А па лабораторииве едни точни што се! Штодека ќе правиш брисеви на секое, кога во една едно ти излегува, во друга друго. На крајот се сведува на истото: стручноста на докторот и неговата дијагноза. Баталете брисеви и остало, џабе фрлате пари. Иначе, во однос на тоа здраво, болно дете. Кои сте вие да давате дијагнози дали некое дете е болно и дали треба да оди во градинка или не? Врз основа на што ги давате дијагнозиве баш ме интересира?
Пак ќе речам, не си имала изгледа мака со резистентни бактерии на сите антибиотици па да чукаш глава како ќе се лечиш сега, па затоа така зимаш здраво за готово само дијагноза. Ако така гледаме и докторите знаат да грешат, ај па да одиме на бајачки да се лечиме, тоа е, мора да веруваме на фактите.
Ако детето упорно има растечен нос со зелен секрет и од ништо не му поминува ќе правеш брис. Ама ако за се нешто трчаш по брисеви кај ти е крајот? Потечело му од носот бргу брис да правиш, не е нормално. А по напишаново испаѓа сите деца се резистенстни на антибиотици
Да де, не сум имала, така си тропам само Баш дека имавме мака со стрептокока во грло која никако не се лечеше ти го зборам ова. Пошо правев брис во една лабораторија, негативен. Ај и во друга за секој случај следниот ден, позитивен. Матичната за глава се фати. Ај после тоа во две лаборатории во исто време со половина час разлика правев, различни резултати добив И? Штодека ги правев брисевите? На крајот детето го окарактеризираа како здраво, пошо немаше симптоми и одеше во градинка. И матичен и ОРЛ специјалист. Така што, пак ќе кажам, не фрлајте пари џабе. Следете состојба на детето, оти некое дете може да е носител долго време. Дома ли ќе го чувате? Еве ти детето твое ако има бактерија во нос пример, а нема симптоми дома ќе го чуваш? Нема да оди на училиште оти имало позитивен брис? Стварно?
А кај реков јас дека асимптоматски е ОК да лечиш, цело време наназад пишувам симптоми, симптоми, симптоми... проѕирен секрет, па и обоен да е ама повремен, не да тече нон стоп, не е симптом, ама секрет кој тече од нос, кашлица продуктивна и без тт е симптом. Упорно тоа го пишувам вие си вртите како ви одговара. Моето има секрет во носот кој се прави како корупки тврди секој ден, не ни прскам, го отстранувам механички и се ослободува дишење, нормално дека не седи дома, ама кога имаше секрет зелен кој тече, му го сопира дишењето, не се чистеше со физиолошки и направи продуктивна кашлица богами го задржав дома иако немаше тт, па по 2 дена спушти на плуќа и седеше дома 15 дена, имаше наод на плуќа без тт, тоа сакам цело време да ви појаснам.
Течење нос и кашлање е симптом? Стварно? А си слушнала за алергија? Само кај нас има вакво потресување на протечен нос и кашлање. Тврдам! Никаде на друго место не се замараат дали течел нос или кашлало детето. Пошо нормално. Ама кај нас, одма на клада да се стават!!! Пошо се експерти сме, затоа
Кашлицата може да се пролонгира и до месец дена после прележан вирус. Испаѓа дека не треба детето да оде во градинка додека не престане да кашла.
@AngelOfArh првпат слушам дека вработени во градинка правеле брисеви на две недели, кај нас го немаше тоа. Барем не ми кажала така воспитувачката на помалиот син, а се дружиме приватно одамна. Никогаш не спомнала дека се тестираат, а многу пати сме збореле за бактерииве во градинка. А и да прават брисеви, што фајде, во колектив нема стерилна средина. Секогаш некој од некаде ќе донесе нешто. Мене уште срце ме боли што здраво дете бацилоносител без ниеден симптом труев со антибиотик оти во градинката се појави шарлах, па не примаа деца додека не добиеја негативен брис. Факт е дека резистентноста се создава од безпотребно препишување на антибиотик на слепо и кога треба и кога не треба, ама здрави лица да пијат превентивно за да не заразат други, не е во ред. И тоа придонесува во резистентноста. Ако матичниот лекар е добар дијагностичар, нема потреба од брисеви, барем јас не сум правела воопшто кога биле болни децава (освен тој еден пат кога бараа од градинка поради шарлахот, а детето ми беше здраво), ако морало да се даде антибиотик, си знаела кој треба и досега немаше утка во терапијата. Кога сме кај симптоми, еве веќе десетина дена кашлам. Може и повеќе, од маската на работа се потенцира. Сува, иритирачка кашлица во напади, за која ништо не помага. Други симптоми немам. Треба да правам брисеви и да не одам на работа дури трае? Малку тешко тоа. А колку повеќе се изолираме, толку полошо е. И за нас и за децата важи. Оти за самото дете е подобро да јача имунитет и да не прави долги паузи од градинка. Секое чување дома уште две недели по завршена терапија му прави лоша услуга на имунитетот на детето. Периодов ги осеќаме последиците од пандемијата и изолацијата, носењето на маските и дистанцирањето. За жал, најмногу кај децата се забележува.
Исто. Јас ваква кашлица не паметам да сум имала. Буквално ми се чини од петици кашлам, а ништо немам друго. Ни антихистаминик не помага. Вирус е по крвната слика, тоа правев оти морав, немам толку добар дијагностичар за матичен. Ќе морам да ја сменам.
Да, имаат санитарен секоја година. Свекрва ми работи во градинка и од таму знам. И мајка ми правеше, во лабораторија работеше. Ама извртувате муабети скроз! Не реков течење нос никаде, сто пати повторив, зелен секрет, продуктивна кашлица, ама така ви одговара. Се знае убаво што е надразнителна кашлица од маска, што продуктивна кашлица, што кашлица од алергија... али...
Ама санитарен преглед е еднаш годишно, тоа и јас го правам. Значи сепак не се тестираат секои две недели. Има деца со зелени мрсули и продуктивна кашлица што се во добра општа состојба. И не мислам дека треба да седи дома во таа ситуација. Ај градинка, не е задолжителна, ама не може да отсуствува од училиште на секое течење зелени мрсули. А реално, носот постојано им е растечен на помаливе деца.
Ова можам да го потврдам како мајка на дете кое оди во градинка надвор од Мк. Да е без температура, пролив и повраќање, дете со мрсоли и кашлица може да оди во градинка. Ниту потврда од доктор дека било здраво, не дај Боже пак брис, што е тоа?! На влегување на секое по едно марамче им даваат да бришат мрсоли, тоа е. Мојот поткашлува 4та недела со чиста плуча, па шубе ми е да го носам, а учителката ми вели ех па едно од групата нема што не кашла. И јас како и секоја овде сакам да си отидам во лабораторија и да направам крвна слика и брис, веројатно има нешто со ваква продолжена кашлица, ама тоа едноставно овде не е возможно. Ако убедиш некако матичен да ти направи кр слика тогаш инаку јок. Да се надоврзам, вчера не известија дека имало дете од група позитивно на корона, групата продолжува нормално да функционира и никој друг не оди во карантин.
Со брисови се претерува како што се претерува со антибиотици. Мајките се стресени од обични настинки што и ние сме ги имале и децата ги имаат и ќе ги имаат. Си ги правиме децата нежни, пренежни под стаклено ѕвоно, нос да не смее да им се растече. Ако седи дома дете за секое течење нос, толку ќе биде тоа често што подобро отпиши го од градинка. По темите тресење, парацетамоли, бруфени за 37 со 4. Како што потврдија и некои членки на темава, потврдувам и јас кога разговарам со другарки во други држави, ни брисеви прават, антибиотици само на стварно потврдена бактериска инфекција, нема за секој случај, и неодење во градинка или не излегување од дома на секое кивање, во никој случај не е прифатливо па ете ги децата здрави, прави, па ќе речам и поздрави од нашите. Што правиме ние овде стварно не знам, во страв живееме од се и сешто, прашинка не смее да падне.
Па кај нас ни во градинка не ги пуштаат само ради тоа, дома си ги чуваат, кој знае и некој дали ги пуштаат да си играат општо со деца.
Ауууу што е со падавичарењево...брисеви на секој мрсул.... Очигледно муабетов е од мајки што децата не им идат во градинка. Па од јули и тече носот, ај ако не во Козле да идеме. Дај бе олабавете се. Болни биле по градинки, па да де, од стаклено ѕвоно во реален свет ги пуштаме, не се раѓаат со развиен имунитет. Ај ако не, секој понеделник да носиме крвна слика со црп и брисеви во градинка. Кој има црп 6, назад.... Премногу драматургии за мрусли се направија во темава...
На врата секое сабајле наредени во колона, секое дете со ливче во рака со својот црп резултат кој е висок, одма назад. Што сме знаеле ние што е црп ко деца
А моите деца 5год и 2 год што не знаат што е брис? Немајка Општо, преферирам сама да ги лечам. Се колнам во лој од гуска. Антибиотик немаат пиено не знам од кога, добро лошо тоа е. Синко како новороденче имаше примано антибиотски терапии и свашта читав по нетов и од тогаш имам страв од сирупи. Едно лечат друго штетат. За имунитет само молерс и тоа е .
За што конкретно користиш лој од гуска? Матичната од децава не дала никогаш ни инхалации ни брис да проверат. На мое барање после често поболување направив за големава,чист испадна. И кажав,додека не каже дека треба веќе неправам.