Ама Теди ај да не се правиме мутави, знаеме за што збориме. Цело време повторувам за секрет кој лета на сите страни, за симтоматски случаи, не за поткашлало, потекло носе... Али не е интересно ако речеш Па у право си ама јас носам болно дете во градинка и не ми чуе... Факт е, мора да пројдат се во градинка, ако не во градинка во школо ќе пројде, ама на крај памет не ми е на Стрептокока со симптоми да дадам од тепка антибиотик зошто нит јас ќе добијам во аптека антибиотик на тепка нит доктор нема да ми даде. И не, не трчам на брис на секое кивање, немаме брис направено рамно 3г, крвна слика немав направено скоро толку, сега кога спушти направив и не не правев да видам дали се излечил. Шо знам, јас сметам дека ако сум го одбрала докторот на детето и имам доверба во него, не се правам попаметна па да дремам дома со дете болно и да не одам за да не ми рече направи брис и кс.
Ама они (дел од денешниве мајки) се убедени дека ние што детството го минавме надвор на улица, што си игравме на снегот со мокри чорапи, што јадевме овошје дирекно од дрво, што се бавтавме по кал и песок па и во уста стававме, што се плискавме со шише вода едни меѓу други , што болни се дружевме еден куп деца на улица, сме понездрави од нашите деца. А да, и што родителите не не носеа по доктори за растечен нос
Истото го кажуваме. Доктор слушам да. Секогаш. Не бегам од кс и брис, не ме ни упатувале често. Ама сама на своја рака сум правела. Што значи не требало, а од очај. И ништо не сум сменила. Болно дете во градинка не носам, најпрво ради да не се мачи. Градинката е институција за здрави деца.
Пак ќе те цитирам, не мислев на твоите мислења туку се надоврзав бидејќи те гледам се трудиш и ти да се објасниш. Ама како ќе бидеме интересни ако не го извртиме муабетот, како, досадно е да речеш некому Да не сме се разбрале, така е, ти не си мислела на растечен нос туку на бактериска инфекција со симптоми.
Врати назад и види кој кому се потсмева. Ме направивте штркната што правам брис на секое, настинки поминувале сами од себе, нос било нормално да тече. Кај син ми се што е нормално излезе ненормално. Зошто? Затоа што некои сметаат дека е ок да тече нос без престан со месеци и да не провериш брис да видиш зошто, не за друго, детето се мачи. Утре кај едно дете со имунитет бактеријата нема да прави проблем, ама кај друго ке направи сериозни проблеми. Да беа родителите малку поодоговорни а докторите построги, наместо да им е страв да не им избегаат пациенти, ке беше поубаво за сите.
Секако дека не. Три дена ке качува температура, или ке повраќа и потоа имаш ново дете. Како ништо да не било. Ама бактерии не се за зезање.
Ама брисот не е секогаш гаранција. Еве сега му направив излезе моксарела пак. Доктор не дава антибиотик зашто проблем засега не му прави. Значи го чувам дома ама на контролен брис 99% пак ќе ја има. Што да му правам? До кога да го чувам дома? Што е решение според тебе?
Не знам што те наведува да мислиш дека ние што не сме поборници на чување деца во стаклено ѕвоно не сме поминале некои работи со децата. Ако не ги пишуваме тука на форумов надолго и нашироко, не значи дека не сме го поминале и ние, сите деца поминуваат низ тие периоди, и мора да поминат, кое повеќе, кое помалку. Ако имаш добар доктор на кој му веруваш, нема потреба од анализи на своја рака ако докторот не препорача. Ама и не секој доктор го бива. Јас лично имам многу лошо искуство со дежурни доктори, со утнати дози антибиотици и за двајцата, па на дежурен веќе не одам ако не морам, чекам регуларно работно време на матичниот. Е сега сменив матичен на децава, оти немав избор, не дај Боже да ми затреба. Ни лој од гуска сум користела, ни Амоксиклав сакам да видам оти даде ужасни нуспојави што не можев да замислам, кај големиот, за среќа минливи. Затоа и не правам ништо на своја рака. Кашлица и растечен нос ни се секојдневие и периодов. Не правам брисеви, на лекар бев, ми рекоа вироза, кашлицата месец дена ќе трае, по потреба сируп за кашлица, прополис во грло, мед, чај, и тоа е тоа.
А од кај тоа дека јас дете чувам во стаклено ѕвоно? Само оти правам брис на зелен секрет што тече на сите страни и кога кашла и дише на стомак правам кс значи дека го чувам во стаклено ѕвоно? И со деца е мешан, и во бари скока, и на планина иде, Водно го качува пешки до врв од 2ипол години, игра у двор у песок, у кал, игра во школски со деца, јаде исто што и другите, пие исто што и другите, никогаш не сум зела антибиотик на одмор за секој случај... антибиотик пие само ако даде доктор, чистам нос само со физиолошки ако е потребно, не знам на кој јазик да објаснам дека за исто збориме цело време, ама вас ви е поинтересно да извртувате муабети. Мене ми е муабетот дека на дете со лоша слика, зелени мрсули кои летаат на сите страни и кашла од петици, не му е место во градинка и крај! Зошто да не се праиме на 3ипол, има мајки кои дома даваат парацетамол, дуваат нос и пуштаат во градинка. Се надевам се разбравме сега.
Мојот пристап е дека не треба да ја чувам во стаклено ѕвоно. Од друга страна има родители кои инсистираат на антибиотик на температура 37 со нешто, вика кој ќе се мачи со температура 5 дена. Грешката е што овде се смета дека антибиотикот лечи се, бактерии, вируси, луѓе го пијат за буквално болки.
Нормално дека на дете со нарушена општа состојба не му е место во градинка. Ама не значи по дифолт дека ако има зелени мрсули и продуктивна кашлица од петици е во лоша општа состојба, напротив. А по таа логика и моево треба да седи дома оти има продуктивна кашлица од петици. А вака е супер, јаде, пие, активен, спие убаво, нема зошто да го чувам дома. Имунитетот си работи, се бори, во колективот е постојано изложен на разни вируси и бактерии, телото учи да ги препознава и да развие отпорност, да ги поминува од нога. Барем сега сме сведоци колку тоа немешање во колектив и дистанцирање си го зема данокот. Периодов еден куп вирози има што претходно од нога се проаѓаа без проблем.
Мојата оди во градинка од Септември. Како сакате сватете ме ама од таквите ама само кашла или бактеријата не му прави никаков проблем јас глава не можам да кренам секоја недела. На ВАШЕТО не му прави проблем и дај Боже да не прав, затоа моето е со температури и антибиотици секој месец. Како што можам јас да ја чувам дома додека на контролни брисеви не видам чисти дека се зарад доброто на другите деца можете и вие. И не немам баба сервис да ми ја чуваат дома по 2 недели. Слободно напаѓајте ме.
Исто. Не сакав претходно да пишувам зашто одма напаѓање ќе имаше, а не сум расположена да се докажувам. Градинката за мојата е хорор. Одма качување температура. Дури и вошки заработивме од таму. И знам дека со испиен антипиретик одат во градинка истиот ден, роднина ми кажуваше дека така го праќа детето. И сега? Знае дека детето и е болно и го носи во градинка за да зарази други деца. Алал навистина.
Мислам дека е редно да сфатите дека никој не ве напаѓа. Едноставно ве соочуваме со реалноста. И јас се притресував кога почна и кога една недела одеше, една пауза. Ама сфатив дека тоа е нормална фаза која мора да ја пројдат сите. Ако детето ми е во општа здравсрвена состојба и да кашла не го носам на лекар и продолжува понатаму како и до тогаш. Ако крене температура не трчам одма на лекар. Првиот ден си е дома. Ако продолжи и втор ден консултирам матичен. Ако престане чувам уште еден ден и пуштам во градинка. Ако само протекува нос исто. Чистам нос редовно и си продолжува. Сигурно во моментов кога амбуланти се преполни нема да носам дете во добра општа здрабствена состојба во чекална полна со деца со различно дијагнози. И да и моето лежело во болница и се влечело со антибиотици. Уште нешто, откако ја сменив матичната која заради тоа што е дете оперирано срце даваше антибиотик и кога треба и кога не треба детето дали еднаш пиеше антибиотик за цела година, вирози проаѓа на нога со по ден-два температура. Ако ништо друго бар тоа обидете се да го сфатите. Антибиотици колку прават добро, толку и го рушат имунитетот.
Нема правило да мора чист брис да покаже па да оди во градинка? Нервозно е на почеток и тешки, но мора да се помине низ тоа. Јас сум во Германија и тука нема брисеви и децата одат и со страшна кашлица во градинка, на почетокот се разболуваше од пет дена два дена во градинка три дома ама со тек на време почна се поретко да се разболува, оваа година н апример беше во април болна па сега во ноември. Второво почнува од декември сега и истото ме чека ама мора да се помине низ тоа. И јас немам ни баба сервис ни ништо и досадно ми е секој втор ден на работа да се јавувам дека дете е болно не одам на работа. Секогаш ќе има некој што ќе го носи детето со парацетамол даден ама не е е до тоа тоа сакам да кажам. Еве тука нит брис постои нит се знае која бактерија, дете кашле мирна и си оди во градинка се додека е фит. Со тт не смее да оди. Пак ќе кажам без нервози мора да се помине низ тоа. Ќе биде подобро.
Да? Кажи ми те молам зошто здраво дете не кашла ако е тоа толку нормално? Или не му тече нос? (зборам за зелен секрет не за безбоен?) Пробавме и без антибиотик мојата заработи 2 бактерии една во нос една во грло и не можеше имаше темп до 39 4 дена или требаше да ја оставам да се мачи и да ја пуштам во градинка пошто нели тоа е нормално? Во општа добра здраствена состојба со кашлица. Фино фино
Нема правило. Мене ниту за упис ниту било кога ми побарале брис. А мислам дека сама си го даде одговорот. Зошто во Германија не би ви барале, а тука би барале? Да еве цел месец кашлаше, а општата слика му е супер. И си оди. Имаше во средата температура после градинка. Си остана дома во четврокот и петокот (иако немаше потреба ама еве да е 24 часа без тт)и од утре продолжува. Зошто да го носам на доктор кога очигледно што и да беше со надмина?! За состојба со 3 дена температура прво правам кс па оставам матичната да одлучи што понатаму .
Има само што кај нас ко да го нема. Јас кога однесов првиот пат кога имаше бактерија чист брис ми одговорија да си го чувам за себе на нив само лекарска потврда. Јас не велам дека децата нема да се разболуваат па побогу и ние се разболуваме ама исто така сметам дека не треба свесно да праќаме болни деца во градинка со образложение во општа добра состојба е. Да беше во општа добра состојба немаше да кашла и да има секрет во нос нели?
Значи да сумираме : кашлање и темп не се индикации дека со детето или возрасниот нешто не е ок и тоа што ќе оди во градинка со опаднат имунитет е добро за него и за останатите деца.? ОК сватив.