Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разведен родител-Работа во странство?

Дискусија во 'Барање работа' започната од sunshine-girl, 27 септември 2015.

  1. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    За у Нов Зеланд конкретно, знам човек шо работи таму, мислам како електричар и ми ја објаснуваше постапката. Али тој е отиден фамилијарно:

    1. IELTS минимум оцена 6,5, на партнерот минимум оцена 5,0, дипломата да ти ја признаат oд NZQA (New Zealand Quaifications authority)
    2. EOI (Expression of Interest)- ти поставуваат прашања онлајн, како прашалник е што струки сте во фамилијата што ќе одите, колку години искуство имате по струка (ако имате 2 на пример добивате 2 поени, ако имате 5, добивате 5 поени). Ако си над 30 години добиваш 3 поени, ако си 26-27 добиваш 5 поени.
    За да бидете во комбинација да ве извлечат треба да имате најмалку 100 поени. А со 125 поени, 99% добивате ITA (Invitation to apply)
    Ако не те извлечат на ЕОИ, апликацијата ти пропаѓа, а имаш извлекувања на секои 2 недели.

    3. Oткако ќе добиеш ITA, треба во рок од 3 месеци да пуштиш документи и медицински тестови дека немаш некоја заразна болест.
    4. По 6 месеци добиваш виза, резидент или work to resident visa
    5. Oдиш во Нов Зеланд и бараш работа
    6. За 5 години добиваш нивен пасош

    Со Resident visa можеш да работиш што сакаш и каде сакаш, а ако добиеш work to resident visa мора да најдеш работа по струка. Откако ќе најдеш работа по струка, тогаш добиваш resident visa и можеш да работиш што сакаш.
    Но, ако не најдеш работа по струка тогаш ќе треба да си одиш или да се пребациш на друга виза, ради тоа што оваа е со рок од 9 месеци. Али ако имаш струка што е барана и имаш искуство минимум 2 години, ќе најдеш работа, не биле за џабе тие струки ставени како дефицитарни.

    Само носителот на апликацијата има обврска да најде работа по струка, а партнерот има отворена виза и може да работи што сака. Ако и партнерот има дефицитарна струка добиваш плус поени и речиси сигурно ќе те изберат.
    Ако не си во брак со тој што ќе одиш, проверувале дали сте заедно во врска повеќе од една година. Тоа се докажувало со сметки од ќирии, заедничка сметка во банка, слики од одмори, сведоци дека сте во врска повеќе од една година. Како ми кажувал човеков така ти пишувам.

    Цела процедура коштала околу 3000-3500 евра е сеа не сум сигурен дали од човек дали севкупно, мислам дека севкупно. И добро било во случај да не најдеш работа некое време да имаш некои 5000-6000 евра додека се снајдеш.
    Ако имаш твои луѓе таму, уште полесно и поедноставно ќе е.

    За сама да одиш толку далеку без дете, тешко. Полесно ќе е да најдеш партнер со барана струка, па заедно да му ја мислите...
     
  2. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Значи @Daleron и @Priroden решение според вас е да барам маж,ништо отварам нова тема барам маж од странство :D(мала шала)

    Ги прочитав постовите од сите се сложувам со повеќето од вас дека точно еве ќе појдам 3 месеци ќе најдам било каква работа ќе донесам некој денар и ќе се вратам,а моето дете ќе го оставам само.Ниедна мајка не би го оставила само детето ако не е приморана,така е во право сте точно не вреди за тие малку пари да го оставам само детето.Луѓе ова ми е последна опција верувајте дека не сакам јас да им бидам товар на моите родители и нивното внуче.Знам дека никогаш нема да ми речат ништо што финансиски ми помагаат но едвај месецот го поминуваме.
    Да јас бев таа која одбра погрешен животен партнер,епа тогаш моите родители и моето дете нема потреба да плаќаат за грешки кои сум ги направила јас(во случајов скратуваат за нив,позајмуваат за ние да имаме)Мислам не е фер и доволно сум возрасна и морам на некој начин и јас да потпомагам финансиски.Можеби ќе речите зошто не побараш работа во твојот град,бидејќи сум од мал град знаете многу тешко за работа,дури и за продавачка ти требаат јаки врски така да секаде побарав а нема.И плус дека сум од мал град како чума да имам бог да чува дека разведена.Тие што се од мали градови знаат како е.
    Е пак филмот нормално ке ти пукни ќе си речиш нека оди сето упм ама јас да седам дома да чекам моите да ме ранат,а од друга страна некој да ми плука по дете по фамилија,бидејки јас едноставно решив дека нема да трпам живот во кој не сум среќна,бидејќи имам дете и тоа треба да расти во хармонија,а не како во мојов случај трпи заради детето.За дете се трпи ако е тоа среќно а каков пример и што би научило од животот ако гледаше се што поминав јас со татко му.Малку забегав од темата ајде искрено кажете ми што би направиле вие ако сте на мое место,нормално мене не ми се оди странство од што сакам туку не гледам друг излез.
     
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.757
    Допаѓања:
    6.415
    sunshine girl каде е твојот бивш маж во оваа ситууација?во ред не сте си одговарале,сте се развеле ама дететое е тука и не е винивно за ништо.колку толку треба да помага со трошоците.
     
  4. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Треба ама не помага
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Не си ти виновна за изборот на партнерот, никој не знае што го чека во животот.
    Јас се разведов кога малата имаше 1,5 година(имам пишувано за тоа). Работев се и сешто само да не сум им терет на моите.Затоа и ти напишав во предходниот пост да најдеш било каква работа.
    Проблем е што си во мал град, ама може и нема да е проблем ако не ти е срам со високо образование да бидеш чистачка, садомијачка и останати слични работи.
    Впрочем и јас работев се и сешто па не ми падна чинот што сум академски граѓанин.Верувам дека таткото не помага и кај мене исти случај.
    Мене ми идело луда гора да фатам, ама издржав едно 13-14 години кога конечно дипломата ми се најде, а само што мислев да си потпалам оган со неа.
    Не мораш многу да заработуваш, ама колку толку ќе капне нешто. Барај си ти пак работа во странство, ама не спи на тоа уво дека лесно ќе најдеш, а плус и детето ќе го поведеш со себе.
    Многу се распишав, поздрав.
     
    На tessie и vitamina им се допаѓа ова.
  6. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Немам срам од работа јас барам секаков вид на работа но ниту таква работа нема кај нас се е фул,значи за една продавачка пример треба јаки врски ептен или како по обичај нивни си вработуваат,ете и по огласи секаде барав мн малку излегуваат кај нас,во поголемите градови е други има повеќе можности но тука кај нас слабо ептен.
     
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Саншајн не ме сваќај погрешно но сметам дека ако се потрудиш можеш да најдеш некоја работа еве пример како куварка, садоперачка, во пекарна, евентуално во некоја конфекција (таму секогаш бараат) или пак да свратиш до околниот поголем град и да побараш и таму.
    Значи муабетот ми е дека доколку немаш предрасуди околу работа и доколку повеќе се потрудиш да ја пронајдеш истата сигурна сум дека нешто ќе најдеш, кој пита не скита да знаеш.
    Јас навистина не знам ти лично во каква ситуација се наоѓаш нели, бидејки не сум ти во кожа но барем малку повеќе потруди се, тоа што се случило ..веќе се случило, нема каење.. нема назад, потруди се да одиш напред и да се бориш од петни жили за тебе и пред се твоето најмило.
     
    На eloves, crimson и Daleron им се допаѓа ова.
  8. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Јас не сум за тоа одма да се залетува во нов брак како единствено решение и излез за спас од кризата.Претпоставувам дека е неодамна раведена и повеќе би и годело да се одмори од брачниот живот.:)
    Нека помине време,нека се стабилизира финансиски и емотивно па потоа нека размислува и донесува одлуки за брак со вистинската личност и поради вистински причини а,не поради вредноста на нечие државјанство и удобството кое тоа ги нуди.Бракот е пакет со изненадувања некои пријатни а,некои не!
    Sunshine не треба на никој овде на форумов да се правдаш за твоите одлуки,никој овде не ги носи твоите чевли ниту го изодел твојот пат.Делуваш како разумна и совесна мајка која е спремна да се жртвува за своето дете што секако заслужува само пофалба.Мило ми е што не си се помирила со судбината и не сакаш да седиш со скрстени раце.Истото би го направила и јас!
    Твојот првичен пост ако не грешам ми делуваше како повик за изнаоѓање на инстант решение од моменталната ситуација.
    Ете жртвата нека бидат и 3 месеци поминати во сезонска работа гледано краткорочно..Ќе биде тешко не велам не но,не е исто парите кои ќе ги заработиш таму се чисти 500 евра за еден месец а,истата работа овде е дупло помалку платена и знак прашање е дали ќе ја најдеш.Ќе заработуваш во странство а,ќе ја трошиш овде и тоа е плус!
    Друго..јас секоја работа ја делам само на чесна и нечесна ,нема тука срам ,секои чесно заработени пари се благословени без разлика дали работиме како министер во фотелја или метеме подови!
    Точно е тоа дека дипломата за некои не вреди овде но,не вреди ниту во странство доколку нема дефицитарен карактер .
    Сепак доколку иднината не ја замислуваш овде на долгорочен план или работи на усовршување,прекфалификување на твоето обрзаование и квалификации,нострификација на диплома или барај некој од мајка роден што се вели кој ќе сака да помогне и да ве повлече таму.Одлуката е твоја!
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Хахахахахааааа буквалист. Таа разбра што сакавме да кажеме со постовите за нов маж во нејзиниот живот.
    Не паметувај многу, многу си умна.
    Ах да ќе работи 3 месеци 1500 евра, а детето овде ќе го чува Цацко.
    Што решла со ова А!?
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Хахаха...разбрав и јас!Посебно разбирам дека во секоја шала има 95 проценти вистина.Незнам зошто го тврдиш спротивното?!Ама има многу други кои размислуваат на овај начин и воопшто не ме чуди,менталниот склоп на повеќето е таков. Форумов е од отворен карактер па ,мислењата ги читаат и некои други.Ете некои решиле сами да се снаоѓаат и да успеваат во животот ,не секогаш ни е потребен каков било сопруг или партнер.Таа во случајов е и мајка и татко на детето! .
    Јас дадов краткорочен предлог да замине на 3 месеци..никаде не спомнав да го преплива Атлантски Океан и да ја нема 3 год.Познавам многу мајки кои заминале во странство на пример на обука од работа.Ако проблемот е навистина нејзиното отсуство..И тоа ги прави лоши и непосветени мајки?!
    И за разлика од некои јас форумов го сфаќам како место за размена на мислења а,не за делење на констатации кој и колку е паметен,умен а,посебно не да му кажувам на некој како да постапува и мисли!
    На крај кажав таа самата ќе си одлучи што е најдобро за неа ниту ти ниту јас немаме право да донесуваме одлуки во нејзино име!
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Песимистички пoстoви oд мнoгу кoи се веќе вo Еврoпa, a реткo кoјa oтишлa нa сигурнo, сo пaри дoвoлнo вo џеб и сите дoкументaции кoмплетнo средени без oтпoсле дa трчкa, мисли, се снaoѓa. Кoјa се oмaжилa тaму, кoјa мaжoт јa пoвлекoл преку рaбoтa пa не знaелa ни дoбaр ден дa кaже нa јaзикoт сo месеци, aмa ете се средиле рaбoтите, тaму сте, се снaјдoвте некaкo иaкo мнoгу и сo мк пaсoш, пa сегa штo се oвие предaвaњa кo дa е скoрo невoзмoжнo? Чoвек ти требa, еден пријaтел кoј живее и рaбoти тaму дa не oдиш нa слепo, или aкo им гo знaеш јaзикoт дa читaш нa нет кaкo функциoнирaaт и кaкo рaбoтa дa бaрaш. Ништo не е невoзмoжнo, гoлемa улoгa игрa и фaктoрoт среќa.
     
    На LivingGlam, Nausicaa, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Нов брак не е решение, ни маж од странство ни што ја знам, не ќе земе таа или тој лаптоп па, ја ми чини ја,не ми чини, ја се слагам, ја не, big deal, плус тоа и само што се развела. А за отсуства на мајките ... и овде да е отсутна ќе биде најмалку 10часа. И внимание и љубов му е потребно на детето ама храна, облека, школување и тн. не доаѓа туку така. Многу работи бараат жртва само треба да се знае зошто се жртвуваш и вреди ли тоа, ако вреди целта во овој случај ги оправдува методите да се дојде до неа.
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.577
    Допаѓања:
    34.953
    Пол:
    Женски
    Пост на место.
    Ова го приметувам не само на форумов, туку и во околинава од иселенициве. На почетокот кога ќе отидат, абре од уста им тече мед и млеко. Како е лесно да се отиде таму, како се е мед и млеко итн... По 2 - 3 години, оп работите се менуваат. Никако не може да се отиде таму, а и ако отидеш тешко е за живот... :^) :?: Мислам, кој ви е филмот? Ако некој отиде таму лебот ли ќе ви го земе или што?
    А најтрагично е што по краток временски периот скоро сите добиваат амнезија, па забораваат како е да се живее тука :^)
    Ако можете да помогнете, помагајте, ама со вакви “паметни” постови ич не им помагате на луѓево, верувајте.

    Инаку, јас немам аспирации за иселување. Да не помисли некој дека ви завидувам, па затоа вакви постови пишувам :lol:
     
    На Annath, Nausicaa, sunshine-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Јас сум цврсто решена за промена на мојот живот.Тука каде што сум сега едноставно не се пронаоѓам ниту јас ниту пак гледам некоја иднина за моето дете.Во малите градови подобро е да убиеш човек нема толку да ти се суди,отколку да бидеш разведен(голем дел што живеете во мали градови знаете дека е така)

    За странство конкретно се сложувам до збор со членките што напишаа како одењето во странство тие што се заминати таму го направија како да е трето светско чудо а скоро сите се иселени надвор од МК,добро кажа една членка зарем сите заминаа со документи и пари во странство-НЕ!
    Ако имаа пари ќе останеа тука.Муабетот ми е ако не пробаш не можеш да знаеш,можеби малку ме спречува тоа што имам дете,но мене не ме прави неодговорна мајка ако заминам и го оставам детето кај баба му и дедо му.На крај краева јас одам за да обезбедам некој вид на егзистенција за некој период да живееме подобро.

    Друга опција ми е работа во Скопје,добив понуда за работа спрема мојата струка плата 20.000 се мислам за почеток(доколку ја прифатам работата)да си најдам цимерка за да ги делам трошоците.Тие што сте од други градови а живеете во Скопје како одат кириите,мислам колку вкупно би ми биле трошоците(стан,сметки)...?

    И трета опција порано знам се плаќаше да склопиш брак само за документи,како оди сега таа процедура,одприлика колку му се плаќа ако се најди човек?
     
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.965
    Допаѓања:
    134.840
    Пол:
    Женски
    Зависи колкав стан и колку цимерки. Гарсонера и една цимерка е помалце исплатливо. Поисплатлив е трособен стан и во него да живеете 4цимерки. Трошоците би ти биле 60-70е за станот плус 1500-2000 денари за сметки. Значи 100тина евра би ти биле трошоците.
    Брак за документи има сеуште колку што знам. Меѓутоа ако си веке таму е можно тоа. Личност која ја познавам плати 10 000 долари на американец за таков брак.

    https://www.facebook.com/kgjorgjievska?fref=ts Не знам колку смеам да споделувам вакви линкови ако не смеам ке ти го препратам во лична порака. Постојано се нуди работа во Грција, дури и сеа коа не е сезона. Пиши порака на профилов белки ке ти најде нешто за период од 3 месеци.
     
    На Outlook и sunshine-girl им се допаѓа ова.
  16. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Можеби е поисплатливо но треба да барам цимерка да се сложи дали ќе сака да живее и со дете плус.Значи плата од 20.000 одприлика е доволно за да ги покријам трошоците,бидејќи знам дека е скап живото во скопје и не сум баш упатена колку плаќаат за сметки,кирии,јадење....По се изгледа ќе ја прифатам работата
     
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.965
    Допаѓања:
    134.840
    Пол:
    Женски
    ако детето не ти е тргнато на училиште додади и трошоци за градинка.
     
  18. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Во Скопје лесно примаат за в градинка или...?
     
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.965
    Допаѓања:
    134.840
    Пол:
    Женски
    А да го почуваат твоите детето бар месец - два додека се научиш на скопскиот живот, потоа или ке продолжиш со работа таму или ке најдеш нешто друго
     
  20. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Секако на почеток и да сакам ако ја прифатам работата нема да можам детето да го земам како што велиш мора малку време максимум 1 месец дури да се прилагодам бидејќи слабо го познавам Скопје знам само дека имате многу брзо темпо на животот додека ние во помалите градови живееме со успорено темпо малку како забавена снимка :)