Иран/Ирак или што ја знам едвај се разбираме... Го сменија стариот што беше, и сега сум во потрага по нова ординација ама потешко оди...
Бебево го однесов кај матичната на ќерка ми за да го слушне ( доктор по семејна медицина е), беше настинато. Ми препиша Цефалексин превентивно Не дадов и оттука на специјалист педијатар, ми рече дека е вирусно и не треба антибиотик. Јас на оние доктори што трескаат антибиотици од ракав зашто им е полесно би им одземала лиценца.
Па негде во светот и се одзема. Инаку, и тука сепоретко даваат антибиотик. Барем моето искуство е такво. Само за воспаление на средно уво ми давале антибиотик. Другото само им проаѓа. Бебево и во Козле со продуктивна кашлица е носено, па ми рекоа цицање е терапија. За големата - течности. Е чист воздух... немам секојдневно.
Кај ги наоѓаш таквите лекари? Навистина прашувам. Јас за големата се зафркнав, и трескаа антибиотици од ракав. Пиеше Панцеф за најдена стрептокока во нос, а само секрет имаше како симптом, ама нејзината матична ме исплаши дека може да спушти. Сега си викам дека може не ни бил точен резултатот. Страшно со лекариве.
Здраво. Сакав да ве прашам за мислење. Не известија дека се појавиле сипаници во групата на син ми. Јас планирам да си продолжи во градинка, тој нема никаков осип и симптоми, но цела блиска фамилија крена паника да го повлечам дома „дури поминат???“ Не знам дали е паметно да го задржам дома иако не е заразен или да си продолжи да си оди.
Во Козле е кој ќе ти се падне... А матичната стара до сега не ми дала антибиотик. Се на дежурства ми ги давале. За увце. Со новиов матичен, уште немам толку искуство ама начелно, течности е терапија. И никакви суплементи не дава како витамински сирупи. Е јас давам д3, вит Ц, маџун, мед. Одвреме на време и пробиотик.
Нема зошто да не го носиш. Сега му е време да се сипа. Во група сипаници имаше од мај, мојот се сипа во октомври. Може и уште има не знам.
Па истото и јас го велам. Инкубација е 10 - 23 дена, каде не знаеш дека детето се заразило. Колку време да е дома? 3 месеци... Ништо ќе си оди, ако крене температура или се појави осип, тогаш ќе го задржам дома. Ви благодарам.
Јас би пуштала дете да оди, подобро помало да ги прележи. Големиот иако одеше редовно, првата година не фати, втората година ги прележа, а малово воопшто нема прележано иако одеше во пикот на сипанците цело време. Сега е во училиште, а не знам соучениците дали имаат прележано сите, за дел знам што беа со него во градинка. Како и да е, подобро да ги прележи како дете.
Денес отиде во градинка прв пат после 10 дена коксаки. Сеуште има коксаки во групата. Од 22 деца имаше само 5 деца со се мојата. Можно е пак да фати коксаки??? Колку време ќе има имунитет или нема да има?
Има имунитет за овој тип што го прележа, може да закачи друг тип на коксаки, ама сигурно не одма, оти е имуна на тој што е моментално во градинката. За понатака може никогаш да не закачи повеќе, а може и да се зарази со друг тип коксаки, иако нема големи шанси. Коксаки вируси има повеќе типови.
И за воспаление на средно уво може да помине до 3 4 дена блок макс се пробува прво така при вирусно воспаление
Епа паметно си постапила. Ја толку знаев. Прв пат на 2 години се испоразболе толку, и тоа се погоди да сме во Македонија баш тогаш. А и очигледно мене ми се чинеше дека е многу лошо, пошто крвна слика, брисеви и гради чисти. И две дози антибиотик превентивно доби. Ќе си пукнам од мака сеа ама тоа ми е. Сама сум крива, требаше да знам подобро. Сеа овде матичната ја лечеше по телефон. Кажувам симптоми, ми кажува што е и што да правам. Ја пак паничев и трчав на итна и сем што покрај тој вирус им донесов дома и ковид ништо не ми рекоа поинаку. И више реков ќе слушам само матичен и не си праам екскурзии на итна пошто ја секако не сум експерт. Како за сите така и за моето. едит. За Македонија и јас мислам дека се помалку се дава антибиотик последниве години, што е супер.
Луѓе мењавајте педијатар ако за кивнување дава антибиотик, јас се чудам од блиски кога ќе ми кажат дека детето им е на антибиотик, а исти симптоми има ко моево пример. Не дека не треба да се зема антибиотик но за вирус кој ќе пројде за неколку дена не. Јас ги лечам кај доктор Мира Атанасова во Црниче, искусна докторка која секогаш оди на семинари не е од типот што научила на фах тоа. Пет години сме кај неа и до сега антибиотик немам дадено, дете поголемиот оди во градинка и нормално фаќа од таму, пренесува на другиот ама до сега се што кажала така било.
Ви текнува во паркот кај авиончето кога има полен секоја пролет, па ќе се раздува ветер? Е таму кога одиме обавезно цел месец зелени мрсули му течат и кашла. Си оди во градинка најнормално. Исто и со мораксела си идеше во градинка зашто антибиотик без симптоми не дава ни докторката, ни јас само за да задоволам нечии барања за туѓи деца. И вашите треба да си ги пуштате во градинка кога се здрави без разлика кашлица, растечено носе. Кажете едно дете на кое не му тече носот преку цела година, па прво од воспитувачките го слушам тоа. Со проливи и температури одат, па никому ништо. И јас лани бев од типот ‘од таквите како вас’ зашто моето дете беше болно, јас не спиев со денови, знаев дека сум субјективна ама ми беше тешко и истурав бес така. Ете сега моето поминува на нога, друго некое ќе помине потешко и така додека пораснат. Секое ќе помине низ тоа, секое ќе добие атб кад тад и тоа е тоа. Нема зошто да фрламе со камења една по друга.
Кај нас во апп-от на градинката имаше официјален извештај дека поради зголемен број на најразлични вируси, стомачни, коксаки, грипозни, рвс па само деца без никаков симптом смеат да одат. Кај мене Вики качи понеделникот тт, превентивно двете ги оставив дома бидејќи знаев дека сигурно и другата ќе фати за ден два и би го разнела во нејзината група. И така испадна, и Алекс за некој ден качи тт. Само по ден два тт, ништо не добија од матичниот, ама имаат кашлица без никаков друг симптом и неделава нема да смеат да одат очигледно.
А колку време планираш дома да го чуваш? Инкубација е од 7 до 21 ден. Ако се редат сите дечиња од градинка додека поминат ќе станат 4 месеци. И кај мојава пријавија сега викендов, и не е прв пат да пријават , па ете досега не се заразила. Можеби ќе се зарази овој пат, ама подобро сега да помине отколку во пубертет. Ќе оди стандард во градинка се додека не покаже симптоми.