Еве и јас имам 5 и пол годишна ќерка и бебе што сега ќе прави 4 полни месеци. Големата, откако се породив, не оди во градинка. Маж ми е по патиштата, а јас сама дома, каде ќе одев по лекари сама. Едноставно се плашам многу за бебево. Големата кога одеше во градинка се разболуваше. Сега паузира. Планирам од март да оди пак, така им кажав и таму, но искрено коса ми се крева уште отсега.
@TeddyGrey јас сум во иста ситуација. 3 години големата и 5 месеци малото. И двајцата се со де затнат де растечен нос више 2+ месеци. И кај мене малово се префаќа од неа. Не мислам да ја чувам дома. Вториве ќе ојачуваат на потежок начин, тоа е. Ако малото ти е понежно, верувај вака или така пак ќе си закачува пролазни вирувчиња. Вчера читав овде кај мене има многу болни деца од рсв клиниките се полни. Се извадив од памет. Па вчера решив да ја пуштам неделава во градинка, вторник Дедо Мраз ќе им доаѓа и ќе ја чувам дома до после распуст, после Нова Година негде. Од 20ти секако е на распуст, недела две, плус минус не ми менува многу. И рачунам мали ќе е 6 месеци демек појак веќе. Така се тешам, ама тоа ми е планот. Од Нова Година ќе си продолжи редовно.
Јас го пуштав. На 1 месец со мрсули закукан скроз бебе, голем ништо сериозно, на 2-3 м сипаници (не го вакцинирав рота зошто не ми дадоа во инкубација беше). На 5-6 месеци коксаки и пак закукан со инхалации. Дојде лето. После коксаки ми зовре веќе, го повлеков, ај лето. Супер здрави до септември. Од септември беља си напраив за големиот. Вирус, вирус, грло, уво, и се мислам зошто прекин имаше, малото ништо си одеше на адаптација. И после бронхит после месец и нешто, ама големиот ништо. Не си пренесоа ништо, а спијат заедно и се борат секој ден Лотарија е дали ќе фатат нешто или пренесат. :/ Ама короната си го зема данокот. Тие изолации, мерки...
@TeddyGrey и кај нас беше иста ситуацијата, со 3.5 год разлика, малото го почна патешествието со фаќање на вируси од неговиот втор меесец, го почна со ковид, па продолжи со тоа што носеше големата од градинка. Би рекла кај нас најстрашното почна кога го запишав и него во градинка, одма после неговиот прв роденден. Е тоа беше, ако ти пуштам скриншот од мемо нотес, чинам два пати неделно бевме кај матичната за нешто. Болен го носевме на море, све не зареди, буквално... Нашата исхрана во принцип е здрава, сега уште повеќе внимавам да внесуваат доволно од све, со тоа што по препорака на матичната почнавме и со имуностимулатор, и не знам од што е точно, но, конечно можеме да здивнеме малку. Тој тежок период, мислам дека не прескокнува некого, мора да се пројде, јас не и паузирав градинка додека бев на породилно, ми немаше поента, дури и подобро дека бев дома. Вторите деца порано почнуваат со билдање имунитет ( вака викам за нашата ситуација по дома, кога зборувам со другарка што има второ - новороденче па почнаа сагите и кај неа ). Со лесно нека пројде! ♡
Па си викам ќе пркне. Ќе има една година. Сега ептен мал, па и пишав дека сум сама речиси цела недела
Мене тек ме чека ова, ама сакала не сакала дете мора да оди на школо, да беше градинка ќе седеше можеби дома, ама вака... Лично искуство немам, ама имам од кумата, она ја сопре големата бидејќи малото на 40 дена беше со бронхит, тогаш и кажаа бар додека ојача до 3м да поседи дома и седеше. Е сега да ти кажам мене каков ми е планот. Бато нели мора да оди во школо, ама ќе земам пак Ацидосалус, ќе прскам нос и грло секое сабајле и кога ќе си дојде од школо ќе прскам физиолошки и ќе терам да дува да издува се. Ќе миеме раце подетално и ќе се пресоблакаме пред да влеземе дома, односно во вц, за колку толку да го заштитиме бебе бар зимава да ја изгураме. Да го одвојам од брат му нема да има никакви шанси, тој сега од стомак не се двои а камоли кога ќе се роди, си има замисла дека креветчето ќе се монтира кај него во соба дури. Не знам кои ти се размислувањата за овие локални заштити за бактерии и вируси, нос грло, бар оригано можеш да пробаш во нос со оглед на тоа што ви е слаба карика и да ја тераш пред да влезе кај бебе темелно да мие раце ( стај и сапун и пејте некоја песничка дури мие и дур не ја испее да трие, тоа успева кај нас) преслакање комплет па тек тогаш кај бебе. Не знам ете како некој начин ти предлагам, што јас ќе правам, зошто немам опција да го заштитам со седење дома. И имај на ум, баткото во градинка има шанси да помине многу полесно од дадата, скоро без отсуства, исто ми е ова искуство од кумата со двете и неколку блиски со по 2, вторите веќе се имаат пројдено и во градинка ден немаат отсуство од старт.
Се од ова правам освен ацидосалусот. Прскам Назалис спреј, многу сум задоволна од него за големата. Се разболе и бебе на 40тина дена ама пројде само со растечен нос. Беше лето и не идеше летото во градинка. Септември бевме на одмор не тргна одма, баш да потпорасне реков. Сега е 7 месеци бебе. Ваљда ако не е сега, ќе беше истово и од 9 месеци да чекав. После бебе ќе го чува баба му ама даде начелно мора во градинка. Башка што сака да оди. Тоа е, според искуствата мора да се помирам, ќе пораснеме... и ќе правиме се што можеме од наша страна.
Теши се дека во градинка полесно ќе ви биде, ако е утеха. Тоа е. Е тој Назалис не го знам а го кажуваат исто добар. Тоа е, со 2 деца сите сме со иста мака најверојатно.
Дали некој го има давано сирупов за кашлица што се слева од нос при вироза да сподели искуство дали ја смирува кашлицата?
Бел слез не е за смирување кашлица туку за исфрлање на секрет.Ја раствара слузта и го потикнува искашлувањето.
Здраво дечки, ме интересира дали деновиве имате искуство со актуелниов вирус со проливче и температура? Бубче (10месеци) го закачи од градинка и еве после цел месец неидење, едвај недела истеравме пред да пројави симптоми.
Не знам дали е истиот вирус ама го пројде детево само со температура еден ден. Буквално цел ден му се качуваше до кај 39,5 па полека опаѓаше до 37,2 3. Целосно не му се симна 24 саати. Едвај 4 саати додржуваше за следен сируп, со туширање и чорапи со оцет и вода. Кога му се симна температурата не се качи повторно и нормално си функционира. Со лесно нека ви е
Што е и добро. Последно ко совет од доктор што добив - кашлица( предизвикана од секрет од нос) не е болест и не се лечи, добро е да се искашлува - затоа е продуктивна.
Zdravo. Baram sovet kerka mi ima 20 meseci od 13 meseci odi vo gradinka.Odi ustv ne odi . Ke ja pustam 3 dena pa mesec dena ja lecime.. kako da i go podignam imunitetot
и мене ме интересира истото, мојата е 13 месеци, тргна на неполни 9, последниве два месеци сме само на антибиотици, инхалации, се живо фати, тем цело време, бронхит, дома ја оправаме, а тргне два дена и пак истото... почнав киндер имун да давам по препорака на педијатар, ацидосалус прскам, лој од гуска... цело време сме со кашлица, не може да спие по цели ноќи, последно во систина ја носев само инхалации ни препишаа, мислам дека немаат никаков ефект, дали знаете некој домашен лек за продуктивна кашлица за толку мало бебе???
За толку мало дете јас не би експериментирала со домашни лекови, докторите што ве советуваат? Иначе така си е со градинкиве и ние сме истите, мислам дека ќе биде подобро после некој период… се надевам
Кај секое дете различно, од наше искуство ништо од тие сирупи за подигање на имунитет не даде резултат ниту пак тоа спрејчето од диво оригано тука што го фалат, само со исхрана, овошје, зеленчук, здрава храна, течности, прошетки, тоа е советот од нашиот педијатар
Моето е 19 месеци,пред месец дена многу кашлаше,му давав хербион сируп и чај од бел слез и на гради го мачкав маст експулмо мислам се викаше и престана И мене ми кажаа лој од гуска ама не ни побарав за да му дадам