Здраво женски, сакам со вас да ја споделам новата акција на Дормео и Црвен Крст во која тие собираат средства за обезбедување на основни услови за живот на две социјално загрозени семејства. Волонтерите од Црвениот Крст се поделени во три групи и секоја од нив има „celebrity“ член: Тони Зен, Лозано и Кирил Максим. Повеќе детали можете да прочитате овде Главното се случува во апликацијата на фб страницата на Дормео, апликацијата се вика - Заедно до дома. Клик тука. Во самата апликација можете да ги прочитате и приказните на семејствата. Таму ги има и сите информација за што им е потребно од мебел, покуќнина за опремување на домовите, а може да се донира и преку тел. броеви (повик 100 ден. на 077 143 111 ВИП, 075 140 100 ONE, 070 143 100 T-Mobile) и со донирање на сума по желба на трансакциска с-ка 250‐0010028536‐23, Шпаркасе Банка Македонија (уплатата е без провиза). Дормео помага со тоа што, дел од продажбата на сите Дормео производи ќе биде наменете за донација. Еве и едно видео за целата акција.