Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разведен родител-Работа во странство?

Дискусија во 'Барање работа' започната од sunshine-girl, 27 септември 2015.

  1. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Ние овде сите трчаме некаде, сите под пристисок некој, ќе се уклопиш само работата да ти е ок и да плаќаат како што ќе се договорите, затоа не брзај и малото веднашда го земеш.
     
    На sunshine-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Саншајн сите ние во ниту еден пост не кажавме дека шанси за заминување не постојат.
    Друга работа, не кажавме ниту дека сите сме заминале со пара и документација туку баш напротив.

    Сите ние овде убаво објаснивме, кажавме и надробивме дека за заминување во странство ти е потребен ЧОВЕК кој живее токму таму каде што би одела и би ти помогнал со се (ова е можноста твоја кој скоро секој кој заминал на овој начин се снашол и пронашол) и секако за аплицирање на некој оглас поверодостојно и пореално би бил еу пасошот како повисока можност за успех.
    Се сложувам во делот со жените кои ти кажаа дека можеш да аплицираш во Грција бидејки таму е друга прича, погоре не фунционира вака за жал.
    Се е препорака, се е интелигенција и вештина, се е круг на зборови кои се вртат одоколу, ако некој не гарантира за тебе тогаш е тешко, никој не би те примал и би ти верувал на "лепе очи", ме разбираш што сакам да ти кажам.

    Незнам зошто ги извртувате зборовите и мислите дека сите ние од странство сме песимистичко настроени затоа што само образложуваме што и како стојат работите реално, и напротив раздробивме што поточно треба да бараат за да успеат во нешто.

    -Ако сакаш да појдеш сосема сама, да спиеш на отворено и да се мачиш за да пронајдеш нешто тогаш бујрум (не би била ниту прва ниту последна верувај ми) голем дел од народот и вака пронашол чаре и просветлување на животот.
    -Ако можеш да пронајдеш човек кој би ти помогнал уште подобро.
    -Ако можеш да аплицираш за бугарско државјанство супер, (уште подобра шанса)
    -Ако сакаш слободно аплицирај секаде (можеби ќе наидеш на среќа, среќата е мошне чудна ствар)

    Опции како што кажав има, а ти ако не сакаш и ако не се пронаоѓаш во Македонија тогаш почни од накаде за почеток и бори се до крај за упех и исход во животот.

    Јас лично би ти кажала многу работи на оваа тема но овде не е ниту време ниту место да откривам детаљи. Ако сакаш може да разглабиме во пп, би сакала барем малку да ти испаднам во сусрет и од помош.

    Лесно е да дискутираме и тематизираме живеејки во Македонија..
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    Знам дека е полесно да имаш ЕУ пасош или некој да ти помогне на почеток но јас немам,еве се распрашувам за БГ пасош,немам бг потекло па ми кажаа дека некојси Мите од Струмица вадел БГ пасоши и без тоа потекло да го имаш.Пишав и во темата за БГ пасоши дали некој го познава тој човек и колку е сигурен за да не ми пропаднат парите ако веќе вадам.Барам исто и за БГ пасош човек што посредува сега се чека точно повеќе време ама подобро е да го имам отколку да го немам.Можеби имам многу големи амбиции и надежи,но морам од некаде да почнам,и онака ништо немам да изгубам ако пробам,напротив можам само да добијам.

    Запознаена сум исто така и како функционираат работите странство значи и тие што се со БГ пасоши и за нив е мн тешко е не пак за нас.Ќе ги испробам сите варијанти кои се возможни па дури и невозможните само за да успеам и да можам на моето дете утре да му обезбедам подобра иднина.