Зошто се посилни бактериите? Заради сирупи имунитет или затоа што антибиотици се употребуваат неправилно. Не се пие цела доза, се пие антибиотик без брис и антибиограм, се пие антибиотик за вирус.
Мајки што е подобро , Киндеримуно прашакот или Дифенфил?? Моментално давам Киндеримуно и Молерс, читам доста давате Дифендил? До сега сум задоволна со киндерот . Дифендил еднаш имам давано во првото прележување корона пред година дена.
Тоа со антибиотиците е посебен муабет. Ама па не значи дека ако даваш сирупи за имунитет дека антибиотиците ќе делуваат, или дека бактериите ќе бидат послаби.
Дури не си ги пројде сите бактерии и вируси и не набилда некој имунитет џабе е не вакви нентакви сирупи, барем јас така мислам иако повремено сирупите ги користам и јас. На мојот му давам сега протект јуниор некаде два месеца и џабе , три дена беше и заврши со наод и панцеф. Цела година така ја мина, максимум издржува недела , недела и пол без прекин и одма почнува носот и кашлањето. Виранто давам скоро секогаш кога е болен, инаку сега ќе му прекинам протект јуниор и ќе почнам со д3 и омега само, чат пат и вит.Ц
Деца кои одат во градинка во просек се разболуваат 2пати месечно. Тоа е повеке од 8 пати во текот на цела зима и доаѓа на две недели. Сосема нормален дел е од детството и растењето.
Што ви дадоа? Мојата не иде во градинка ама носе затнато и зарипнато гласче. Многу е променлива температурата.
Abe toa nema da.prekine....ke prskas ke se smiri pa pak ke se zatne/protece noseto....cisto nose nema vise cim trgnalo. Ako e kaslanjeto od nosot niso ne mu e prskaj cesto za da go razvodnis sekretot da go golta i toa e
15м уште некој ден. Не знам...неизбежно е, а многу ми е криво, до сега ништо немаше, а и заби вадеше и се. Ама тоа е
Мајки, синко 2 недели не одеше во градинка. Прво вирус со температура, после стомачен го фати и го пуштив во петокот после 2 недели и денес пак носот како чешма, кива нема да можам да го пуштам пак да оди од утре ваков. Кажувајте чаре, вака ако продолжи секој втор ден да е болен, каде ќе ни биде крајот...
Dali nekoj go koristel detskoto kombo na Aloe Forever Living ( aloe berry gel i multivitaminite) i kako ste zadovolni?
а да пробаш да му ставаш acidosalus спреј во нос и грло? има пробиотик во него и е на природна база спрејот. Ние стрептокока и моксарела излечивме со него без антибиотик без ништо, делува и како превентива..
Бери гелот ако ти прави уринарни инфекции. Иначе не знам за што би го користела. Витамините ок состав имаат како што видов.
Понеделник тргна, после антибиотик и спуштено на гради, денес го земам пак затнат. Прскаме назонекс по препорака на матичната превентивно . Но вечити проблем ни е носот. Максимум издржува 10 дена да не се затне Пробував и со диво оригано спрејче , џабе
Исто, по подолга пауза (болни беа) вчера ги пуштив во градинка , денес затнати скроз, ќе видам како ќе се одвива за викенд, сега во мисла ми е носко да го купам, уште тоа го немаме, па барем на бебе да му чистам мрсули... Сè им е од секретот од носот на моите деца бар.. Ми се плаче.
Сте провериле алергии? Има спрејчиња кои се наменети за деца за алергии. Консултирај се. Оти, затнат нос, а никакви други симптоми, кај ќерка ми биле од алергија. Јас давав Аериус сируп и поминуваше. Ама она си има историја со алергии и во консултација со матичен секако. Ве читам откако ќе оздрават ги чувате децата дома. Огромна грешка која и јас ја правев. Дете штом оздраве (освен ако не било ептен сериозно болно, па да треба да седи дома) се пушта веднаш во градинка. Како инаку ќе создаде имунитет? Ќерка ми порано секоја втора недела беше болна, буквално. До 4 години. Потоа проретчи, настинки и вируси прележуваше од нога, само со бактерии во грло имавме проблем. Сега е 8 години и можеби една година не сме биле на лекар Во школо не можеш да ја чуваш плус две недели откако ќе оздрави, туку пушташ веднаш. Плус поголема, имунитет развиен веќе. Јас по препорака на имунолог давам само Д витамин. Ц давам ако приметам дека настинува. И сега овој период давам ампули матичен млеч, ама тоа првенствено за апетит. Бронховаксом исто давам периодов за заштита од бактерии, ама континуирано само Д витамин. Цела година, не правам паузи.