Мами дали и вашите се често со носе растечено од градинка? Веќе не знам дали е ова нормално таман ќе и се смири и за 4-5 дена пак истото затнато и тече и само прскам синомарин понекогаш и капки од диво оригано. Од септември оди и така е цело време...
Моето точно 2 години во градинка оди, можам да кажам дека конечно има малку желба да оди, конечно малку се опушти, конечно кажува што прави таму, со кој игра, што јади.... А од почетокот е со спиење до 3ч. Со прекини кога бил болен, првата година поќе болен од здрав беше затоа 2рата год мноогу подобро беше до декември, па декември пак болен цел декември, се надевам годинава ќе биде уште подобар.
Исто. Од септември носот не е застанат освен кога е дома 2 недели пр. Па ќе се среди. И сега подолга пауза правевме месец и нешто не идеше и беше супер со носот. Одеше 1 недела у градинка носот уште 2 ден почна па еве недела ипол како не оди гледам подобар е. Нема чаре се тоа шприцав а сега веќе само кога е неопходно, пошто не мислам дека се баш ок за пре честа употреба,, дури и педијатарката ми кажа да внимавам да не користам пре често и тоа и инхалатор.
Pak da gi pofalam onie vit c i zink na natures aid kako gi donese zegin pak i i gi davam veke 4 nedela bez prekin tera. Ne znam dali e koincidencija ili ne ama denes i mmr uspeav da ja vakc konecno
https://zegin.com.mk/mk/natures-aid-imuno-plus-peroralni-kapki-50-ml Direkt od pipetata i davam. Siseto e za okolu 20-25 dena
Дојдов да се пожалам за ова и ете сите на исто се жалиме.Мојата е 4 години и ова и е веќе втора година во градинка,ама носот стандард после секоја пауза за 2 дена се растекува/затнува и трае недела дена.Ги мразам веќе спрејовите.Дали правите пауза за затнат/растечен нос? И некоја препорака за спрејче,ориганото ич не ми го сака,а синомарин хипертоничен не помага баш?
Лелеее и мене истово ме интересира си викам и тоа прскање на секое можи не е на арно,и јас користам синомарин и нема некое подобрување
Некаде низ темите го пофалив ова спрејче од Зегин, мене за бебето многу ми помага. Spoiler Прашајте за поголеми деца, ова е 1+. Многу добро распрскува.
Јас доколку не е нешто алармантно не прскам. Оставам да си истече самото. Не е убаво тоа прскање нон стоп.
Се слагам со тебе,ги избегавам колку се може,ама навечер за спиење се затнува и не може да спие.И пак излага дека секој ден прскам.Ова е секое одење во градинка,без исклучок скоро две години со паузи.Кога прави пауза се враќа во нормала и после пак истиот круг и веќе преку глава ми е.Особено што пред два месеци и увото и се воспали од носот.И сега страв ми е и да не прскам за да не стигне пак до увото.
А си пробала со оние експулмо ли како се викаа на павле мислам плаво едно да ја на мачкаш мене ми рече педијатарката на градите ама пошто ментол ваљда од јачината ќе се опушти, или кромид нешто сецкан до глава, ама тоа па мириса, кој може да поднесе. Знам во врска со градинката и неа од септември сме такви, дур е во гради ка тече нос еве ја 6 недели дома носот 1 не потекол.
И кромид ставам и експулмо сум ставала.За спиење ништо не помага освен Септаназал,а го избегавам да не е пречесто. Ама ко шо читам во сите градинки е исто,така да освен да паузира пак,немам друг избор.
А ви коментираат нешто воспитачките кога е така со затнато носе и тече од време на време? Мене ми се чини како само мене да ми кажуваат како да е тоа така трагично
Не, можат да ми кажат пр. Денес и течеше носето ама не е страшно. Зависи каков е секретот. Дали има бактерија или не. Ако е воденкаст ништо не ми викаат.