Освен големото табу за развод од партнерот уште поголемо табу е тн развод од родителите. Под притисокот дека се родители и се им е простено, нашето традиционално воспитување дека постари се почитуваат по секоја цена, до системско уништување на животот на децата иако се возрасни доживувајќи ги како свое продолжение. Познавам една позната личност која е тренер на личен развој која на една работилница додека поминувала низ развод со својот сопруг кој ја малтретирал бидејќи била сирак, избегала кај својата баба која ја повикала кај себе за да ја заштити, а кога почнала да живее кај неа и рекла - море арно ти правел маж ти, водејќи ја во повторен амбис дека она заслужува да е малтретирана. Баба е во прашање, но во отсуство на родители, ја имала истата улога и и вршела психичко насилство. Во случајот на мајка ми, исто има токсичен однос со својата мајка која и на 55 години не може да се откачи, а ја носи кон хроничен висок притисок. Уште ја манипулира и и набива чувство на вина. Пасивно агресивно ја малтретира за "нејзино добро". Секогаш другите биле подобри од неа, па дури и кога мајка ми беше на врвот на кариерата, не беше доволно добра, а татко ми недоволно домаќин (осудувајќи го нејзиниот избор, немаше врска со татко ми, во други прилики за да ја понижи неа нему му вика дека е најдобриот човек на светот), додека другиот зет е феноменален, иако насилен алкохоличар. Ми текна да дополнам. Другарка ми живее во терорен брак зошто разводот нејзините родители го доживуваат ко личен срам. Не би ја помогнале воопшто. Во секој погкед порано беше нај за да ги задоволи нив. Само што почна кариера во која беше нај доби дете, продолжи на работа но ја изгуби ради депресијата. Дечко ми кога решил да си замине од дома, било катастрофа. Причините безброј од слична природа, но кога решил неговите нервен слом, зошто не најавил порано и што ќе речеле другите, бар со жена да заминел па да речеле ае оженил. А не ги виделе своите причини и однесување кои го однеле со одлуката. Примери безброј. Искрено, колку и да е контраверзно прашањето, стојам зад тоа дека родителите не секогаш знаат што е најдобро за своето дете. Зад ова тврдење се маскираат многу психолошки и ментални проблеми на многу луѓе кои причините ги бараат и наоѓаат на погрешни места. А и често од "добрите намери" излегува потребата на родителот, отколку на детето, хранење на неговата суета. Некои пак не ни чувствуваат особен стрес од своите родители, па се трудат да бидат златното дете верувајќи во тоа станивајќи чисто зло према остатокот од светот. Последиците имаат безброј форми и тежини, но секако ги има. Од депресија и анксиозност, до зависности, проблеми со самодовербата, не можење да се најде партнер, па премногу сексуални партнери, проблематични врски, константни проблеми на работа (се ова не мора да е од ваквите родители, може има и други позадини, не е апсолутна причина, се само примери што би можело да предизвикаат почесто. Може да е комбиниран проблем, а може и природата да е друга на проблемот) Ми искочи текстов па ми дојде инспирација бидејќи темава одамна ја читам и ми е позната, токсични те нарцисоидни родители (те веќе нарцисоидни луѓе ама овој пат во улога на родители) Ќе додадам и плус линкови. Некогаш полесно е да си ја сакаш фамилијата те родителите од далечина и со поставени граници... Кое е вашето размислување по темата?! И како дете на своите родители и независно дали сте маж или жена и дали доаѓа од мајка или татко?! И од аспект на родител?! http://kukuriku.mk/развод-од-отровната-мајка-тоа-е-болно/ https://www.google.com/amp/s/www.psychologytoday.com/blog/communication-success/201602/10-signs-narcissistic-parent?amp https://lonerwolf.com/narcissistic-mother-father/ http://parrishmiller.com/narcissists.html https://www.google.com/amp/s/www.fo...issist-damages-your-life-and-self-esteem/amp/
Многу тешка тема. Јас сум дете на разведени родители. Не е табу тоа одамна и иако сум била осудувана од општеството и ми било кажувано дека најлошите деца произлегуваат од пропаднати бракови. Поради сплет на околности со татко ми не зборував 8 години. Реално, родител е, бар во мојот случај, навистина од ситна работа дојде до куршлус. Не само што ме смени тоа мене како особа, не само што станав импулсивна, дрска и арогантна, туку и тој се сменил многу. Се смиривме пред 2 години. Го гушкам како да сум мало дете, не можам да си ги простам тие години кои ми го одземаа тинејџерството, што не беше дел од мојата регистрација, што не беше тука до мене кога дипломирав... Нема да си простам што веував во бајки од баба ми, што си дозволив да влијаат некои зборови врз моите одлуки... Таа разделба скапо ме чинеше на психичка база. Затоа сум ваква каква што сум. Искрено нема поболно од тоа при жив родител да го немаш , бар во мојот случај. За разлика од него мајка ми беше страшно поврзана со баба ми, па и на "стари " години и се тресеше. А знам и многу кои откако настанал тој т.н. развод со родител се многу посреќни и поуспешни. Доволно кажав за сега.
Мајка ти ако се "разведела" од баба ти, немало да се разведе од маж и. Штетата била направена и била уште поголема. Пази и на твојот однос со мајка ти зошто има тенденција да се повторува. Мајка ми пример има многу добра душа и наивна природа. Цел живот баш буквално би одела на крајот од светот за мене, но кога созреав почна да се менува и да ми држи лекции што и ги држела мајка и на неа од најрано детство. Порано не беше така, па лесно ми дојде да сфатам дека ова не е жената што ја познавав и ја соочив и и дадов отпор. Се освести фала богу... ама за себе во однос мајка и не може, оваа оф, мајка ми на нозе...Многу факман жена е, со шубара и коса мини вал, све околу неа се врти. Не била лоша баба, ок била со нас, но многу лош родител. Вујко ми го фаворизирала, тетка ми ја доживувала ко независна, рано се омажила во лош брак (и никогаш не ја поддржала нели да се разведе), а мајка ми емотивец, секогаш и била достапна за се, да и попува, да и се жали, да ја критикува...
Можам да речам дека и јас сум "разведена" од моите... Причини милион Од тоа форсирање дека мора да сум no1 во сѐ Од казнувања и ограничувања Од неподдржување и остварување на скромни желби, кои денес многу ми влијаат врз кариерата Од неприфаќањето на мојот животен партнер и непочитување на моето ново семејство Изгледа може како ситница во споредба со физичко малтретирање, но многу влијае врз она што јас како родител сега не сакам да бидам
Oд тоа најмногу се плашам искрено. Не би сакала „традицијата да продолжи“ . Се трудам да не бидам како неа, но мислам најдобро ќе може за ова да каже некој кој ме знае лично и ме гледа мене и мојот однос према мајка ми.
Психичкото и емотивното малтретирање се еднакво тешки и големи ко физичкото малтретирање на децата. Со тоа што физичкото некогаш и ќе престане со текот на растењето, но првите две...никогаш освен ако сам не ставиш крај. На крајот на краиштата, на децата им се дава тоа што нив им треба, а не тоа што родителот мисли што е добро за нив, тука е она - да си го познаваш детето. Многу родители не си го познаваат детето... Родители се едни и мора да ги профатиме такви какви што се за да на нас ни биде добро. Но тоа прифаќање значи и признавање на целата вистина околу нив и оддалечување ако нема поинакво решение.
Феминки и јас имам сличен проблем-токсични родители. Во темата СДК еднаш имам пишано за тоа колку е лошо кога детето е т.н. лошо воспитано, но под тоа лошо не мислам на дете со лош карактер туку на погрешен начин на воспитување од страна на родителите кој негативно влијае на детето. За несреќа и јас сум една од тие деца со токсични родители. Мн ми е тешко и срцето ми се крши. Пошто родител е еден, а исто ко да го немам Навистина НЕ секој родител му мисли добро на своето дете. Сакам да се оддалечам од моиве, но нз како. Ако можи совет?
Имам само едно прашање и нема одговор најверојатно. Како, како може родител да се откаже од дете? Како? Дури и детето да е револтирано, дури и да се дистанцира и се, родителот треба упорно да се бори за тоа дете, негово е, негова крв. Да се преиспита треба цела ситуација и да не остава така. Не е секогаш родителот крив, но дете може нерационално да гледа некои работи. Ако е така, нели треба да е тука како најголема поддршка и најголем учител за да може да укаже (или во обратна ситуација да се извини и покае доколку згрешил) на грешките на детето. Колку ситуации знам што се имаат разотидено поради имот. Колку ситуации знам каде родителот при две деца се остава на едно и решава дека и едново да се налути, сепак има уште едно.
Прво е важно да кажеш колку години имаш Ако си полнолетна и си студент, може да работиш некаде да заработуваш за кирија... Ама ако не си полнолетна издржи уште некоја година
Уф ај ако најдам едно писмо како нарцисоиден родител сака да стапи во контакт со дете кое се развело од него. Ама одеше како - се надевам ќе ни простиш ако нешто сме згрешиле, па ја меша вољата на господ, па има пасив агресив реченица и со еден збор ја префрла топката на детето пак, ете јас се трудев, ти ме отфрли, а користи реченица со збор АКО што значи реално не ги увидел причините. Сепак на крајот од денот, децата не одлучиле дека сакаат да се родат, туку родителите одлучиле да ги донесат на свет. Родителот е тој кој е одговорен за својот "призвод", а не обратно. Љубов на родител кон дете е кога има граници на нерационалните испливи со цел да изгледа здраворазумна личност, но во случајов станува за нешто сосема друго. А разидување за имот не спаѓа во оваа категорија.
Рoдителoт не гo пoседувa дететo. Бaрем не требa дa е тaкa. Мoетo дете е веќе девoјкa. Се трудaм дa нејзиниoт глaс биде еднaквo вaжен кaкo мoјoт, a oбврските еднaквo пoделени. Моите рoдители се прекрaсни рoдители. Имaaт нaпрaвенo мнoгу зa нaс. Нo..секoгaш имa нo, oднoсoт зaвиси и oд децaтa. Јaс кaкo нивнo дете сум финансиски незaвиснa oд нив. Имaм еден прoблем. Сеуште кaкo тинејџер зa мнoгу рaбoти се кoнсултирaм, прaшувaм, кажувам, нaјaвувaм кaде ќе oдaм, сo кoгo, еднoстaвнo дaвaм рaпoрт иaкo тoa никoј не гo бaрa oд мене. Пoсле темaвa, зa кoјa не сум рaзмислувaлa, мислaм декa мoите рoдители всушнoст сaкaaт дa се рaзведaт oд мене, aмa не им дaвaм. Не мислaм нa лoш рaзвoд, туку пoзитивен, дoбрoмирен и дoбрoнaмерен. Пoстoи ли збoр "дoбрoмирен"
Кога бев средно, татко ми тогаш адвокат... имаше случај со 20 годишен младич кој му имаше дојдено во канцеларија и бараше совет/помош да се откаже од родителите оти му биле повеќе товар, одошто поддршка... оти го малтретирале отсекогаш, оти му се мешале во животот и оти сакал да си го почне животот од 0 - ко сирак, и оти не сакал да има никакви обврски кон нив. На ист начин ко што и родителите се откажуваат од своите деца, биваат лоши родители..така и ова се случува. И подобро во многу случаи.
Темава баш како за мене. Мајка ми исто, разведена и мислам дека ако издејствувала да нема мешање од двете страни поинаку ќе било. Како старее се повеќе се претвора во нејзината мајка, иако ја презира. Едно време кога ќе и спомнев да си заминам во странство толку тешко ми паѓаше кога ќе ми речеше: е што јас тука ќе останам сама, да дојдам со тебе не можам, внуци на скајп ќе си гледам и пропратно плачење.. Сега најиритантно ми е кога ќе спомнам за свадба, (не дека татко ми и цела таа страна е цвеќе за мирисање како и оваа другава што не е) ми вели: ако поканиш било кој од негова страна јас не ти доаѓам на свадба и нема повеќе да ме видиш. И за уште еден тон работи пробува да ме исконтролира, ама свесна е дека не сум таква по природа, игнорирам додека не стигне моето, па после попушта. Не знам до кај ќе терам овака, ако станува се полошо како минат годините, изгледа ќе треба и да делувам радикално за жал, во корист на моја среќа.
Имаше полицаец Добромир, ама збор, не знам хахахаха... Сања тоа е кодипенденси, не е у оваа категорија. И јас сум таква и не го сакам тој дел од себе. Па и не мораат се да знаат... се прашувам дали сепак они така ме истренирале за нивни кејф или зошто јас сум одлучила тоа да го правам... Оленка мајка ми ме врати од одење од аеродром и и беше најголем менопауза пех што го направи. Одма и стана криво и ден денес се јадосува. Ама има такви родители кои ќе бидат среќни од исходот.
Можам слободно да кажам дека се пронаоѓам во темава. Имам родители кои повеќе ги гледам само како луѓе во кои сум во некое крвно сродство, отколку како луѓе на кои можам да сметам. Откако знам за себе, тие не можат да најдат заеднички јазик. Детството ми помина во страв, солзи, притисок од страна на луѓе кои мислеа дека јас сум и причината и решението за проблемите меѓу моите. И работиве ги мислеа возрасни луѓе кои нѐ познаваа, и наместо да ме остават на мира, мене ми се нафрлаа, додека мајка ми гледаше и подржуваше. Истите обвинувања и ден денес ги добивам и од неа. Комплексите поради лошиот брак ги лечи на мене. И никогаш не можам да ја разберам. Јас за неа морам да бидам совршена. Колку пати ми замерувала за мои одлуки, ми кажувала секакви зборови. Ме споредува многупати со моја братучетка дека таа се омажила и има деца, а јас ништо не вредам во споредба со неа. Не само ова, во многу работи некој е подобар од мене, а јас како да треба да ги имитирам само за да ме сака. Ми велела еден ден ќе го доживеам истото што и таа па ќе видам како ѝ било нејзе. Не знам, не знам... Не можам да сфатам толку да си себичен кон своето дете, да не го подржиш во одлуките, да го правиш да се чувствува како да не вреди ни пет пари зошто некој друг е подобар од него. Иако сум облечена и најадена, не почувтвував дека сум сакана. Посакувам уште одамна да се разведеа, да се решеше ова еднаш. Ама не, поважно е внимание и сожалување да добива, за потоа сѐ на мој грб да натежнува. Кога ќе чујам дека на некого му се развеле родителите, искрено да ви кажам подобро е така, да расчистат, отколку со сила да тераат, а притоа децата да страдаат.
Најлошото е што се користи картата: кров над глава ти дадовме, се жртвувавме за тебе да те изведеме на добар пат... па си размислувам, не е ли тоа обврска на секој родител? ЛејдиС мислам спомна, многу ми делуваат тие две спротиставени страни на самодоверба, (прво зашто и немам остварено блиска врска со татко ми) постојано гледам да гледам критично на секоја случка, се борам сама со своите демони, не знам што е правилно а што не, мислам дека посвоена да бев полесно ќе ми беше отколку растена во оваква средина. Не велам дека сум имала лош живот, напротив, прекрасно детство, се ми е овозможено, цело внимание на мене, јас сум центарот на универзумот (само тоа мноооогу ми смета, заради големите очекувања што ги имаат од мене) ама така ќе биде додека им играм оро на песните. Ако престанам да одам по нивните замислени и понекогаш конзервативни насоки веднаш е друга песна. Заради таква средина ме мачат тешки мисли во врска со егзитенционалност и животна определеност, се изгубив целосно. Многу ми е тешко навистина, мајка ми ме родила млада и целиот живот си го посветила жртвувајќи се за мене, и стварно не е убаво да и свртам грб ама под дејство на баба ми многу лош однос имаме, постојано се прават сојузништва а не знам со која цел.
Имам пишувано за вакво нешто, ама во друга тема. Моите никогаш не се разведоа заради страв од тоа што ќе рече околината, ама јас и сестра ми ги претрпевме сите кризи во нивниот брак на своја кожа. Како помала ми беше одбивно кога ќе речеа, не се разведуваме заради вас. Вие сте битни! Притоа потсвесно ставаќи ни некое чуство на вина, дека сме терет заради кој мораат да се жртвуваат. Anyways, помина доста време од тој период, иако ништо не е сменето во нивниот однос. Ни еден кон друг, ни кон нас. Од овој аспект сфаќам дека во одредени моменти биле доста себични. Гледале да си погодат прво себе си. Имаа и сеуште имаат максималистички барања, притоа заборавајќи дека немаат основ ништо да бараат. Спомнуваат бракови, внуци, глупости, а тие кутрите се зеле на доцна возраст и цел брак им е фарса, а побитно е дека бил договорен. Себекритичност нула! Лошо е кога си гледал дека во бракот на родителите, немало ни грам љубов. Семејството е микросвет, кој се одразува на надворешниот свет. Јас како малечка, мислев дека романса има само на филмови, не верував во љубов и слични ствари. Можно е траумите од детството да ми створија хронична недоверба кон машкиот свет. Денес, не сум официјално “разведена“ од моите родители, иако морам да признаам дека најубаво ми е кога воопшто не коминицирам со нив. Можат да поминат и месеци, а да не почуствувам потреба ниту да се слушнам со нив. Тишината е прекрасна работа.
Ништо повеќе од ова не треба да се каже или напише. Во оваа реченица е напишана целата суштина на здрав однос родител-дете и обострана среќа и почитување. На темава, премногу е лична и овој дел од мојата интима ќе го задржам за себе. Можеби некогаш, во некое друго време на долго и на широко ќе ги напишам моите чувства.
Можам многу да пишувам за тоа колку некои родители не се спремни да го прифатат "разводот" од децата и како со наметната вина и грижа на совест го пролонгираат тој "развод". Тука ситуацијата со време може да прерасне во преземења улога на "родител на своите родители" која ги втурнува сите во еден магичен круг без крај. Многу е тенка линијата помеѓу родител кој мисли дека постапува најдобро за детето и оној кој навистина тоа го прави. Речиси и да нема однос родител- дете во кој нема некои пропусти. Не би сакала премногу да зборувам за мојот личен живот, но манипулација преку љубов и "жртвување" е еден многу погрешен пристап, посебно кога детето ќе се најде помеѓу своите желби и замисли за својот живот и желбите и замислите на родителите.
Еехх колку имам да пишувам на темава Знам само дека имав мајка која од тортури и нервози со нејзините се поболе жената и прерано го напушти овој свет ......