Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разведен родител-Работа во странство?

Дискусија во 'Барање работа' започната од sunshine-girl, 27 септември 2015.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Мислам дека она најдобро е запознаена со можностите кои и се на дофат па бејбиситингот беше споделен како најреална.

    Идејата е добра.
    А и многу сме странство. Може ќе се појави прилика.
     
  2. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Било како, од негде мора да почне да бара некоја работа, дали тука дали во странство.
    А и пишува дека ова и е идеја со работава надвор од земјава и побара совет,а исто напиша дека има факултет и знае англиски.
    Е сеа, ако сакате да и помогнете со огласи, нели побара помош, пиша да и пратите ...прочитајте што напишала.
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Прочитавме де:tmi:.
    Ниту темава се заклучи после поставувањето на прашањето, ниту истото е сместено во огласи за работа па да не можеме да дискутираме.

    Беа споделени и корисни информации уз дискутирањето, без да го заборавиме прашањето кое беше поставено.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    vitamina objasni mnogu dobro, so makedonski pasos e mnogu tesko vo evropa,nikoj ne te vrabotuva so mk pasos i ne te snosi na odgovornost, site baraat ey dokumenti,tie kako nas sto zaminale i se iznatrcale po dokumenti i se i sesto znaat kako e
    eve fax taka reci go zavrsiv ovde i prativ eden kup cv i po agenzii i po se ama tesko e da sme si na cisto,ili e zima privremeno ili te drzi eden mesec na probno i te ostava doma,nit dogovor ti prai nit nisto ili te gleda stranec i ne te ni kontaktira.. vo globala zboram.
    samo ey dok. ii da ima,j nekoj blizok da ti pomogne, od tie dve edno
     
    На bella.s, green.eyes и vitamina им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Реалноста е таа колку год сурова била..
    пишав факти и веродостојни информации за секој кој се прашува "како до странство" а верувам дека ги има многу како женичкава.
    Ваквите шанси за работа се = на шанса за бинго, јас сум само искрена и никого не сакам да залажувам.
    Лесно е кога чепкаме и читаме разни пропаганди на интернет од македонија, но реалноста во Европа не е таа како што се прикажува.
     
    На artemidis, green.eyes и danichap им се допаѓа ова.
  6. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    potpolno si vo pravo,veruvale ili ne mi trebase celi dve godini da ja ubedam majka mi deka vo evropa ne e taka kako so site go zamisluvaat,i duri ne dojde nekolku pati da sedi kaj mene i da proseta i vidi ne mi veruvase.
     
    На bella.s, green.eyes и vitamina им се допаѓа ова.
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Јас ќе замолам членот кој кажа дека во Шведска примаат со МК пасош малтене на лепе очи да ми пише ЛП со понуда за работа. (fingers)

    Сериозно, не знам, може некогаш така функционирало, ама во денешно време......Уствари, тешко дека во Шведска или било која скандинавска земја било така, до пред некое време премногу биле затворени за странци, сега во последните 20 години почнале да примаат странци за работа. Додуше, во Норвешка се уште е многу стегнато за странци, па дури и за Скандинавци. Не може државјанин од земја која не е членка на ЕУ толку просто и едноставно да се пресели во Шведска. Точно е дека Швеѓаните сега се поотворени и примаат повеќе работници од странство за разлика од порано (поевтина работа рака, не дека сме попаметни и повеќе не бива), ама ретко која фирма ќе се нафати да ти најде стан под кирија. Овде киријата е најтешкото нешто да се оствари, ако се оди со листата на чекање......луѓе со години чекаат за стан под кирија. Буквално.

    Ние дојдовме со претходно склучен договор за работа меѓу работодавецот и сопругот, на таа и исклучиво на таа основа добивме дозвола за престој, покрај сопругот автоматски добив и јас (иако сум невработена), а и малиот кога се роди. И станот ни го најдоа, тешко дека сами ќе најдевме за толку кратко време. Запознав други луѓе од балканскиве простори, сите се дојдени или како што пишав, или прво едниот од сопружниците дошол, некако се снашол и нашол било какво легално вработување за да може да најде било каков покрив над глава колку за почеток, па дури после дошла фамилијата. Па дури после почнува борбата за егзистенција.

    На црно не се исплати да се работи, што и да е. Прво, никој нема да те ангажира, второ, ако те фатат, ќе зажалиш што си се родил, ќе скапеш во затвор, и ќе треба душата да ја продадеш за да можеш да ја платиш казната. А да се најде саглам работа во Шведска.......процедура е, и треба кандидатот да се издвојува по нешто за да го примат него пред шведските кандидати и другите од ЕУ земји.

    Вака е во Шведска, за другите ЕУ држави претпоставувам дека е слично :)
     
    На cresa-jagoda, do-re-mi, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^ Го пролистав сајтот, објавени се огласите, условите не ги пишува (дали мора да биде со ЕУ пасош или не). Во текстот од весникот пишува „потребен е само пасош, а другите услови се договараат со работодавецот“-не потенцирале дека мора да се поседува работна дозвола за која во принцип фирмата што те вработува гарантира. За Хрватска како членка на ЕУ тоа не важи, но важи за Македонија.
     
  10. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Ви благодарам на сите за советите јас ги следам постојано огласите па ќе видиме.. ја наведов работата за бебистерка чисто како пример,бидејќи знам дека нема да работам работа според моето образование.

    A @danichap доста сум образована и имам искуство во работата,и не би можела ти да процениш некој кој напишал како мене тема дали е образован или не,бидејќи јас прашав за работа а не го приложив моето СВ бидејќи е јавен форум нормално нема да објавам бидејќи сакам да си ја зачувам мојата приватност.Доколку сакаш ќе ти го приложам моето СВ па нема да стекнеш мислење дека сум образована,туку би се замислила на кој начин ги делиш луѓето образовани/необразовани ако напишат дека имаат некој проблем???
    Требаше да напишам: Почитувани, се извинувам што Ви го одземам Вашето време но јас имам проблем.Смешки.
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    @sunshine-girl од сопствено искуство се обидов да ти доловам за начинот на добивање на работа и работна дозвола во еу земја.
    Не ја гледам причината за волку огорчен пост и наведување на зборови кои јас не сум ги кажала.

    Јас напишав.
    (Се мисли на струките наведени за добивање работна виза)

    Поседувањето на стручни квалификации кои се предуслов за добивање на работна виза не се стекнуваат автоматски со диплома за завршено високо образование.
    Доколку не станува збор за дефицитарна струка воопшто не ги интересира дали имаш некаков вид на диплома. Истата ти е непризнаена.
    И пишував бидејќи доволно долго живеам во Германија. Бидејќи сум со македонски пасош дојдена. Бидејќи македонската диплома од правен и сертификатите за јазик ми служеа само за гледање додека работев како бејбиситерка, мк доналдс...и доволно сум упатена со административните процедури потребни за работа, студирање, живеење тука.

    Постот ти е дрзок.
     
    На fairy88, cresa-jagoda, vitamina и 5 други им се допаѓа ова.
  12. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Јас погоре напишав дека тука јавно не го приложувам моето СВ доколку некој од членовите разбери некој оглас ке му го пуштам во порака.Ти напиша дека според напишаното не си добила впечаток дека сум образована(а јас веќе 2 пати имав напишано дека моето СВ не го објавувам)Не сум дрска,одговорив на ист начин како што напиша ти.Доколку си мислела за струките,тогаш се извинувам што дојде до недоразбирање.
     
    На buba4e89 и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Ќе морам да те замолам уште еднаш да ја прочиташ цела дискусија, и да се повторам дека никаде немам напишано такво нешто.
    Постот со стручните квалификации беше само надоврзување на категоријата на лица кои ги поседува малите шанси за стекнување на работна виза во Шведска или останатите еу земји со Мак. пасош.

    Никаде не реков дека си необразована или имав цел да исмевам туѓа мака, интелигенција или положба во која моментално се нашол.


    Се надевам дека тука ќе заврши ова недоразбирање.
     
    На sunshine-girl и tessie им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    http://www.thelocal.se/

    @sunshine-girl , овде имаш огласи за вработување во повеќе ЕУ земји. Ова конкретно е линкот за Шведска, меѓутоа горе во "change edition" можеш да си одбереш земја. Кликни на jobs, имаш филтер во која област сакаш да бараш работа и кој град од државата, ќе ти извади многу огласи за работа. Не се сите, нормално, но имаш доволно материјал за разгледување :) Јас наскоро почнувам активно да барам работа, ова го прегледувам да имам претстава што се бара и што би можела да работам. Ако наидам на нешто друго, ќе пишам пак.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    И пишав уше кога ја отвори темава, јас барав за мене пред некое време само мене ми недостига храброст веројатно имам и барано образование и јазици ама не ми се оди сама, уморна сум од борби веќе се сама ама ако имам друштво, тогаш оваа опција е многу пожелна.
     
    Последна измена: 1 октомври 2015
  16. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Точно е, имаше оглас и интервјуата се правеа во Солун ама апликацијата е за медицински персонал и тој оглас траеше до септември 6ми ако не се лажам и јас немав храброст да аплицирамви да заминам сама.
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Извинете за поврзаните зборови, таблетот ме зез со кирилицава...

    Со оглед на тоа што членката сугерираше на бебиситерска работа, затоа и го цитирам мислењево. Точно, не има многу помлади сега во странство, луѓе ствараат фамилии а не секогаш може да дојде баба да помогне. Конкретно, мојата кумица ме праша лани дали познавам девојка да и препорачам, не од искуство со деца туку онака како прво да знам која е, ама под услов бугарски пасош.
    Кај нас без виза мк пасош не важи низа три месеци. А и тамукаде важи, тримесеци се многу краток период. Секој бара за подолго. Не излегува секогаш, луѓе, не се погодат, ама во план од стартникој нема да земе бебиситер на три месеца, освен навистина сиркумстанса да е да им треба некој за ептен кратко. Водење дете со себе нема да дојде во обзир. Ако не ти е брат или сестра, никој друг тоа нема да го прифати
     
    На green.eyes, fairy88, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Друго е кога си во македонија и кога ти го опишуваат животот во странство и полезностите негови, но само ние што сме овде си знаеме каков пат сме изоделе за да стигнеме до нешто, кои маки сме ги претрпеле и колку трпение и челичен труд сме сносиле.
    Странството во пракса е многу поразлична приказна од прераскажуваните тоа е фактот, и за да стигнеме до нешто навистина треба да имаме човек што ќе не потурне и добра препорака за да достигнеме нешто, пред се во денешницава го бараат еу пасошот кој е неопходен (времињата кога се бегаше и се одеше на црно и мизеруваше завршија).
    Да не се залажуваме дека по светските огласи од толку конкуренти со еу пасош би избрале некој кој што пасошот не му вреди ни 5 пари.
    Можеби сум дрска но сум реална бидејки еднаш го поминав овој пат а сега го доживувам ова и по втор пат и многу добро ја познавам оваа проблематика, па затоа не сакам да давам никому лажна надеж дека со мк пасош ќе успее во некоја светска странска фирма, освен ако немаш правилен човек и еу пасош пред се нозете ти се пресечени во било која странска држава, истовремено и работа во секој поглед.
     
    На green.eyes, fairy88 и danichap им се допаѓа ова.
  19. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Подвлеченово не е точно и за оние со бугарски пасош постојат рестрикции во однос на работните места за кои конкурираат т.е.ни тие не можат да работат во администрација.Сите Еу пасоши немаат иста вредност и валидност,зависи од самата земја,секоја посебно и нејзините прописи не сите членки имаат унифициран став и еднаквост по сите основи.
    Конкретно за твојава ситуација излезот го гледам доколку најдеш работа во Грција.Мислам дека тоа ти е најдобро и најприфатливо привремено решение со оглед на близината и што може да се најдат понуди за работа со македонски пасош.Се бараат продавачки,работници во угостителство,моја познаничка цело лето работеше на чистење на јахти и апартмани.Иако сезоната заврши сепак сеуште може да се најде по некој оглас.Види на странава на фб


    Rabota Vo Grcija Grcija
    пред 4 часа
    HITNO SO MK PASOS !!!!!!!
    -KELNERKA so mnogu dobar angliski od 25 do 35 god. vo kafe bar na LEFKADA dnevnica 25 eu+tips hrana i smestaj obezbedeni!!!
    RABOTATA E ZA 3 MESECA !!!!!!
    За вработување во друга земја на еу е многу потешко.Сите што ги знам со македонски пасош заминале таму со помош на некој близок роднина, пријател кој гарантира за нивното работно место и има желба да учествува во една долга и макотрпна бирократска процедура.
    Други заминале и успеале таму благодарение на својата способност и капацитет преку интервју на скајп и работна понуда адекватна на нивното знаење и професионализам.
    Ти најдобро ја знаеш и чувствуваш ситуацијата во која се наоѓаш и најдобро знаеш да ги процениш сопствените квалитети и можности,за да ја одбереш насоката на дејствување..Имаш неколку опции за кои што можеш да размислиш и да ја одбереш најдобрата која ќе овозможи подобра и посветла иднина за тебе и твоето дете.
    Не верувам дека постои поголема сила и енергија на светов која може да го придвижи човека освен безусловната љубов кон сопственото чедо.
     
    На sunshine-girl и Outlook им се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Најдобра опција маж од странство и веднаш си таму.
    Во меѓувреме овде ќе работиш се и сешто, како што рече од небо нема да ти паднат парите секоја чесна работа е добра работа, а плус и заработка.
    Во нашево општество дипломата ретко вреди, затоа не барај работа по струка.
    За 3 месеци работа и некоја пара дете не се остава по баби и дедовци. Готовата пара бргу се троши, таа работа е за млади без обврска.
    Странство без да те повлече некој и првично да ти помогне многу тешко, а и дете имаш.