Дете без никаков симптом да го чувам дома и без негативен брис да не го праќам во градинка? Да кашла, а да има супер крвна слика што е секако можно и да не го праќам во градинка? Слободно можат да се затворат градинките овој период. Патем ако не се разболуват сега, ќе се разболат за неколку години. Мора да минат некои настинки за да створат имунитет. Секаде е така. Само ние овде ги правиме нежни децата
Се согласувам со членката погоре, многу често родителите паничат за најмала настинка и одма посегнуваат по антибиотик, температура 37 одма парацетамол, чепчиња...Некој дури и сами на своја рака даваат антибиотик што за мене е голема грешка, само кај нас антибиотик се дава како бомбончиња. Матичнава на децава до сега фала богу ниту еднаш не им дала антибиотик, а кашлале корнеле што се вика мрсули залени... Кога ја прашувам дали треба антибиотик ми вика.. " Дете ако кашла е "добро" така искашлува и не задржува секрет, зелени мрсули ако не прават поголем проблем сами поминуваат со редовно чистење на нос со солен раствор, ако направиш брис секако ќе покаже бактерија, а кој нема бакрерии во нос? Температура до 38,5 ,( освен ако детето е премало новороденче) не се третира со лекови тоа е добар знак значи организмот реагира и се бори со тоа се создава имунитет. Сум ја послушала и фала богу до сега немало некој посериозен проблем. Исто и мајка ми била таква паничарка што за 37 температура одма ми давала лек, само јас си знам колку инекции имам примено... Затоа сега кога качувам температура и 10 парацетамоли да се напијам џабе, ветер да дувне во Велес јас во Скопје ќе настинам.
Само доктор и јас може да одлучиме дали треба да оди или не. Ставот на докторката го знам и мојата пракса покажала дека му е доволно и повеќе од доволно ова седење дома. За разлика од тебе јас не се дрзнав да ти сугерирам и кажам што е најдобро за твоето дете. Тука ја завршувам дискусијата. Убав остаток од викенд.
Јас секаде зборам како јас сметам и би постапила. А никаде како ти треба да праиш дури и неколку пати ти реков дека имам право да не се сложам исто и ти како што секој има право да прави како што сака. Поздрав исто и на тебе.
За крвните слики да кажам муабет од медицинско лице... Џабе ги праиме, само пари фрламе беспотребно. Ова се однесува на крвна слика од прст, пошо (како што ми беше објаснето) зависи како е земен примерокот, па параметрите можат да варираат, да не зборам што лабораториииве ни се приказна за себе, секој со различни резултати Затоа, најверодостојна е крвна слика од вена, што и се практикува по болнициве и во странство
Мене најчудното од се ми е што во Мк се прави крвна слика и брис и антибиотик, а во Германија ниту едно од овие три, а и тие и овие деца оздравуваат на крај. Штом и без ништо се оздравува претпоставувам поправилно е така ама не можам да ја сфатам разликата како во две земји има различен односно спротивен начин...
Свеж воздух, луфтирање, исхрана/течности и парацетамол. И за болки во уво, после инфект, не даваат одма антибиотик иако е жар. Набљудуваат, парацетамол за болката, и за чудо минело за 2-3 дена. И шлајм на гради, во болница, лечеа со инхалации со најобичен физиолошки и отворен прозорец. Од око, без крвна слика проценуваат и за вирус дека е.
Колку што ме држи сеќавање едното никогаш нема примено ниту крвна слика и направиле(и крвни групи не им знам). Двете за шарлах по еднаш пиеја.
Кај нас ако отвориш прозор може само да ги дозаразиш. Да излечиш дете со отворен прозор само, во декември? Кај нас? @The Unicorn ако е без никакви симптоми, зошто сте правеле брис?
Затоа што ние тука сме најпаметни и сами свои доктори. Да можеме сами да си издаваме упати секок ден ќе висиме по болници и само ќе испитуваме нешто додека не си најдеме некоја болест. А докториве од што сме "попаметни" од нив ни ги исполнуваат сите желби инаку одма ќе ги смениме дека се некадарни. @danichap е јас затоа се обидувавда се објаснам, ама повеќе не навлагам во дуели. Не може некој да ме убедува дека е нормално да носам да му брцкаат за брис на секое кивнување, за да се задоволат туѓи фетиши. И дури и потврдена бактерија на брис не секогаш се лечи со атб. Сум пишувала дека пролетта заради продолжена кашлица самоиницијативно (ова мм инсистираше), правевме брис. Матичната не сакаше да чуе да даде атб за неа, зошто дете освен досадна сува кашлица која она ја следеше, немаше никаков друг симптом. И од тогаш реков ќе ја слушам и нема да правам ништо без нејзин упат. Да чукнам во дрво детево добро се држи откако она го води.
И мене ме интересира како е можна толкава разлика. Ништо не се проверува, брис и крвна слика, а штом не се проверува нема ни што да се лечи. Па по големава 5ипол години има гледам дека ок е, здрава е, ретко се разболува, тт и поминува за помалку од 24 часа, не кашла последниве 2-3 години, само првата година во градинка кашлаше. Муабетов го започнав заради муабетот дека детето се разболувало дека свесно носеле родители дете со бактерија во градинка, а тука не се проверува бактерија и со кашлица се носат и пак исто е, на почеток се разболуваат, после се поретко, и тоа е, мора да се помине низ тоа, никој не е крив.
А на пример што во случаеви доколку детенцето има гној на ангина? Или кашла премногу? Ништо буквално не се дава? Ете ние за тоа сни добиле антибиотик и се се погодило на педијатрија да завршиме (знам а стапнам на педијатрија не заминуваме без антибиотик, не знам зошто така прават иначе во болница веднаш му прават кс) три пати ова ми се случува, во тие моменти гледаш да му се помогне на детето си велам па доктори се сепак најдобро тие знаат да не се правам јас паметна, кога ќе го заврши антиб го пуштам в градинка и за некој ден пак болно, не знам дали е тоа нормално, дали од антиб му се намалува имунитетот и лесно се разболува, дали после пиење на антиб подобро е дома уште една недела да го чувам да се врати во нормала или нема врска тоа или е фаза која сите ја поминуваат.
Сега го носам во Промедика кај д-р.Моника Топузовска. Не е идеално, далеку ми е (додуша блиску до работа ако треба да претрчам за нешто), гужва има како и секаде, ама за сега еве една година го води и задоволна сум од пристапот.
Od moi prijateli vo stranstvo sum razbrala deka tamu ideata e sami da se izborat so sto god da e. Mozda ke trar malce podolgo ama taka bilo podobro. Prijateli vo norveska nemaat ni maticen pedijatsr nego opst lekar i za niv i za dete. So astma 3 dena u bolnica im lezese ni ks ni bris vidoa. Tatkoto norvezsnec vika jas u zdravstven karton samo covid vakcina iam niso drugo ne mi pisuva ne pamtam apce da sum piel. I zamislete decata vo gradinka se nonstop nadvor samo za jadenje gi pribiraat i za spienje na tie vremenski uslovi....kaj nas se sto fakame prvo e od promaja pa od se drugo
На мојот му даваат антибиотици од око. Дури пречесто според мене. За воспалени крајници доби антибиотик, го носев за продолжена кашлица со шлајм доби сумамед од око... и така Сметам дека во Мк се претерува со брисеви и крвни слики, ама и овде претерано се штеди.
Конкретно за гнојна ангина не знам. Ако мора ќе дадат антибиотик. Ама ако детето кашла корне на пример нема ни брис ни крвна слика ни лек. Мојот педијатар два пати ни има дадено антибиотик за воспалено уво ама прашав дали има простор да чекам па да дадам и ми рече да, па лечев со спреј за нос и се смири за неколку дена. За помало во сега два пати ми препиша Проспан и некои чепчиња за ако почне страшно да кашла ама не дадов ни едното ни другото, црвен кромид сечам на пола низ дома и за спиење и поминува. Кај мојот е така, и за крвна слика немаше проблем ама од око ми рече дека гледа дека железото не и е ниско, усните и биле доволно црвени и не знам што наброја друго, и стварно не и беше, а јас бев убедена дека и е. Ама брис сеуште не знам што е и гледам дека стварно немало потреба од брис во последниве 5ипол години дека и без него сме преживеале. Исклучоци има можеби кога мора брис и тука не знам. Најдобрп нешто што имам слушнато е дека родителите немаат трпение. Дека кашлицата е нормален дел и треба да се чека и да се следи, дека сирупите за кашлица не помагаат, едноставно треба време. Педијатарот од која држава е?
Даваат антибиотици кога ќе проценат дека треба. Ама секогаш се оди со тоа сам да се избориш. За грлото ми вика отвори длабоко од фрижидер и стави дете да диши. На ладно и имунитет им се јача. Сеа скоро читав пракса од скандинавскиве земји и Русија бебињата како ги оставаат надвор на снег и минус тт да спијат во количките за да јачаат имунитет. Лани бев во Македонија и ќерка ми се испоразболе кашлаше продуктивно, ама на плуќа ништо, брисеви чисти. И докторката ми даде антибиотик 2 дози прими оти пази, и било страв да не спушти на плуќа. И јас со цел памет дадов 2 дози прв пат воопшто прими антибиотик тогаш за буквално ништо. Што лечевме не знам? Како антибиотик се дава превентивно? Тогаш толку знаев, бев извадена од памет и дадов. Сеа сфаќам дека не требало, ама отиде тој воз. Овде двајцата кашлаа полни шлајм 3 недели. Само надвор на шетање на воздух и чистење нос докториве ми викаа 2 пати на ден е доволно за инхалации ми рекоа мали биле 3 години и 4 месеци бебе. Ја пак чистев нос по цел ден пошто полни беа двајцата и од муабетите тука дека ако не чистиш нос ќе спушти на гради. Син ми бебе полесно, а со ќерка ми беа борби и на крај ја остаив. Не сакаше ни да кашла од страв и како и помина само од себе не знам ни ја. Ама шетавме надвор нон стоп на воздух и луфтиравме дома цело време. Антибиотикот го компромитира јако имунитетот. Пробај да се изборите без него.