Мојава имаше вирусна превмонија, една недела во болница во Козле бевме, и уште две дома. Јас сакав после една недела да ја пуштам во градинка ама матичниот рече не, не ми даде ни потврда ама ми даде и боледување. Така да барем 3 недели вкупно нека ви биде
Мора антибиотик, колку и да не сакам. И од обична настинка одма крајници му отекуваат. Еднаш пробавме без антибиотик неколку дена, 4 дена изгоре од температура. Паднато му беше железото, земавме сируп Флорадикс, покрај железо има и други витамини, па ќе видиме.
Давала ли некоја Изопринозин? Ни рекоа да даваме ама докторкава не беше сигурна за дозата. Јас од порано памтам дека по шема се даваше ама кај да најдам па шема
10 дена даваш, 20 дена пауза и така 3 дози. Ако даваш од прашокот треба да потрошиш една кутија, 30 има внатре.
Јас и имам давано сируп на ќерка ми. За доза треба докторката да ти каже. По шема се пие, 10 дена, па пауза од 20 дена... три месеци.
2пати на ден по 4 или 5мл ми рече еден месец. Ама прашуваше на телефон за доза, сама кажа дека не давала и не знае А знам кога беа помали Марина од Ремедика им имаше препишано ама така со паузи и различни дози.
Сте давале масло од диво оригано на деца од 4 години? Читав природен антибиотик е, па ме интересираат искуства..
И мене ова ме интересира. Зошто со спрејот го прскам во носе и грло, можам да кажам дека позитивно му делува. Од затнат нос и зелен секрет, него за ден/два му се средува.
Маслото е мнооогу луто, нема шанси да издржи да го голтне дете, мене ми е луто, а камоли на дете, го имам давано и на помалото и на големиот, 3 и 10 години се и не издржаа многу им лутеше. Со мед не знам како би било, јас во сок од портокал им дадов и тоа 1 капка само и многу им лутеше. А инаку, најдобар природен антибиотик е маслото од диво оригано
Оф ја фрлив кутијата. Да видам на шишенцето дали пишува, ама мислам дека од кај 2 ипол години го користам за син ми.
Тука пишува за над 3 години https://zegin.com.mk/mk/probotalife-khipertonichen-sprej-za-nos-od-origano-30-ml
Јас го прашав за мислење матичниот рече дека не препорачува. Ако има веќе коморбидитети од типот на астма или чести компликации после разболување тогаш да , во спротивно не.
Едно прашање... Дали децата ви ги пренесуваат вирусите и настинките? Јас не можам глава да кренам, откако тргна во градинка цело време сум болна... Пиете ли и вие нешто за имунитет за возрасни?