Разболувања во градинка и превентива

Дискусија во 'Дете' започната од An4e24, 2 септември 2022.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.188
    Допаѓања:
    124.689
    Замисли во ковидот, ниеднаш моево не беше во изолација. Беа заради син ми, зошто тестирав. И кога пишав во група, а наставничката пиша сега мора цела група изолација, две три мајки се бунеа зошто они имале ковид а најверојтно и децата, демек “прележале” зошто сега во изолација ! Дно
     
    На KuklickaSk, Yowannty и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.746
    Пол:
    Женски
    Никаде никоја не нареков немајка. Сами си се натекувате така. Зошто вие си знаете.
     
  3. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Искрено побарав секаде помош и сеуште контактирам со психолог но домашните ме сулаваат, малце течи носе или се затнува одма се траштаат креваат паника, а мене детето некако ми е слаба точка зошто со маки го добив по 10 год обиди... Кога беше мало имаше полно носе што е нормално к свекрвата ми велеше што го искапи си го настинавме детето сега не дај боже да крене температура ќе треба на болница инфузии ќе му ставаат во глата ќе пишти ќе корни.... Јас искрено прв пат слушнав такво нешто и нормално се уплашив а тогаш скоро породена.... И искрено секаде го носам и во деца и во парк само муабетот ми беше стравот како да го тргнам к заборавам а не дека го дистанцирам детето...... Далеку било
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Никој не ми го чува детето нон стоп е со нас каде и да одиме.... Одиме и на поладно време го шетам и летото цело време сме излезени дома не сме свртени. :) никогаш не би се плашела и не би помислувала на вакви работи да не ми ги трубеше свекрвата секој ден над главата..... Од кога дојдов кај нив сите болести ги научив сите апчиња и сл..... Хаос
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Баш така и покрај стравот сето тоа го правам,инаку ми е жал за детето.... Во парк сме секој втор ден, на крлешки и сл, по гости кај пријателка си играат со девојчето се исто годиште... Фала за советите
     
  6. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Јас искрено повеќе страв собрав од муабетите дома иначе никогаш не сум била таква... Пред неколку дена бев јас настината па малото сигурно од мене префати никој не ми коментираше ништо бевме сами дома, си се помолив на бога и смирено си го пратев детето помина само еден ден и му помина.....фала му на бога
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Малце повеке самодоверба не може некој друг да ви ја мати главата за ваше дете кое патем е постојано со вас и вие најдобро си го знаете шо е нај нормална работа.
    Ке и кажеш како стојат работите и кој е тој шо се грижи за детето.
    И на крајот од денот нема да те боли глава.
     
    На Luna91, SummerGirl12, Kaja991 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, скрос си во прав
     
    На haruki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Flori9561

    Flori9561 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    здраво родители, ме интересира дали во градинките ви бараат да им доставите брисеви.
    имавме ситуација каде матичниот лекар ни даде здравствена потврда и покрај неа воспитувачката ни побара да и ги испратиме на вибер резултатите од брисевите.искрено сметам дека е доволна потврдата од лекар без дополнителни анализи кои сме ги правеле бидејќи сепак тоа не е здравствена установа каде има доктори... воедно постојано ми настојува да го задржам дома поради тоа што има секрет во носот и искашлува. искрено не сум сигурна дали настојува за да имаат помалце дечиња за чуваење поради тоа што претходниот ден ми се жалеше дека имале премногу деца за хранење и тешко било да се постигне.. ве молам за ваши искуства, мислења на оваа тема.

    извинете за долгиот пост
     
  10. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    И кај нас барат покрај потврда од лекар (поради тоа што ги дават онака на не прегледано дете) барат и негативни брисеви
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.957
    Пол:
    Женски
    Ако брисевите се чисти зошто да ти е проблем да ги дадеш на увид. Иначе во градинките има доктори, после ковидот се многу попретпазливи. А ако има бактерија па не е баш ок да го пушташ во градинка, а верувај воспитувачките знаат многу добро кое дете е со бактерија кое не.
     
    На Kristina1122, lovely91, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.746
    Пол:
    Женски
    Од такви како тебе кои мислат многу, а не прават брисеви и сакаат болно дете да им оди во градинка, многу други мајки глава трескаат од бактерии и вируси.
     
    На Kristina1122, elimkd, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Во нашата група не бараат никакви потврди ниту брисеви, велат џабе ни носите таква папирологија која знаеме колку лесно се издава кога и сами ние ја гледаме здравствената состојба на детето. Ако има секрет во носето и кашла зошто го носиш?
     
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Ама има деца без симптоматологија кои се носители на бактерии. Како ќе ги изолираш? И не, чист брис не е решение, денес може нема, а веќе утре да закачило од некаде.
    Ти правиш брис на дете секоја недела/месец? Без причина чисто превентиво?
    Според мене безобразно е само оние што утрото даваат антипиретик и носат дете со тт во градинка. Прво жал би ми било за детето.
     
    На Oneo, dunika, Skyler и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски
    Некогаш знаат да побараат за цела група, некогаш поединечно, зависи кои симптоми има, обично поединечно за деца кои кашлаат и имаат секрет од нос.
     
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Точно. Ама ако има позитивен брис плус и течење нос плус и кашлање стварно не е за во градинка…
    И јас да сум воспитачка ќе се запрашам како е дадена таа потврда и би барала чисти брисеви.
    За кај нас научна фантастика е брис(facepalm), ама за ситуацииве тука зборам.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.746
    Пол:
    Женски
    Колку деца се со бактерија или вирус а ниту еден симптом?
    Бидете реални дека со мрсули зелени пуштаат во градинка.
    Јас лично правам брис штом видам мрсули. Не оди во градинка и правам. И ние правиме си маж ми затоа што спиеме заедно.
     
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    И ако имате бактерија, а немате симптоми пиете антибиотик или терпија?

    Инаки ако нема симтоми нема зошто да правам брис. А ако не се направи брис не може ни да знаеме дали сме носители или не.

    @danichap не зборувам со позитивен брис и јаки симптоми. Иако :!: и самите доктори не ја третираат секоја бактерија во зависност од симптомите. Малиот пролетта имаше продолжена кашлица. Матичната не даваше никава терпија. После 2 недели на наше инсистирање направивме брис и излезе мораксела. Пак не сакаше да третира со терпија туку да работиме на имунитет, а дете имаше дозвола да оди во градинка. После третата недела на наше инсистирање даде само локална терпија. Едноставно ако нема температура или јаки симптоми кои прават некаква опструкција некои матични не прават ни кс ни брис ниту даваат терапија.
     
    На azelea, eli25, Flori9561 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.162
    Пол:
    Женски
    Дете во добра општа состојба треба да оди во градинка. Ако му тече нос, ако кашла, а нема температура, пролив, повраќање, нема причина да седи дома. Не паметам моиве некогаш да немале секрет во носот кога оделе во градинка, додуша малово уште знае да има растечен нос иако поретко, па не седи дома, си оди на училиште.
    Иначе џабе ви се негативните брисеви, и сите деца да се негативни, воспитувачките и негувателките не подлежат на редовно правење брисеви. Мислите дека тие не пренесуваат бактерии и вируси? Мое лично мислење е дека возрасните во градинка се поголеми преносители на вируси и бактерии отколку самите деца.
     
    Последна измена: 17 ноември 2022
    На andromedae, daniangel, Oneo и 21 други им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Еднаш или два пати иам правено брис, џабе што имало бактерија. Дете само нос му тече, само физиолошки, што секако и без резултати од брис го давам.
    Се третираат симптоми, греота е без симптоми да се пие антибиотик и да се руши имунитетот, кога телото е доволно силно само да ја победи бактеријата.
     
    На Skyler, azelea, eli25 и 9 други им се допаѓа ова.