Штотуку видов на Телма, кој е во можност утре во 12:40 на телма амбуланта ќе зборува др Пановски за антибиотиците и нивна примена
Мајки што сте давале бронховаксом, како сте задоволни? Малиот е скоро 2 и пол години, да земам прашок или капсули?
Кај нас и по терапијата си продолжи да си фаќа вируси, бактерии… не осетив кај детево никаква разлика пред и потоа… можеби кај вас ќе делува.
И ние годинава ќе одиме со таа опција, од кај ќе ги земаш бронховаксомот? Со оглед на то шо нигде ги нема низ МК.
Од Бугарија другари ќе ми го донесат. Имаш искуство, туѓи искуства? Ме буни малку тоа што можи да крени температура, ова фактички е имуностимулатор, слично на вакцина? Оти гледам во составот има ослабени бактерии.
Како вакцина делува да, треба да е сосема здраво детето за да може да се прави третманот. 10 дена пие 20 не и така 3 пати. Не сум давала ама ми имаат предложено, но со оглед дека иде у градинка незнам колку ми е изводливо.
Син ми два месеци пиеше, уште еден ни остана ама за резултати ми рекоа после испиени три дози за да се види целосниот ефект односно заштитата...иначе двата месеци кога пиеше син ми, по ден два ми појавуваше симптоми на настинка, а првиот месец на ден 10 и ми крена температура, правевме кс, таа укажуваше на вирус...дали закачи друг вирус или од капсулите беше не знам...и вториов месец имаше 3-5 ден два дена зелени мрсули и толку...и тоа дали беше коинциденција или од капсулите беше, не може никој да ти гарантира или тврди...ќе видиме зимава како ќе оди разболувањето, мене ми рекоа се пијат овие месеци за на зима да е покриен
Моментално е дома, не оди во градинка заради бебето, педијатарот ни препорача да го повлечиме месец и пол-два, затоа си велам да искористам прилика додека е здрав. Како ги даваш капсулите? Јас прашак им реков да ми донесат, не знам дали ќе можам капсули да дадам. Додека го земаат препаратов не се извор на зараза, така? Тоа ми е најважно заради бебето.
Е ова за бронховаксомот не го знаев, еве мојот беше болен додека ја пие првата доза, требаше да го прекинам? @IRBBB Јас прашак давам, во малку вода го растварам.
Сега го читав упатството, никаде не пишува такво нешто дури пишува дека се лечи моментална болест и во тој случај се пие додека не исчезне последниот симптом.
Се сеќавам дека кога ми се разболе педијатарот рече слободно да продолжам… не ми е логично во спротивно, што ако на 5-6 ден се разболи па го стопираш, па по две недели продолжуваш… така може место 3месеци 6 да се фатат
Јас на своја рака ќе го земам, по препорака на другарка. Таа ми рече дека треба да е здрав додека го пие, немам упатство, не знам ништо, затоа и се распрашувам. Гаден е на вкус?
Не се прекинува ако веќе ти е почнат, никаде не е наведено такво нешто. Баш напротив, се дава како поддршка и при инфекција доколку лекарот процени дека треба.
Ај подобро не го земај на своја рака, сврти телефон на докторот. Си има предупредувања на упатството, го има на мк на интернет прочитај да не има алергија на нешто, претходна болест. Приметив и јас дека мајките си го препорачуваат меѓу себе, како да е невин лек. На нашата докторка и требаше година ипол за да ни го препише, а стварно беше многу долго болен со многу паднат имунитет.
@IRBBB и јас мислам да не го даваш на своја рака, без консултација со доктор. Моите во рок од 3 месеци поминаа и пневмонија и неколку пати бронхит, па сите само мултивитамини препорачуваат. Последната контрола заборавив да прашам за овој лек, а на своја рака не ми се дава.
Капсулите директ не ги давам, не знам искрено дали ќе знае да ја голтне, па ја отварам и ја истурам во сокче најчесто и чекам да го испие цело, за среќа досега не ми направил проблем, мислам дека немаат вкус ни капсулите ни прашочето Иначе јас ги давам не баш на своја рака ама не ни препорака на доктор...матичната наша не е многу заинтересирана, таму не ни одиме често, само кога сме болни, на телефон не ја барам, моите консултации беа со повеќе фармацевти, кои имаат деца кои примале бронхо уште кога го имаше во мк, дел истражувале во смисла што е самиот лек ама одлуката беше само моја...јас на други не препорачувам обично ништо од препарати, ако имаш двоумење, сепак консултација со доктор
Јас ја консултирав матичната со оглед на тоа што оваа год од јануари до мај, три настинки што ги имаше сите завршувааа со пневмонија. Така да таа даде зелено светло. Инаку и јас читав во упатството, испаѓа како вакцина. Секоја год користиме дефендил или киндер имуно и сл, ама детето ми е склоно кон настинки, дс не идеше беба на пат можи и ништо немаше да дадам годинава, ама пусти страв, да се заштитат и двете. А за не одење во градинка и јас се двоумев, ама ќерками посекако се дружи со една другарка од истатс градинка и уште две други, почнаа и по дома да си одат, не гледам разлика ако не ја пуштам во градинка, пак можи да ми носи настинки и вируси