Разболувања во градинка и превентива

Дискусија во 'Дете' започната од An4e24, 2 септември 2022.

  1. hotsauce

    hotsauce Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2022
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Правиш брис секогаш кога ќе видиш мрсули :?: мила дојди во Англија да ти се изнасмејат сите доктори
    Сите можни вируси мислам ги минавме, ниеден брис немаме направено ниту КС.
     
    На daniangel, eta, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    И во Германија е така. Едново во живот нема видено брис или аб, другиве по еднаш само аб.
    Но доколку правилата на градинката во Македонија се без симптоми, посебно оти кај најмалите секретот насекаде лесно и брзо се разнесува и сеуште делот за кашлање во лакт не може да се научи, како е кај нас во странство е неважно. Бараат негативен брис и без симптоми и тоа е тоа.
     
    На eli25 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.240
    Пол:
    Женски
    Се е за пари во МК. И правењето брисеви и крвна слика секоја недела и црп...
    Искрено, од досегашново искуство и со овој памет не верувам дека би правела брис или крвна слика освен во екстремни ситуации, ама... тазе родител, ич не размислуваш трезвено.
    Сум правела и брисеви (не само дете, цела фамилија, потесна и поширока (facepalm)) крвни слики, црпиња. Иштодека? Пак на крајот матичната во 99% од случаите пред направена крвна слика или брис и ја погодуваше дијагнозата и терапијата, ама јас упорна, крвна слика морало, црп морало, брис морало |( Едно чудо пари се изнадавав:tmi:
    Затоа не бидете глупави како мене, туку слушајте матичен (првенствено најдете некој кому му верувате) и терајте. Убаво ви рече @Annath дете кое е во општа здравствена состојба нема зошто да седи дома. Колку мислите дека ќе го чувате во стаклено ѕвоно? Што кога ќе тргне во школо? За секое течење нос ќе го чувате дома?
     
    На daniangel, Oneo, Skyler и 11 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.224
    Допаѓања:
    111.467
    Пол:
    Женски
    Ама општа здравствена состојба не е зелени мрсули кои течат и продуктивна кашлица, општа здравствена состојба е секрет запушен некаде низ канал и позитивен брис, без тт, без секрет што тече и предизвикува кашлање. Кога дете исфрла секрет постојано низ кашлање и течење нос, тоа веќе е симптом. Не е само тт симптом.
     
    На Kristina1122, elimkd и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Ама лекарите за тоа не даваат антибиотик.
    Се лечи кашлица, се чисти секрет, течности, инхалации.
    Бар моето искуство е такво.
    И не праќам во градинка, зашто ќе залепи уште 300 чуда на тој секрет.
     
    На daniangel, elimkd, Flori9561 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Една од негувателките на син ми ме лажешемдека им плаче к дека не се адаптира.
    Дознав така што со другата разговарав, дека син ми ужива таму, а и мм ми вика, кога го носам се смее и едвај чека да влезе.
    Ме лажела за да го зимам порано или да се откажам од градинка.

    Сакам да кажам, наоѓаат прочини да не им ги носиме децата.
    Сфаќам дека им се доста деца ама они не сфаќаат дека и ние работиме, а ним тоа им е работа.

    Сега со неа не комуницирам, само со другава и баш денес ја прашав што треба да однесам, зошто син ми имаше бактериска инфекција и ми рече само потврда од матичен.
     
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Ама која е границата меѓу нормално и "ненормално" ако може така да го натечам. Ако дете се гуши и се дави од секрет да. Тоа не е во ред ни за дете ни за околина. Што да прават на пр. оние дечиња кои имаат алергиски досадни кашлици? Ил или секрет од нос на алергиска база. Затоа има доктори кои проценуваат и даваат потврда дали детето е или не е за во градинка.
     
    На Coco31, azelea, Mantub и 4 други им се допаѓа ова.
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Кога имаше мојава на плуќа наод, и дадоа антибиотик. Не се доисчисти, продолживме со течности, инхалации.
    Не ни кашлаше.
    Потврда не ми дадоа (ми препорачаа да почекаме) највеќе заради нејзе, дека одма ќе се залепи нешто на тоа што останало.
    Ама да бидеме реални, потврди фрштат без прегледи, а не па брисеви.
    Јас сама сакав прво преглед и совет, а потврда можев од сестрата да земам. Детето нит мрсули, нит ми кашлаше во тој момент.
    Коментарот не ми е кон тебе, него општо гледиште на земањето потврда од матичен. Брис не ми побарале во градинка, освен при упис.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.240
    Пол:
    Женски
    Ц :shake: Воспитачки подобро проценуваат дали е здраво или болно детето :!: Нели по цел ден со деца се?
    Докториве може да ги скинат дипломиве, што знаат они? |( Од толку експерти по градинкиве и форумиве :?:
     
    На azelea и Annath им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Јас имам вакво искуство. Син ми имаше позитивен брис. Со температура зелени мрсули итн. Испи доза антибиотик, цефалексин. Повторив брис затоа што мрсули не престанаа да течат. Пак бактерија. Матичен кажа само локално. Од нос балтеријата направи воспаление на уво. Два антибиотика даде орл.
    Ако доаѓам ке те барам.
    Вирус и бактерија не се исто. Не се третираат исто. Не даваат исти симптоми.
     
    На Flori9561 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Ама овде веќе навлагаме во друга проблематика. Кој и како ни ги "лечи" децата?

    Така, како и воспитувачките што се радуваат ако родителите купат тв. Таман децата да гледаат во монитор цел ден, за они на раат да си ја работат "работата"

    Затоа е многу битно кој го следи и како го лекува твоето дете. Фазата на запознавање со бактерии и вируси е неминовна и мора да ја помине секое дете.
    И знам што значи воспаление на уво, малиот на нешто помалку од две години закачи мастоидит (воспаление на уво и позади ушна школка, кое не дај боже може да доведе до менингит), со лежење во болница и на крај си заработи цефчиња во уво. Не кривев никого за тоа, едноставно така требало да биде, дал ќе закачеше во градинка, во игротека или на игралиште не беше битно, едноставно тој така изреагира. Фала богу од тогаш наваму еве 5 години за среќа воспаление ма уши не се повтори.
    Ете мојот од мораксела и тоа во услови на паднат имунитет имаше само досадна кашлица, нечие дете може ќе има полоша реакција во зависност од моменталниот имунитет.
    Едноставно помирете се со фактот дека некои работи мора да се пројдат и најдете добар доктор кој ќе се грижи за здравјето на вашето дете и малку олабавете.
     
    На Sofi.ja, azelea, AngelOfArh и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Flori9561

    Flori9561 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Брисевите се направени таквите како мене имаат направено. Многу сте безобразни понекогаш. Целта ми беше дека матичната не сака да дава антибиотици за се што ќе се појави.
     
    На Sofi.ja и lovely91 им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Пак е на крајот целиот систем во прашање.
    Никој не проверува, нит му треба основ за потврдата. У градинка ми викаат без потврда можела проблеми да има од административни причини и контроли.
    Не е загрижена за децата во преден план.
     
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    А договорот си го прочитала? Никаде не пишува за брисеви. А за потврда за здраво дете во нормални услови ако 10 дена отсуствува, во услови на пандемија 5 дена ако отсуствува. Ова бар кај нас во Аеродром е така дефинирано.
    Кај нас брис ни на упис не бараа. Ама вакцини особено ммр задолжително по календар. Некаде влагаат деца без ниедна вакцина, ама битно брис чист мора да приложат. Тоа е таа наша чудесна земја. Секоја градинка своја политика, како мислиш живееме во кој знае колкава држава:drunk:
    Во коронава од Септември до штрајкот и за еден ден отсуство бараа потврда за здраво дете. Сега малку се полабави и не се до толку ригорозни, но ако детето ми било болно јас секако го носам на лекар и барам дозвола дали смее да оди или не. Ама ако како вчера на пример имаше пола ден температура не планирам да го пикам по амбуланти кои се во моментов преполни со болни деца за да накалеми нешто посериозно. Еве денес си отседе и утре превентивно, а од понеделник ќе си оди и потврда нема да носам, зошто не планирам да го пикам во амбуланта.
     
    На daniangel, mssuniquee, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Докторот си е добар. Си даде антибиотик според антибиограм. Прв пат пиеше откако е роден. На крај излезе како што кажав.
    Дали треба или не треба антибиотик ке одлучи доктор. Не го менува тоа фактот дека не треба да се носи болно дете во градинка.
     
  16. hotsauce

    hotsauce Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2022
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    326
    Пол:
    Женски
    Одлично знам. Имаме примано атб за бактерија.. без да не пратат за брис и КС
     
  17. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Kakvi brisevi si ima potvrda toa e. Ne se tie strucni niti e vo soglssnost so zastita na licni podatoci brisevi da baraat. Uostalom i neam namera da maltretitam dete bris po ozdravuvanje da vidam dali bil cist. Skroz nelogicno i neopravdano mi e praenje bilo kakvo ispituvanje bez indikscija deka taks ni teknalo. Toa samo kaj nas go ima
     
    На daniangel, mssuniquee, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.803
    Допаѓања:
    40.360
    Пол:
    Женски
    Мојава е пет години брис до сега нема видено. Ова во Скопје е модерно само брисеви да се прават за секое потечување на нос
     
    На daniangel, Flori9561, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.224
    Допаѓања:
    111.467
    Пол:
    Женски
    Ако вади зелени мрсули и ти гори тт ќе буфташ антибиотици без да знаеш со што се бориш или ќе направиш брис. Од тоа што не лечеле без компас сме нација резистентна на пола антибиотици. Си видела антибиограм со р на сите антибиотици? Знаеш тоа како се лечи? Никако. Така да подобро да му направам брис и да знам со што да ја излечам таа бактерија отколку да се мачам со 3 антибиотици едно по друго и да му го сјебам имунитетот. Мене и за обични настинки ми даваа антибиотик како мала, па не е е тоа мерило.
    Ок, ама ти рече има секрет и кашла продуктивно, ние тоа од тебе го прочитавме, а тоа е симптом, не е без симптом. Тт не е симптом секогаш, еве син ми последно бронхит имаше без тт, едноставно спушти.

    Јас не знам зошто сте толку против да се направат брисеви, оздравело детето, а вие стаклена кугла имате да видите? Син ми после хемофилус инфлуенца 3 пати правевме брисеви беа позитивни без симптоми, во градинка правило им било негативни брисеви и крај, седеше дома, прскав Ацидосалус и Физиолошки, третиот брис негативен и почна во градинка. Без симптоми, односно ако не исфрла секрет, не може да ја пренесе бактеријата, нели логички, ама ако течат мрсули, дете фаќа секаде, си мењаат чаши и играчки, отиде пола група. И така во круг. Безвезе е. А дали ќе качи или не тт, нема врска со тоа дали бактеријата прави или не проблем, може и без висока тт да си работи. Инаку и воспитачките прават брисеви, и на позитивни брисеви си седат дома 2 недели на боледување, така да и ним не им одговара да им кратат од плата а да немаат симптоми па сега од вас бараат брисеви оти така им текнало. Инаку информациите за здравствената состојба на детето може а и не мора да ги дадете, ама вас ќе ве боли глава кога ќе ве извикаат од работа со некаква итна реакција, како што имаше во група алергија не пријавена. Само малку соработка ништо друго не е потребно, од двете страни, зошто не се сите родители одговорни како што не се сите воспитувачки и негувателка фер.
     
    На Kristina1122 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    631
    Син ми почна со градинка на две и пол години. Од кога почна со градинката секоја година од септември до мај беше со зелени мрсули (некогаш повеќе, некогаш помалку), и само тоа.... Првата година кога тргна брисеви се правеа на месец дена и сите беа негативни (без разлкика на мрсулите), и градинката го прифаќаше без проблем, но верувам дека родителите ме осудуваа кога на оставање го замолував да дувне нос....

    Истото се случува и сега - 8 години, полн е во носот - брисовите нос и грло негативни- препорака од доктор само капки и чистење нос.... коментарот на докторката (која инаку ми е ептен погодена) - така му се бори организмот, се му се задржува на носот...

    Инаку е дете кое се разболува многу многу ретко со температура со кашлање....
     
    На daniangel и forumce им се допаѓа ова.