@eli25 исто ко сама да се читам. Ева иста беше ама на две години. Прво затнат нос, кашлица и плуќа директ без температури без малаксување без губење апетити и таквимити работи. Ми рекоа дека до 3 год ќе престане да спушта. И така беше навистина. Твојот батко од секогаш овој проблем го има? Од почеток на градинката?
Он лани тргна редовно, почна да оди па престана во ковидот не одеше воопшто , реално да кажам од 4 години почна со континуитет , значи цела година беше така Дома седеше летово , значи само лесна настинка еднаш и толку!
@eli25 да прашаш да го смените кортикото? НАс се сеќавам тогаш ни најдоа еозинофили во носе као за алергија било показател тоа...
Кажи ми лој од гуска дали има мирос на сало ,денес зедов ама баш таков мирис ми има ,да не ми продадоа тоа ...
незнам шо е ова две недели дома бевме ларингит завршивме антиб вторникот , два дена бевме денес пак качи температура:/
@nevermet18 на тема течење нос и одење во градинка, знам прашуваше пред некое време. Во петокот ја земам мојава и викам на учителката како е, нешто носето синоќа и течеше и ми вика е де носе и течело. Малце и тече проѕирно е, не ќе ја држиш дома за носе, ела влези ми вика едно нема што не е размрславено.
Тоа го знам дека сите се со растечени носиња. Ама кај нас некоја друга политика водат. Двапати ми го враќаат бидејќи имал малку течна столица. Направени милион испитувања, здраво право дете, тие запнаа денес двапати течно се искака, да не доаѓа додека не оздрави. А дома нема ништо. Веројатно од некоја храна му е таква столицата.
I mojata od pon do petok kaka potecno poso kasi im davaat tamu a jas doma se isto ko nie sto jademe. Edina kasa doma i e oves i jogurt ako jade....ne go maptretiraj deteto so ispituvanja dzabe
Да, баш на сало мириса, со тоа што кога ќе ставам на прстите од лојот од гуска веднаш станува водест иако е чуван во фрижидер и е стврднат, и текстурата ми е малку поинаква од свинската маст… се разликуваат
Јас им ставам во топло млеко, скоро двете беа ептен болни од лојов се излечија. И се мачка и се јаде ,отприлика на врв на лажица
Значи тој е ок ,фала. Никогаш не сум видела ми беше страв да не ми продале сало. Ама побрзо се топи од салото ,баш како што го опиша е. Јас го земав од Ченто.
Вит ц (ацерола), молерс рибици и мултивитамин со железо мечиња (ама од Грција се). Искрено скокаме некој денови во давање. Во врска со разболувањето, и ние сите го фативме грдиов вирус со ларингити и кучешко кашлање, ама малово го пројде без антибиотик, јас, маж ми, свектва ми и брат ми сите со антибиотик завршивме. К.слика не му правев, ама го слушаа на плуќа да не спуштил секој ден и инхалиравме со кортаир вкупно 4 дена само што почна да кашла. Темп имаше 6 дена. Од мое искуство кај детево само инхалација помага и до сега многу ок ги проаѓа вирусиве.