И кај мене кашлаат со недели некогаш после вирус и одат во градинка се додека немаат тт или кашлицата не е толку јака да помисли човек дека воздух не може да зедат. Но и ако 1-2 пати на ден треба носот да се исчисти земаат марамче и одат во бања, се секнат, мијат раце. Кога се накашлуваат тоа го прават во лакт. Е не е исто кога на дете цел ден му тече секрет од носот и буфта кашла, плус бактерија која си ја носи. Не е ниту алергија, не е ниту кашлица после вирусна инфекција. Бактерија е. Плус и на возраст кога секретот сам тече и се разнесува низ цела просторија, кога сеуште се мали за да се искашлаат во лакт барем. Цела дискусија почна од пример кога брисот е позитивен а има активна кашлица и секрет. Докторот дава зелено светло за да оди во градинка а виспитачката пребарува негативен брис покрај потврдата(и да, знаеме дека секакви ги има ама сепак да се надеваме дека грото се асални и стварно гледаат и пазат во каква здравствена состојба се децата кои им ги носат). И ова дете може да јача имунитет и без антибиотик да се “лечи” ама во моментот кога ќе се стави во градинка веројатноста да се испозаразат повеќе деца е голема Оти едноставно секретот и кашлицата си го прават своето, не е тоа дете без симптоми.
Да кашлање, кое не е продуктивно и да си ги искашла белите дробови, руку накашлување неколку пати во денот не е причина за седење дома. Особено со скопскиот "воздух" што го дишеме. Тт од еден ден која сама од себе поминува (значи организмот сам се изборил) не е причина да правам кс слика и брис. Си отседе дома, не се повтори и од утре ќе си оди во градинка. Ниту сум пратила дете со температура, ниту да се гуши од секрет. Цело време за да оправдаш твојата теза одиш во крајности и не ме читаш како што треба.
Ама исто така знаеме и дека чим имал тт нешто не е ок така? Не напротив те читам многу убаво. Зошто не консултираше педијатар? Пошто нема да добиеш потврда за утре или како?
Искрено сите сме го поминале ова на почеток. И сите се нервираме, ама ќе се навикнеш и ти и дете. Или како некои мајки ќе го отпишеш од градинка. Тоа е колективот, ќе зајакне со тек на време и нема да биде болно толку често . Еве го втора година во градинка, не е веќе болен секоја недела. Мајка, син ми пред 2 недели почна да кашла во сред ноќ по скоро 1 саат, мислиш се гуши од секрет. Преку ден исто има периоди на кашлање кои траат пократко. Проверивме буквално се што може да се провери. Крв од вена земена со сите можни параметри - супер. Брисеви на микробилогија на Клиника пратени, негативни. Грло и плуќа прегледани, ништо нема. Дете упорно кашла. Заклучок од повеќе доктори е дека кашла од загадениот воздух. Многу е загадено и нормално дека тие мали плуќи реагираат. Одеше во градинка и со кашлица. Учителката знае дека сме одговорни родители и дека не оди ако е болен и разбира дека кашла заради иритации. Бевме сега 4 дена на море, се смири кашлицата. Не се болни сите деца што кашлаат. Не судете одма. И не бидете мајки кои гледаат попреку др мајки на деца кои ќе се закашлаат на лулашки.
Помина тт. 3 дена нема ниту еден симптом. Според тебе треба да го пикнам во амбуланта да чекам со саати за да закачи нешто? А матичната не ја консултирав зошто температирата не траеше ниту еден ден. Дури и да и пишев знам што ќе ми кажеше следи, ако не се подобрува донеси. И потврда ќе ми даде без проблем, ама немам обврска да носам. Во самиот договор што го потпишувавме со градинката пишува потврда за здраво дете се носи за повеќе од 10 дена отсуство (односно во услови на пандемија за повеќе од 5 дена отсуство). Така да нит дете мкнам по амбуланти нит јас трудна 8 месец ќе се пикам да чекам да ми издадат нешто што ништо не значи. Има родители кои во џеб постојано имаат потврда потпишана од матичен за да ја приложат кога ќе им притреба. За среќа нашава не е таква и реално проценува дали дете треба да оди или не, односно дали треба да издаде потврда или не.
Кај нас не се носи потврда. Неродители. Колку пати го имам носено дента здрав топ до вечер му се мени се, со темп со мрсоли. Што значи дента веќе бил вирулентен. Не оправдувам темп. Ама општа здравствена состојба значи и весело дете на кое може да му протекува нос или поткашлува. Дете во колектив се разболува се додека не стекне имунитет . Сосем нормален процес и дел од растењето. Брисеви имам еднаш правено. Немајка. Не го носам за секое кивање на матичен. Во најголем дел од случаевите, знам како да постапам на своја рака.
И уште ова. Ако го изолирате детето од градинка не треба да оди ни по молови, ни по игротеки, ни во кино или на друго место каде што има вируси. Не треба да оди на гости или да му дојдат гости зошто колку и да сме одговорни, дете во инкубација за мн болести нема симптоми, па ќе го зарази вашето. И тоа не ви е гаранција дека нема да закачи нешто. Во лифт ќе се вози со некое дете кои е во инкубација за сипаници на пример, и ете ти.
Нити гледам нити судам. Има разлика од кашлица до кашлицата тоа е све супер. Зборам за примерот од погоре каде што членката вика дека бактерија е ок да има детето и да оди во градинка се додека него не му прави проблем. Мојата имаше минатиот четврток темп од 3 дена одење во градинка. Нос не и течеше кога ја вратив. Од тогаш си седи дома иако од саботата (минатата) нема температура. Или требаше да ја пуштам во понеделникот па не долечена да разболи некое др дете или да ми се врати бетер болна дома? Во понеделник ја носам на очно во вторник ќе оди, па ќе видиме сега до кога
Мојата имаше минатиот четврток темп од 3 дена во градинка. Од тогаш иако од минатата сабота нема темп (вироза) не е однесена во градинка. Ќе оди во вторник. Сметам дека ни за неа не е ок со намален имунитет нити па не долечена за другите деца таму. Тоа е мое мислење и имам право да не се сложам со твоето. Сепак сите правиме како што мислиме дека е нај добро.јас дете без чист брис за мое и нејзино добро а потоа и на останатите не би вратила ни во градинка ни никаде. Кога е болна може само през зграда да се шетаме со тоа што на останатите им викам да не и се доближуваат. Молови и Кина нема.
Све ми е јасно мајка. На сите ни е јасно. Во лето после одмор почнува градинка и точно 2 дена е без секрет во нос. После пак иста приказна. Така растат, пробај да не се нервираш толку. И ја се нервирав и сфатив џабе.
Ама ако нема симптоми, од каде да знаеме кој има бактерија? Кашлицата не е секогаш симптом на бактерија. Сите носиме бактерии во себе, си ги пренесуваме едни на други. Поентата на колективот и социјализацијата меѓу другото е јакнење на имунитетот и создавање на отпорност спрема бактерии и вируси, или барем од нога да се поминат инфективните агенси. Чување дома на здраво дете не оди во прилог на јакнење имунитет, тоа од педијатар ми е кажано. Имале, немале баба сервис, првите две години од мешањето во колектив се тие, болестите се неизбежни. Сите сме го поминале тоа, ни било тешко, глава не сме кренале од разболувања, ама поминало. И течењето нос е неизбежно, јас не паметам моиве да не им течел носот додека беа во градинка, па ни сега во училиште не е поинаку. Јас по совет на доктор постапувам, кашла дете, ама ништо не му е, вироза е, нема потреба од брисеви и крвна слика, кашлицата трае цел месец, ќе помине, слободно може да оди во градинка/училиште.
Свесна сум дека реагирам по бурно но стварно ми е жал и за моето и за сите дечиња таму. Човече да му ставаш пред брис хлорофеникол за да испадне чист брисот за мене е ван сваке памети а ги има многу такви. Разбирам јас све само ми е ептен криво што стварно сака да оди во градинка а јадното не може повеќе од 3 дена здрава да сврзе таму. Брисеви, кр ни слики, антибиотици се изнапи се избоде од септември навака ко што некој деца до 10 години не примаат / прават. Зборев за пример во кој што родителите се итекако запознаени дека нивното дете има бактерија. Јасно ми е дека ќе се разболува но од Септември до ден денес она нема една недела да е здрава. Минатиот месец само 3 дена беше во градинка цел месец се лечевме од бактерии што закачи таму 2. Не велам дека моево е паметно но стварно ми е жал да ја гледам како се мачи барем една недела да е здрава да може да прошета да се израдува на било што. Од вторник пак ќе си оди.
Bas sprotivno ti kazuvaat...tt proliv.povrakanje i omalaksano dete sedi doma....kasla kiva ama bez tt veselo jade pie skoka odi vo gradinka....i kontrolniot bris za sto go praite ic ne mi e jasno...za da se potapsame po ramo i da so go uramime doma li
Твоја одлука е колки ќе држиш дете дома после вироза. Ете јас сум проценила дека нема потреба толку и до сега се покажало дека сум во право за моето дете. Секој си го знае своето дете и носи одлука само и само за своето дете. Ама ти осудуваш зошто 2 дена(односно ради викенд 4), после вироза со пола ден тт ќе го носам детето во градинка, јас не те осудив зошто ти не го носиш твоето Не збореше само за бактерии
Ме мрзи да враќам наназад кај што пишува дека иако има бактерија оди во градинка пошто јаде пие скока. Тој муабет го праам цело време. Пошто мојата и покрај панцеф и остана стрептококата во нос. Па после третирање уште 5 дена и чекање од 4 дена сакав да видам дали е излечена или не за здрава права да ја вратам во градинка.
Не те осудив те прашав зошто не консултираш педијатар и дали тт и кашлица не се индикации на вироза, бактерии односно све освен не добра општа состојба на детето. Пак ќе повторам прави како мислиш имам право да не се сложам како што и ти имаш право да не се сложиш со мене.
Ако детето СЕКОЈ МЕСЕЦ ти е со антибиотици, или матичниот да си го смениш што ви дава толку често и непотребно, или детето ти има сериозен проблем со имунитетот и треба да истражиш која е причината за тоа. Ама пошто сум видела сто пати давање антибиотик кога немало потреба и од родител и од лекар и сум видела драми за температура 37 со 4, поверојатно е дека кај вас е првото, а не второто. Брисеви, па после уште и контролни брисеви, само за да го негуваме ирационалниот страв на родителите, нема грешка. Ти го гледаш само твоето, кренало температура, се закашлало и мислиш којзнае што е, докторот 30 ќе види такви денеска и по 30 гледа секој ден и знае дека за неколку дена ќе оздрават. Кај ќе ни беше крајот ако за настинки го оптеретувавме здравството, ако се исполнуваше секоја желба на родителот, ај брис, ај крвна слика, утре којзнае што ќе ни текне. Две работи ќе те советувам да размислиш, прво дали стварно детето ти е толку болно колку што ти мислиш, или само обични вирози се, ништо специјално различно од секое друго дете и втората работа е, ако стварно толку се разболува дали се разболува од неизложување, од чување во стаклено ѕвоно, од непредизвикан имунитет. А не сите други деца да се прилагодат на нешто што не е разумно. Не може докторите овде да грешат, докторите странство да грешат, повеќето родители да грешат, ама ете баш неколку родители што уствари си имаат фобија, а не сфаќаат, баш тие неколку да се поголеми доктори и од докторите. Мајка ми беше таква, плачеше јас ако кренев температура, па порано и антибиотици се даваа многу полесно одколку сега, колку имам изнапримано од чиста глупост само јас си знам, сирупи, боцкања, се што можеш да замислиш само за мајка ми да е мирна, а никогаш не сум имала посериозен здравствен проблем, се само настинки, па и ко возрасна долго време си носев некое чувство на болежникава, иако скрос здрава. Децата некогаш тоа потресување потешко го поднесуваат одколку вирозата па ти како сакаш сфати ме.
Консултирам кога има потреба, за пола ден тт немаше ни кога да изреагирам, а кс и онака се прави најрано 24 часа од прва тт, а он ни 12 часа немаше. Обзирна сум со што се соочуваат педијатрите периодов зошто и јас сум чекала во чекална и за ова сметав дека нема потреба да ја замарам зошто знам кој ќе и биде одговорот како што пишав. Ти не ми одговори, што според тебе требаше да направам за пола ден тт која сам ја. Брис, кс, ренген на лев бубрег?!
Не сум родител што детето си гочува во стаклено звоно. Мислам дека сум баш напротив од тоа. Еве за овој конкретен пат ќе ти кажам дека јас немаше да правам ни к.с пошто сметав дека темп не е нешто вауууу. Парацетамол давам исклучиво над 38.5 ако има макар и цел ден 38 ќе се бори без ништо. Крвна слика направивме на убедување од мажот ми да ја носам на педијатар односно во ординација а не преку тел да решам со педијатар ката која што бидејки имаше малку погуст жолт секрет рече да направиме и брисеви и со рез да се вратам. К. С. Мене ако ме прашуваш беше во ред, леукоцитите беа на горна граница(чак не ни беа покачени туку на горна граница) ни даде антиб за тоа. Дома војна водам ама ќерка ми антибиотикот не го пие. Сметам лично дека нема потреба. Црп беше мирно. Чим за 3 дена нема ништо односно темп пројде не ни кашлаше нешто да се дави како минатиот пат кога спушти на плуќа најверојатно беше вироза. Такада не, не сметам дека ќе седнам и ќе плачам пошто има 37,5 и ќе ја товам со антиб. Матичниот посекако веќе некое време сакам да го сменам пошто и онака на секое идење губаѓ по 2 саата додека да ме прими. Еден ден ми вика црвено грло наредниот не е црвено по наредниот замената вика црвено грло
Ништо од наведеното. Но исто така не сметам дека треба да иде во градинка барем една недела колку толку да зајакнеш имунитет. Ама тоа сум јас, ова си ти. И тоа е тоа. Can we agree to disagree?