100% антипатичен.
    Кучето ми е вакцинирано, си го прочистувам од внатрешни и надворешни паразити, си го носам на прегледи, си го чешлам/капам. Пола од луѓето се дефинитивно погнасни. Смрдат корнат потојни луѓе па никој не се осмелува да критикува, ама вака можи.

    Конкретно кучето јас си го чував 7 месеци дома, в соба кај мене, в кревет со мене спиеше! И тоа ми беше најубавото време од животот. Но имав проблем поради тоа што останатите членови од семејството не сакаа да е пуштено низ дома, туку само во мојата соба и тој лабрадор е огромен сам затворен в соба дури јас бев на училиште- беше катастрофално! И за него, а богами и за собата моја која ја уништи во многу наврати.
    На крај морав да го извадам во дворот каде што има исто така добри услови, голем двор, не е врзан, има куќарка голема и од дупло дрво, има играчки си трча си лае по луѓе... Подобро е за него што е надвор.
    Но, кога ова би била моја куќа дефинитивно вратите би му биле отворени да си влегува/излегува кога сака и навечер сигурно би спиел во моја близина.
    Оти го сакам и не ми е гнас ни грозно ни гнасно, туку ми е љубов да се грижам за него.
    И искрено се надевам дека долго ќе ми живее и ќе дочекам да си се гушкаме пак навечер на топло со шоља чај и безгрижни игри! Тоа ми е поим за мир!

    И ве замолувам не бидете необѕирни идиоти, многу луѓе си ги чувствуваат милениците како дел од семејството, а не како миленици и со таквите критики коментари делувате исто како јас да одам кај некој и ако нејќам деца да му речам лелееее шо ви требало дете да имате да ви плачи низ дома да ви расфрла. Или не мора за дете да е за било што. Ако одиш во нечиј дом, ќе го почитуваш и домот и целокупното семејство таму оти тоа е општа култура.
    Кучиња и мали дечиња= се најдоброто нешто на светот! Нема никаква опасност ако ви е добро пораснато кучето.
     
    На 1209, Sunshine.Sunshine, BoaVista и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Дојдов да чкртнам една критика околу чување миленик. Поточно за кучиња се работи.
    Секогаш кога шетам МОРА да почне некое мало џавкало да ја клеца ногата на магарицава. Колку и да и викаш на сопственичкава да го врзи кучето, џабе, не слуша, ќе го измачувала кучето ако го врзела, ќе плачело, па умно било. Гледам, госпоѓо, само некако со долниов мозок повеќе размислува.

    Затоа, луѓе што чувате мали кучиња и ги сметате за special snowflakes само заради големината, шетајте ги на поводник и не ги вознемирувајте другите сопственици на кучиња, зашто навистина ме вади од такт таквото однесување.
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Сметам дека кучето како поголемо, е сепак за во двор, додека мачката е за внатре. Сме имале и тоа и тоа. Голем шарпланинец, сигурно немаше до мене да го ставам да спие :D Додека пак, мачката најчесто долу кај нозете знае да си легне, освен кога принцезата решава дека кревотот е нејзин и легнува на сред средина :D