луѓе да ве прашам можеби не е баш во темава ама ако речеме дека од препотување па ладење на потта се настинува, кажете ми што ви носат децата сега на овие температури до 17-18 степени? Дали е топло ко за по куси?? Или сепак по долги и јакни тенки? Си доаѓаме на една недела утре и абер немам што да спакувам во Германија веќе е вистинска есен.. Фала
Земај во предвид дека јас ти пишувам од Западна Мкд и овде е посвежо од Скопје на пример. За во градинка го облекувам во дуксерче и елек, зошто насабајле е ладно, кога се враќа е таман за без елекот. Значи по куси не ми е верно да ти треба, јас тие ги спакував. Тенки по долги, дуксери, тенка јакна и елек, ќе ти завршат работа.
За по куси веќе не е заврши сезоната а и ладно е веќе иако има сонце надвор Јас и облекувам боди и блузиче одозгоре и палто за до градинка.
Што да кажам? Тргна на 20 септември,се разболе,ларингит за една недела,т.е.неколку дена,го опишав....грешка ли е или не?-не знам... Не го чувам во стаклено ѕвоно,пие витамини,и пак ми се разболе,ларингит бактерија во грло,не ме прати докторката за брис да видам која е? Редња ли е,што ли е?....Не знам....
Не е дека го чуваш во стаклено ѕвоно. Еве моево дете, не дека се правам најмајка, ама баш со другарка до нас што живее тоа го коментираме, баш моево дете од сите што ги коментираме, не е чувано ко во стаклено ѕвоно. Ќерка и и син ми се генерација, она сама кажува дека нејзината е повеќе дома од мојов, а помалку се разболува, заедно одат и во градинка. Цело лето на плажа, по бавчи, го оставам и во земја игра, лом се прави, по дожд намерно го шетам, соодветно облечен, го мешам со деца, значи најприродно што може јадеме. Домашно месо, краставици, грав, грашак, цвекло, зелка, моркови, компири, кромид, пиперки, праз, аронија секој ден јаде домашна, лешници, киви, мед зимаме скроз природен, месам леб домашен, незнам веќе што да набројам, значи детево баш би требало од најздравите да биде, во градинка едно да е болно, мојов одма фаќа. Еве го до пред 2 недели пиеше антибиотик, вчера пак температура. Некои деца си се такви нежни по природа и тоа е. Да се надеваме дека со тек на годините ќе ојачаат. Имам и давано за имунитет препарати, лани само овој период во градинка 4 месеци што не се разболи, тоа му беше најдолг период.
Можи пак прашање е во градинките дали се води доволно хигиена, дали се проветрува често дали се вадат на чист воздух. Колку јадат таму, за моево да кажам многу слабо јаде, некогаш спие некогаш не имат активности и често ко ќе го земам е преморен. Епа имунитетот и од тоа доаѓа. И малце да е во контакт со болно дете тоа се префаќа лесно, заради овие причини слабо јадење, не спиење. Еве го болен ќе си го чувам дома овие денови дури не му помине, за него е полошо ваков да го пратам.
Хигиената во градинките е најголем проблем мислам. Имаа коксаки вирус, на директорката и се рече дека треба да се дезинфицира, да се затвори градинката на 2 дена, оваа ко недоветна си се смее. Ама кога е поставена од владеачката партија, што и можеш? Ја пријавуваат иде инспекција и си оди инспекцијата. Толку. Не е битно децава што патат. Во околина сите градинки истово го прават.
Дали сте давале чај од бел слез за помали деца 3 + по колку се клава рефус зедов и колку се пие? Владее вирус со темп и кашлица многу деца отсутни кажаа од градинка, сега не е баш некој период за пуштање во градинка...
Големиот ми беше со бронхопневмонија, антибиотикот му заврши, весел е. Матичната ми вика да седи дома уште една недела, а веќе две сме дома на лекување. Да не закачел уште нешто вика. Какво искуство имате со пневмонија, ги чувавте ли дома после заздравување или ги пуштивте одма во градинка? Сакам да го пуштам, матичната вика не, не знам што е паметно.
Реално ослабен е имунитетот, ама лотарија е работава . Еве моиве после сипаници се за нигде. Еден ден не одморивме од вируси, те со кашлање, те стомачен... Ми рекоа и мене да седеле дома месец, два да ојачаат ама реков упорна ќе сум. Колку ми е правилен изборот не знам, еве после неколку дена во градинка пак дома ќе поседиме. Ама па кој може да си дозволи 2 месеци дома да седи со здрави деца.
Да, после сипаници ослабнат е прилично, скоро сите на форумов имаат сличен став околу нив. За пневмонија немам прочитано, па убаво би било да сподели уште некој искуство. Никој не може да ни гарантира што е правилно, баш лотарија како што пиша. Ем ми е за работата, ем и детево веќе сака во градинка. Ептен ме пишмани матичната. До сега оздравувал и сум го пуштала одма, ама прв пат е со пневмонија и немам искуство.
Пневмонија не е како обична настинка или вирус. Посериозна состојба е. Деца од неа со денови лежат во болница, некои и на кислородна подршка се, помалите посебно. Ако имаш простор нека седи дома уште некое време.
Јас го чував после пневмонија уште месец дена дома. Тоа ми беше совет од неколку педијатри. Моето лежеше и во болница, 2 дена беше и на кислород. Потоа тој месец додека седеше дома се жалеше на краток здив и брзо се заморуваше. Ако имаш можност нека поседи уште малку дома. За пневмонија може да земеш боледување до 6 недели од почеток на боледувањето.
Не знам дали си вработена, за пневмонија имав месец ипол комисиско боловање, ова го кажувам затоа што не се дава туку така 1 месец боловање, се дава заради сериозноста на болеста. Јас не би пуштила во градинка.
Мојот беше со пневмонија сега во септември. После болница уште една недела седеше дома и го пратив во училиште, ама со дозвола од матичната после контрола. За среќа добро се држи еве веќе повеќе од месец. Веројатно се е до имунитетот. Тој и после сипаници лани брзо се врати во градинка и добро помина.
За жал, антибиотикот исто така му го намалува имунитетот. Пробувајте со овошје, зеленчук. (Јаболко и тиква секој ден давам. ) Пробајте со мед и прополис , лимон витамини и минерали, Шеќери сведете на минимум