Што се мора, се мора. На година и пол ако имаш кој да го чува, нема потреба да оди во игротека. На отворено море и треба. Сите си имаме некое темпо, и ако твоето наметнало одење во градинка на одредена возраст, не значи дека е правилно. Нема ништо полошо од болно дете.
Добро Мила ,очигледно е дека имаме спротивставени ставови. Велиш на година ипол ако имаш кој да го чува, нема потреба да оди по игротеки. По игротеки не одат децата дека нема кој да ги чува туку одат на роденден кај роднина/другарче,одат да си поиграат со поразлични играчки од нивните дома,да запознаат нови другарчиња,да научат да споделат играчка или да почекаат ред за спуштање на лизгалка. Социјален развој на детето. Не велам дека постои општо правило дека детето мора да оди во градинка на одредена возраст,ама ти коментираш од аспект на родител кој што можел да си го чува детето и после 8м возраст дома. Има мајки на кои им завршува породилното после 8-9м и немаат баба сервис или работа од дома па неопходно им е да го однесат во градинка. Сакале или нејќеле. Нема ништо полошо од болно дете? Полошо е да му течат мрсули или да се однесува несоцијализирано како Могли? Не велам дека се радувам и ми е баш ќеиф што детето фатило вирус и бактерија, сите знаеме колку се мачни тие денови кога нашите најмали се немоќни. Но, не при секоја болест децата завршуваат во болница или со страшни последици па да правиме сега толкава фама околу болестите фатени во градинка/игротека. Ајде до 5год ќе ги чуваме дома,па кога ќе тргне во училиште да не знае како да комуницира со останатите и како да се однесува. Да изиграва тужи баба,да биде себично и да не знае да споделува. И таман ќе влезе во шема,ќе се раболе,зошто не изградило имунитет порано. Не треба да ги фрламе во оган ,свесно да знам дека некое има сипаници јас да го носам со тоа дете да си игра. Но пак ќе кажам,колку и да ги изолирате,кој порано кој подоцна ќе помине низ тој филтер на болести, и да ги чувате дома и да не ги мешате со други вие возрасните може да им пренесете нешто колку и да не сакате.
Се си е на место што кажа. Од мое искуство, во игротеки ке налеташ на деца кои се на инхалации со спушено на плуќа, па за мајката да одмори ке ги доведе да се истрчаат. Од таков родител син ми месец и пол не може да се оправи. Триста глупости се десија од тоа дружење. И јас сакам да го однесам во игротека за да се дружи, ама од сега ке го мешам со деца кои се здрави. Имаме мал круг на одговорни родители од кои никогаш не префатил ништо и со нив ке се социјализира. Другиве ми се отпишани. И на лулашки има такви. Додека беше болен јас го носев надвор секако, ама далеку далеку од деца, не сакам некое дете да се мачи без потреба. Јас имав желба да го социјализирам и поттикнам да прозбори. На 2 и пол го пуштив во градинка, во која од бактерија на нос заврши со воспаление на уво. Пред тоа се мешал со деца, ама малку, и не е Могли. Надвор кога сме биле никогаш се нема десено да му потече нос. Рецепт за воспитано дете кое дели играчки и не е Могли е се само не градинка. Ако ти како родител работиш на правилен развој нема да дојде до тоа. И ако си седи дома. Спротивно, ако го пратиш во градинка а дома го оставиш сам на себе, не работиш на ниеден начин на развојот, пак ке имаш дома дете кое не е прифатено од колектив и не се вклопува. Тука ми пречи моментот што некои родители немаат врски за да го запишат во градинка, па седи дома со баба или го чува жена. Сакаш да кажеш дека ова е погрешно? Тие што мора да ги пуштат децата во градинка мораат. Мајкава не мора и сакаше да продискутира за нејзини ставови. Ја нападнавте како да е ментална што не сака болно дете дома.
Во слична психичка ситуација сум како членката. @SummerGirl12 не си сама. Јас штракнав со паметот вака од кога дојде бебе број два. На 50 дена со него во Козле. На 5 месеци инфекција во уво. И ги чувам дома сега. Големата ми е 4 години. Побудалев пак од грижи, а дома се. И ете денес од здраво дете, ни нос растечен нема, температура цел ден. Некој таков вирус очигледно. Грло чисто, плуќа чиста. Накај ми иде псметот? На 300 компликации. Зошто? Анксиозност ме дрма. Е сега зашто е 4 години големата, бара деца. Одеше во градинка, сега психички не сум спремна да ја пуштам. Се мачам и себе и детето. Жими се, мислам дека од што толку мислам затоа се разболуваат. Сама си ги привлекувам. Се куражам уште два - три дена и ако е се океј, ќе иде во градинка. А јас, јас ќе побудалам.
Како знаете кое дете е болно на лулашки/игротека и како го изолирате? Му викате бегај од тоа дете? Олабавете луѓе, сите сме спуштиле на гради, сите сме прележале сипаници, сите сме имале воспаление на уво. Сто пати поубаво ми беше надвор со децата, а мајка ми немаше време да ‘работи’ на оформувањето на мојата личност како што сега ние имаме време за нашите деца. Може и таму е проблемот.
Каков ви е тој страв од вируси и бактерии??? Не планирате децата во школо да ви одат??? Па ако не градат имунитет на предшколска возраст, попара ќе бидат кога ќе тргнат во школо.
Искрено кога одеше во градинка на таа возраст нон стоп беше болен, одвај издржувавме да го гледаме по цела недела со температура, посебно навечер многу беше тешко, тогаш направив пауза па долго не ми настануваше, сега сакам пак да го пуштам а знам шо не чека, но мора да гради имунитет во градинка и да се социјализира.
Ме интересира само како? Ќе ти дадам пример. Се сметам себе за ПРЕодговорен родител! Моето здраво дете беше на роденден кај другарче ден пред да извади сипаници, кога впрочем бил најзаразен. Никој не сака дома болно дете.
Дали вие сите сте оделе во градинка? Дали нашите генерации кога сме биле деца сите сме оделе во градинка, а тие што не сме оделе сме биле пештерски деца, несоцијализирани и имаме послаб имунитет заради тоа? Што чудно ова денес, притисок од сите страни зошто се плашиш да си го пуштиш детето, па и бебето во градинка. Ние двајцата од дома работиме и никако не можам да се одлучам да го пуштам. Реално иако е од дома, сепак е работа и не се постигнува ништо со 13 месечно дете што проодува и константно е во поход низ дома. На неговиот прв роденден се разболе од болно дете што ми донесоа дома и цел месец не можеше да се опраи. Козле, 2 антибиотика, плачење по цел ден, неспиење и нејадење, температура до 39.4... И сега јас што паничам и што сум исплашена да го пуштам да почне да оди во градинка сум себична во очи на луѓе околу. Или што немам намера да го носам на роденден во игротека на истово дете погоре што го спомнав? Ептен гилт трип се прави на родители што се од другата страна, нормален е стравот.
Ја читав @KuklickaSk дека таа пријавила сипаници во вибер група во градинка. На крај испаднало дека секое второ има. Син ми месец и пол не може глава да крене од роденден во игротека каде мајката си ги доведе децата болни. Сите знаевме дека се болни, инхалации прават, пред 3-4 дена кажа болни се. Да знаев дека ке ги донесе немаше да го носам синко. Од тие 2 часа памет немам, триста глупости се искломплицираа. Кога би бил родителот од каде што почнале сипаниците/вирус/бактерија одговорен да пријави и да не го меша детето, не би се рашириле толку. Еден да имало одговорен нема да се мачат деца и деца по него. Заради неодговорни родители и тие што се одговорни трескаат глава. Не може ниту еден родител да не знае. Болно дете одма ке познаеш. И нема да го мешаш во здрави деца. Да се одговорни сите, децава многу ретко ке се разболуваат, а не ланчано во круг едно по друго.
@unearthlysarah Никој не осудува, твоја си е одлуката. И сама кажуваш колку е тешко дома со дете што проодува, знам и јас зашто бев во иста ситуација. Ако ти стварно сакаш детето да оди во градинка, а не го праќаш само поради стравот од болести тогаш мислам дека грешиш зашто ете фатило од болно дете што ви дошло дома. Ете нема да оди во градинка ама ќе оди во парк, на роденден, на гости. Каква гаранција имаш за тоа? Тешко е првите неколку месеци, а после е убаво и за детето и за родителите. Секој си има свое слободно време, на раат ќе си работиш, дома посредено, релаксирано. Не те убедувам само мислам дека без врска си правиш паники.
А што со бацилоносителите? Како ќе го издвоиш од здрави деца кои се само носители на вируси и бактерии? Не се болни, немаат симптоми никакви, а носат во себе бактерии и вируси. Никогаш не можеш да го изолираш целосно. Мора тоа да се прифати како факт. Па нас не ни се замараа толку, јас не ни одев во градинка, ама пак нонстоп бев болна ко дете, со трет крајник мака си имав. И помина, и децава ќе пораснат и ќе помине тој период на чести разболувања. Не знам, мислам дека малку претерувате со тие изолации и двоења и избегнување на градинките. Оти и возрасните можат да пренесуваат вируси и бактерии без да знаат. Ама добро, вие си знаете.
100% браво за кажаното ама со МилаС нема на крај да излезе никој, само таа знае најдобро од сите Јас немајка уште се немав вратено на работа па ја пратив малата на градинка, си помина и вируси и се, само еднаш има пиено антибиотик. Сега на 2ипол години се разболува еднаш во 2 месеци просечно и се поминува на нога и расположено. така да на Мила логиката нема смисла, дете до дете сите различно ќе ги поднесуваат болестите ама дома да го чувам, ништо добро нема да му направам.
За на 13 месеци, разбирам да не оди. Ама што ќе правиш со 3, 4, 5 годишно дома, ќе го чуваш и ќе работиш од дома? Бара деца, бара да се дружи. Едноставно му е досадно дома, па и да игра со тебе му здосадува, а не да работиш од дома. Исто и со баби да седи. Дете бара деца.
Разбирам ја што зборите, и се согласувам скроз, само тргнав да објаснам дека океј е и да се плашиш и да паничиш и да се двоумиш и да не знаеш што да правиш, а не одма да се нафрлаат сите. Не се сите бестрашни.
На моево му поминаа веќе, ама и оваа недела дур беше со сипаници го носев од сабајле рано во парк да го фати воздух, во лифт им кажував да не се возат со нас и стоев на страна, научи сам дека има паници, не смее на лулашки додека има точки по телото. Не знам искрено што им е на луѓево. Знаев дека има во градинка општо сипаници и знаев дека ќе фати, не е проблем тоа. Проблем е што не пријавуваат. Мене ми беше битно да знам дека и во група има сипаници, не заради моето дете, туку ради снаа ми која е трудна и нема прележано. Среќа па во периодот кога бил инфективен не се видовме. Исто и лани кога имаше мононуклеоза. Ние ја докажавме, пишав во група има моно, зошто немаше каде да се заразил, само во градинка одеше. Другите штама.. па по приватни пораки после абе кои се сипмтоми и моето не е добро... Искача стварно само мојов сите можни инфективни болести ги фати за 1 година. Лани 2 пати имавме ковид и еднаш грип (докажан со тест грип Б). Ниту едно дете не зарази во градинка. Инаку секако дека не може и не треба да се изолира. Моево дете реалнп супер ги проаѓа вирусиве. Во 3г еднаш има пиено антибиотик, ама ок, ја имам кој да го следи на 2 дена, и ако треба да дадеме ант, ама па до сега проаѓало така. Некогаш за 3, некогаш за 7 дена..
Кога и да почне да се меша со деца истово ќе го пројдете. Дали на 2, дали на 7години во школо. Ама тогаш плус и учителка ќе бидеш. Вирусите со траен имунитет мора да се поминат и му правиш услуга на детето кога го мешаш со други деца зошто го зајакнуваш. Работев од дома со дете до негови 18м ради ковид, не работеа градинки. Искрено, коллу работиш? Колку се нервираш? Ако имаш повици на тимс колку пати вришти у позадина дур пробуваш да разбереш што се бара од тебе? Ти дошло некогаш детето со рака у гомца зошо ја брцнало у какана пелена дур ти си зборел на телефон и се смее? Колку пати 'ти паднал интернетот' зошто детето била во опасна положба, се качило некаде? И најбитно, колку од твоето време дома кога работиш од дома му посветуваш на детето за негов развој? Или гледа тв, гледа моб зошто само така седи мирно. Не е ова мом шејминг верувај. Been there, done that. Бев на раб на нервен слом кога работев од дома со него. Имав грижа на совест зошто не му посветувам внимание колку што треба (првите 5 (г) се најважни на свет) и дополнителна грижа на совест зошто не работам колку што треба... Градинката и покрај сите вируси кои ќе ги помине детето секако, носи едукација, социјализација, развој. Не се споредува дете на 4г што оди во градинка и дете што не оди. И мајката да е воспитувач пак не може дома да му ја пружи средината од градинка. Учење да делат, да се борат за своето, да почитуваат ред. Не е мом шејминг, факт е. На детето му правиш услуга кога го изложуваш од мали нозе на вируси и бактерии, така го гради имуниотетот. И да, на сите ни е тешко кога ни се децата болни, ама така растат а да ги ставиш во стакло и да ги изолираш од се, никако не можеш. Па и не смееш.
Некои работи не може да се спречат. Ама некои и те како можат. Кога би биле малку поодговорни родителите многу помалку разболувања би имало. Вака три дена во градинка две недели дома. Не си немајка. Најмајка си ама ти стои комплексот за потврда. Нечовек си кога болни дете праќаш во градинка од било која причина.
Не ми треба твоја етикета, ниту твое мислење за дали сум мајка или не. Саркастично го кажав тоа, го пратив детето кога јас сакав и тоа е тоа. Јас те сфаќам што сакаш да кажеш ама многу деца се носители и пред да покажат симптоми така да разболувањето е неизбежно. Кога тогаш дали од неодговорни родители или одговорни, секое дете ќе си помине низ сите вируси и тоа е. да го чувам дома, не. Ќе си го живеам секој момент со детето и ќе си стварам спомени од шетање, не од дома затварање.