Не ми коментираат ништо,сигурно има и други деца со истиот проблем.Напротив,воспитачките никогаш не ми правеле проблем.
Ги немам споредено ама солен раствор е. Овој конкретно што го ставив е изотоничен зашто моето е бебе, над 6 месеци мислам можеше хипертоничен. Инаку, да знаете изотоничен можете секој ден да прскате, нема буквално никаква штета напротив, се препорачува од хигиенски причини.
Пред, као за заштита, ама на моево му го иритираше носот и киваше се вадеше па знаев и после да му ставам да му го исчистам. Искрено дур го користевме во градинка немаше ич мака со бактерии.
@AngelOfArh @Tiny Love овој е? Маж сабајлево го зеде од Зегин, аптекарката му рекла дека не е наменет за деца.
Тој е. Мислам дека нема ограничување на возраста во упатството. Моето е фрлено, ај провери баш што пишува.
Тој да, како не бил наменет за деца, јас прскав 2г од него. Не им е наменет нормално, ако е наменет нема да им се трошат другите хемии што ги увалуваат, а овој е на природна база.
Таман сте, во упатството пишува дека можат да го користат доенчиња, деца, возрасни, бремени и доилки. Фала ви мајки.
Колкав период се прска овој ацидосалдус? Треба да се направи пауза нешто? Мојата веќе втор месец оди во градинка и досега се има подразболено ама само со носот течење поминува..се мислев да го земам спрејот ама не можам да се решам.
Внимавајте со Ацидосалус. Има билки во него. Мене (на возрасен човек) ми направи проблем со уво. Матичната ми го даде за да ми помогне за хронични проблеми со синуси (демек супер бил спрејот, матичниот гинекоглог ми препорача вагиналети значи имале инстуктажа за Ацидосалус сите лекари), ама мене ми одмогна. Од второ прскање ми се разви болка во уво, која потоа ја влечев прилично долго. После тоа два месеци ми се гадеше од мирисот на пробиотски јогурт. Не е наивен спрејот ич. Не е ни ефтин. Детево вриштеше од болка кога му прснав во нос. Во грло му беше скроз неубаво, ама секако мене за нос ми требаше па сите шишпенца Ацидосалус во канта завршија. Ако пробувате пробајте прво со грло, па ако ви е ОК и во нос прскајте.
Си прснав сабајлево во носот, чисто да видам шо давам на детето. Одвратен ми е мирисот на еукалиптус, преинтензивен, уште ми мириса. Него му шприцнав, не се пожали, стоеше без да прави проблем.