Настрана моето искуство од темава, јас мислам дека ваквите проблеми се случуваат во нашето општество заради хмм... како да се изразам, преголемата поврзаност и преголемите очекувања меѓу членовите на семејството. Во едно просечно македонско семејство, горе-доле сите сме информирани што се случува, во тек сме со сите настани и сега, тоа си носи и добри и лоши страни. Да, ќе добиеш поддршка ако сите се согласни со тоа што сакаш да го правиш ама ќе добиеш и голема осуда ако не се. Не викам дека треба сите да седиме и да појадуваме без да си правиме муабет како во филмовите, меѓутоа во Македонија е многу потешко да се одвоиш и создадеш твое гнездо по 18 години отколку што е тоа во странство. Мое мислење е дека ако се има услови децата да се малку понезависни и посвои, дека нема да доаѓа често до вакво разидување во мислењата/ставовите. Едноставно, секој ќе си тера по своето без да има мешање од страни и полесно ќе се прифаќаат неконвенционалните методи на размислување. Или мојата добропозната поговорка - кога сме подалеку, повеќе се сакаме. Мислам и дека секој треба да има период во животот што ќе го мине надвор од домот, како независен поединец, за да се види кој е, што е, како е и зошто е. Тоа во Македонија не дека е научна фантастика, ама е ретко; од заеднички кров со старите најчесто се стапува во брак, што не дека е лошо ама не знам како да го објаснам. Као... цело време има некој до тебе/околу тебе, како знаеш кој си тогаш кога се однесуваш така како што очекуваат тие најблиските? А може и јас па многу длабока сум, можно е и ова. Кај нас уште се гледа како шок ако се исселиш од дома без причина (како независноста и самостојноста да се мала причина?!) и наместо да се гледа на тоа како нормален и разумен чекор за секој зрел поединец, веднаш се бара грешката/вината во детето што си „оди“ и ги напушта родителите. Па нели треба да си горд и да ти е мило што си пораснал човек што сака да е независен? А и родителите некогаш сакајќи да го направат најдоброто, го прават најлошото и така се вртиме во магичен круг на традиционални вредности, модерни времиња, различни ставови и преголеми очекувања, од двете страни и од родителот и од детето. Јас моментално сум среќно разведена од едниот родител, иако одамна немам напишано ништо за ова. По неколку и не така симпатични настани, ајв мејд мај пис дека работите се такви какви што се, едноставно го прифаќаш тоа и го минимизираш влијанието што го има врз тебе. Фино-лепо на улица здраво-здраво, како си, добро сум... и толку. Да не се подречам, де. Познавајќи се себеси, пре би да изберам да не се остварам како родител отколку да пораснам хм... несреќно дете. За жал или не, не секој гледа така на работите.
Како што некој кажа претходно, родителите најчесто не си го познаваат детето доволно. Ова поаѓа уште од раното детство и неможноста детето да се искаже. Родителот мисли дека детето е марионета која само тој ја управува и конците само треба да ги превземе кога ќе напопни 18, наместо независноста да се учи од мали нозе. Пример обично за некоја ситуација кога едно дете ќе искоментира нешто, родителот веднаш ќе рече "ти дете си, што знаеш". Потоа тој родител ќе се чуди кога неговото дете подоцна ќе има спротивен став од неговиот, ќе се прашува каде погрешил. А и ваквата постапка со непочитувањето на неговото мислење од мало, им влева чувство на страв и зависност од родителите. Не мислам на финансиска зависност, туку на некој начин психолошка. Детето мора со сѐ да се согласува со родителот, да оди според неговите ставови, мислејќи дека правилно постапува, зошто нели родителите секогаш знаат најдобро. Додека пак се " разведуваат" тие деца кои имаат доволно храброст да се спротивстават и да го одбранат својот став кој е различен од тој на родителот. Затоа не е работата детето да се учи секогаш да се согласува со родителот, зошто најчесто баш тие деца најмногу страдаат психички, ако постапат спротивно, родителот ќе се откаже од него. Треба од мало да му се дозволува да искаже мислење, да се разговара со него со теми кои подоцна би можеле да му влијаат многу во животот, наместо тие одлуки да го шокираат родителот после и да вели дека треба да се засрами зошто нема почит. Само, жално е и срамно е што и многупати самиот родител постапува обратно од она што го воспитува детето.
Декумно, ваков проблем постои заради тоа што во македонското општество има социјален притисок, да стапиш во брак и да прокреираш, ако се можи и по 20та година. Посебно за млада жена или девојка. Никој нема да го сфати како голем успех тоа што напредуваш во кариерата, ама ако објавиш на фб дека си запросена... е тогаш добиваш величање. Ова само како глуп пример. Идеализација на бракот како институција. Константен притисок на тие што се во брак, “што чекате, време е за деца“ (во множина, се разбира), ствара родители кои не знаат како да бидат родители и несреќни деца. Треба да се отворат видиците, и да се сфати еднаш, дека не секој може да биде во брак и не секој може/сака да има деца. Индивидуална одлука е и не треба комшиките, тетки и стрини да забиваат нос во приватен живот. За мене ова е основата на проблемот. Незнаењето што со животот понатаму, па решавање на ваков чекор. Колешки на факс се омажија веднаш по дипломирање, чисто се сомневам дека било затоа што тие така решиле. Нивните родители решиле дека после факс, треба мажење. Многу контроверзна тема е ова, подобро да не ја отворам, да не се најде некој навреден, а тоа не ми беше поента.
Ваквиот "феномен" почнува во раното детство, односно во рамките на семејството каде се знае што е традиционално и од мали така растеме. На повидок ни се семејните вредности, негативните и позитивни презентации за истите. Прекумерно внимание како и недостаток од истото, конфликт меѓу родителите, ниско ниво на семејна кохезија, ниско ниво на социо-економски статус, се едни од причините за проблемите на врската родител-дете, но и за понатамошниот развој на детето. Често, од ова произлегуваат и други проблеми, како емоционален стрес, преголема емоционална незрелост, проблеми со социјализација и комуникација итн. Атмосферата во домот е клучна за развојот на децата, на речеси сите општествени сфери, а главните семејни фактори тесно поврзани со истото, а особено со односот родител-дете па и обратно. Фатални и нефатални последици, стануваат глобална бројка, а со тоа се поголеми социјални и психолошки проблеми. Притисокот да се биде нешто што го очекуваат родителите, притисокот да се остварат неостварените желби на родителите, а да се поттиснат сопствените, небаре сме роботчиња. Одлуките кои други за нас ги носат, не давање можност за избор, а потоа и за самостојно решавање на проблемите оти тие "најдобро знаат што е за нас најдобро", до екстремни крајности како избор на факултет, работа, партнер, па дури и брак, а потоа и задоволството на кое се препуштаат, на сопствен начин да ги воспитуваат нашите деца. Секако дека тука играат улога и наметнатите општествени и институционални норми, како и размислувањата "што ќе кажат другите", оти нели е срамота во денешно време да се одвои детето од родителот и да живее само на соодветна возраст. Секако дека е, оти според повеќето ова не значи дека сака да се оствари самото себе и да се издигне на независно и повисоко ниво, ами ова значи дека нешто не е во ред со него и други видови слични "предвидувања". Каде е тука можноста детето да се развие самостојно?! Нормално оти после ваквите деца ќе имаат деца кои ќе ги учат на еднакви семејни вредности ако не и полошо. Нормално е после да се случи комплексна и токсична врска родител-дете. Фрустрации од двете страни поради судир на желби и интереси и неможноста за нивното остварување или поттиснување, како и инхибирање на степенот на самодоверба. Разбирам дека секогаш ќе постојат мерки и стандарди кои никогаш нема да бидат постигнати, но и не би требало, бидејќи не секогаш се исправни. И не само што прават притисок, туку и ја ограничуваат личноста да се моделира и издигне, односно да се пронајде себе си во животот.
И јас веќе неколку години сум “разведена“ од татко ми. Многу голема лузна ми остави на психава што никогаш нема да се опоравам, меѓутоа успеав доста да се соземам и сега за сега добро фунционирам. Настрана нарцисоидноста негова и алкохолизам е во прашање, убиствена комбинација не само за самиот себе туку и за целата наша фамилија во потполност. Не се разведни со мајка ми, живеат во иста куќа на посебни спратови, тој сам на едниот, мајка ми и баба ми на другиот спрат. Јас се омажив во истото место, а сестра ми после факултетот не се ни врати ваму, остана во Ск да работи. Проблемите да не ги набројувам помеѓу него и мајка ми, караници и тепачки откако знам за себе, мајка ми душа човек, со години додека бевме мали не сакаше да пререче ни збор за мир во куќата, никому не се жалеше, само трпеше и страдаше. Откако пораснавме и почнавме да и даваме подршка, почна и таа да се спротивставува и крена глава малку, веќе не дозволува да се изживува врз неа и престана да му се плаши. Односот меѓу мене и него е полн страдања. Тој беше мој идол, паметен, самоуверен, како мала го слушав со восхит како раскажува што се тој постигнал во животот, како успеал од ништо да створи нешто, ветуваше дека се ќе стори за нашето образование, дека ќе се жртвува да успееме.... Ништо од тоа не стори, ниту за мене ниту за сестра ми... Цело време ни набиваше во главата да не го разочараме, мораше да бидеме најдобри во сё, а јас како постара тоа повеќе го осетив на своја кожа. Создаваше ривалство помеѓу мене и сестра ми. На периоди беше добар со едната, а другата беше лоша и не чинеше, на периоди обратно. Тоа и те како влијаеше на нашиот однос како мали, среќа сега успеавме да го средиме и сме супер. Милион пати не има избркано од дома, во фаза на пијанство, не има вреѓано и колнето, а по некој ден очекува да заборавиш и да се однесуваш како ништо да не било. Па глуми жртва, како не сме го почитувале, како тој се сторил за нас, а за возврат ништо не добил. Во тие моменти се закануваше дека ќе се самоубие, дека не му треба живот, дека ние ќе сме виновни и дека еден ден ќе се каеме и ќе плачеме по него.... Може да замислите како сето тоа влијае на една детска психа. Легнуваше со денови во кревет и се преправаше болен само да добие внимание, а тогаш се обвинував дека јас сум виновна и се плашев дека ќе умре поради мене. Па му простував одново и одново, но тој секогаш одново и одново ме разочаруваше. Додека студиравме со сестра ми беше многу тешко од финансиска гледна точка. Мајка ми со нејзината конфекциска плата од 8-9000 и баба ми со нејзината пензија од 8000 едвај успејаа да не изтуркаат до крајот. Тој ќе дадеше еднаш, па потоа со месеци го немаше никаков. Ниту се јавуваше да праша имаме ли за јадење, имаме ли за кирија.... Како и да е до ден денешен спомнува како тој давал, а ние не сме ценеле. Откако решив да не му зборувам, ми е многу полесно. Не се разочарувам повеќе, знам дека сёшто можам да очекувам од него и ништо не може да ме изненади. Порано при кавги дома одев и се мешав, па со денови бев нервозна и под стрес, но откако останав бремена со синко, мм ми забрани да одам и да се нервирам. Сфатив дека така е подобро, на моето семејство му требам здрава и разумна, а при такви ситуации е невозможно да останеш присебен. Има уште многу што да се кажува, ама да не ја ширам многу, последици имам многу на мојата психа, но ако не ставев крај можеше да биде многу полошо. Спас е само да избегаш од таа средина и да ставиш крај зашто колку и да мислиш дека ќе има подобрување не е точно, само полошо и полошо станува.
И за мене е темава... И моите родители се разведени, а и јас од нив. Се разведов прво од едниот, потоа и од другиот. Официјално. Сега со мајка ми наводно имам некоја комуникација, ама поформално не може да биде. Никогаш не сум била блиска со неа. Ми фали родител во животов и многу ми е криво што такви родители ми се "паднале", ама тоа е. И јас не можам да разберам како може родител доживотно да му се лути на детето и секоја позитивна работа која ја прави детето ја сфаќа како најтешко зло...
Полнолетна сум но не сум студент...процедурата за добивање на бугарски пасош е во последна фаза...но за жал нема да бидам само јас единствената од дома со овој пасош. Моментално не располагаме со мн финансиски средства, така да не можам да заминам и да живеам под кирија. Од татко ми сум веќе разведена. Иако живееме во иста куќа, помеѓу нас има само здраво и чао. Дома праеше неколку инциденти од кои најмногу трпеше мајка ми, ама гледам сега и та стана родителот кој не сакам да го имам повеќе. Како потајно да станале сојузници.... Сакам и од неа да се разведам како шо се разведов од татко ми...
Јас имав едно неуспешно заминување од дома, но второто ми го промени животот. Тргнав да се снаоѓам како знам и умеам. Живеев половина година во шатор. Кога заврши сезоната не сакав да се вратам. Се снајдов некако и не се вратив повеќе.
Не побегнав. Отидов да работам. Тоа од кај татко ми. А од кај мајка ми си заминав 9 години пред тоа. Ако те интересира подетално ќе ти пишам лп.
Јас го немам овој проблем, но го имал татко ми и гледам дека и ден денес го боли тоа низ кое што поминал. Татко му, мојот дедо бил толку скржав, злобен, лош и ден денес е татов. Татко ми немал скршен денар, немала ни баба ми за да му даде, бидејќи дедо ми се зграбувал за себе. Одел со искинати панталони, скинати патики. Училиштето му било далеко, па бидејќи немал пари за превоз одел пеш. Собирал пластика, хартија за да може да дојде до некој денар и на крај дедо ми пак му ги земал парите. Уште на 15 години заминал во Скопје за да се школува. Со години се мачел многу. Но упорноста му се исплатила. Сега ни е пензионер со доста солидна пензија. Се што стекнал, стекнал од нула сам. Живееме во сосема друг град, далеку од неговиот роден град и многу ретко одиме таму. Татко ми нема никаква желба, можеби затоа што баш тоа место го потсетува колку тежок живот живеал. А дедо ми лично мене ми има речено јас го школував татко ти, колку можев давав. Па и сега на сите внучиња давам колку можам. Еј луѓе од родениот дедо не паметам дека ми дал 10 ден, а тој ми кажува ми давал. Имањето го препиша на чичо ми кој живее со него, татко ми сам рече дека не сака ништо. Не ни ни треба. Фала Богу си имаме се што ни треба. Горда сум на татко ми што и покрај се стекнал многу. Често знае да рече ако сум немал јас имајте вие. Но жал ми е што немал родител кој би се грижел за него.
Паметни мислења прочитав низ темава. Почитта се заслужува. Родителот со самото правење/раѓање и овозможување на материјални добра не ја завршил својата обврска кон детето. Родителот треба да е ментор. Денешните родители се растени во семејства каде што се слушале само постарите но не и децата. Типично традиционално семејство. И тоа го пренесуваат денешните родители на нивните деца. И многу денешни родители се незадоволни од тоа што не го исполниле како помлади и го пренесуваат на детето дека мора тоа да го исполни. Не можат или не сакаат да разберат дека детето е посебна единка со свои ставови, мислења и начин на живот и дека не треба да се држи слепо до нивните желби. Од тоа што наметнуваат свои ставови израснуваат личност без самодоверба, несигурна.
Ve izcitav i samo edno imam da kazam. Koja e taa potreba za da zamines treba da gi prekines kontaktite so roditelite? Se razbira razlicni generacii imaat razlicni svakanja. Se osekas finansiski stabilen, treba da si zamines. Voopsto ne treba da se ima raspravija, objasnuvanje, prekinuvanje na semejni vrski,.... Roditelite se samo edni i kakvi se takvi se. Sekako gledale se najubavo za svojte deca ama ponekogas ne izleguva bas taka. Od druga strana potrebata za samostoen zivot kaj mladite sekogas postoela. Zaminete dostoinsveno, posetuvaj te se, sakaj te se,.... sto i da se desilo e nadminlivo, ama toa zaminal pa nesaka da komunicira so roditelite i obratno e ne prifatlivo. Ne zaboravete deka mozda ke vi se sluci pak da se vrati te, bilo na koja vozdras pa uste potragicno so maz i dete. Nikogas ne plukaj te vo stariot bunar. Sekoj roditel e gord koga negovoto dete zaminuva. Toa se ubavi vesti, znaci deka materjalno e stabilno i moze samo da cekori kon svojot zivot. Toa so komsiite, "sto ke recat komsiite", da se razcistime, nikoj ne misli na nikogo. So toa se opsednati samo tie sto razmisluvaat sto pravat komsiite. Znaci ako Vas ve briga sto ke recat komsiite znaci deka Vas ve briga sto pravat tie, Vie ste tie sto ste opsednati so nivniot zivotot. Pred nekoj den bev na gosti i tamu dojdena majkata na deckovo. Nekolku pati povtori "lele ednoto cedo ovde, drugoto tamu, samo majka go oseka toa". Jas slusam ko da neslusam i edno vreme posto nikoj ne i obraka vnimanie se otkaza od povtoruvanje. Vie sto mislite deka bas taka tragicno e toa sto go kaza pa treba da i veruvame sto kazuva ili za pred narod da iskaze ljubov. Ne I jas sum necija majka i nikogas toa ne sum rekla pa zgora na se sum rekla "majko do 20 moze ovde od 20 najubavo e za tebe da si baras cajre, na kraj kraeva da si imas sloboden sex da ne se custvuvas kako nekoj te nasluskuva". I da ne nabrojuvam sto uste sum rekla za da i posocam deka najubavo ke i bide da si zivee sama. Za sreka ne i treba mnogu za da ja ubedam. Kako i da e samo za Vas rekord, kolku decata sakaat da si zaminat isto tolku roditelite sakaat da gi ispratat.
Родителот НЕ секогаш најдобро му мисли на своето дете. Насилството, дали емоционално, психички или физички НИКОГАШ не е надминливо. Само ова едно имам јас да ти кажам тебе.
Sigurno roditelite ne mislat da gi povredat decata. Toa ti go kazuvam so sigurnot. Gresat i ednite i drugite, nenamerno. Otkazuvanje od roditelite i obratno e najstrogo prekrsuvanje na semejni odnosi. Gledam jas sega vo Mk toa e moderno. Ako ne ti odgovara nesto odma kavga, raspravija i nerazgovaranje i najlosiot sovet, "ignoriraj". Ignoriraat deca rodioteli, roditeli deca, svekrva, priateli,..... Toa ne e nikakvo resenie. Moze i treba (zadolzitelno) sekoj da ja napusti zaednicata i da pocne sopstven zivot, no Ne na krajno neciviliziran nacin. I Vie ke bidete roditeli i Vie ke gresite, nemojte da mislite deka se Vie sto pravite ke bide korektno. I Vasite deca isto ke se zalat na Vas, a uste poveke ako mislite da delite soveti i da gi drzite pod kontrola. Mladite generacii sekogas ke bidat po progresivni i ke im smeta nesto kaj postarite. Tmn rabota da deteto e ponazad od roditelot. Vie kako roditeli ke gi ispravite greskite na vasite roditeli no sepak ako ne tie greski ke napravite nekoj drugi. Toa se razlicni generacii koj sekogas imale sprotivni razmisluvanja. Pa i mojata majka nikogas ne zborela za sex so mene, pa da kazam gresela. Takvi bile generaciite. Jas pak mozda premnogu explicitno zboruvam za sexsot, a sigurno pravam nesto sto e vazno za deteto moe koe ni na kraj na pamet ne mi paga deka e pogresno.
Ако сакаш отвори ги линковите ќе ти стане појасно за што станува збор. Не се работи за ненамерни и секојдневни грешки, туку многу, многу повеќе. Мислам дека н си дочитала до крај за што станува збор, ама е далеку од наивно. Ни па има апел за нецивилизирано напуштање на заедницата. Поцивилизирано амин! Од денес имам друг пример. Ме прегледува докторката, патем жена за пример и професор на медицина. Додека трае прегледот и се јави татко и, не навлегувам во содржината на навредите, ни па прислушкував со намера, незгодно ми падна, се се слушаше од телефонот. Жена околу 40...се свена, и ја снема цела енергија... А имам познаник што цел живот не може да си најде партнерка зошто глуми маж на мајка му. Мајка му ги држи сите конци и го манипулира. Се однесува со него како да и е маж. Го убедила дека она е жртва. А има и маж...да се разбереме. Мажот до лани одеше на работа во смени, сега од гаража не искача за да не ја гледа. Ја викаат у маало кај моите сите - депресија. Го труе синот, ги труе сите. Ама синот под рака и шетаат секоја вечер, одат да пазарат, он ја сослушува ама баш за се. Извинете, ама... За вакви случаи збориме. А и свекрви и снаи може да си помогнат адресирајќи ваков однос. Со нарцисоиден родител нема карање и излегување на крај. Само мирно повлекување. Што би оправал на пример кога се што прават ти ја црпат енергијата?!
Ма немој те молам Можеби и оној родител што си ја силува керќата не и мисли лошо нели?Грешел па ке му простиме Или оној кој ги тепа ама саглам ги тепа децата ,може и он не им мисли лошо? Па и таткото курвар што менува швалерки како чорапи ,и он е безгрешен? Дај не ме терај уста да отварам да видиш што е траума и малтретажа од родител Вие некако во Канада мн специфични излеговте.
Имам пример и за кај дечко ми уште еден. Мајка му на пример многу е конфликтна и себична. Кај нив дома за родителите секогаш се криеле храна и сокови. Секогаш! Они двајца да се намирени и никој друг. Децата ко мали ко кучиња си ги тренирале да вршат задачи у нивна функција и се под наредба. Дм е влечен по сешто за да биде дете трофеј. Он е многу интелигентен, ко да не им е дете. Ама и плус притисокот од нив да биде најдобар, секогаш вадел максимум од се, но трпел стрес. Мајка му ако сака да те изманипулира почнува да набива вина, ако не и играш по филмот легнува да умира, ако пак не ја рецкаш, се дере, некогаш кога ништо не успева знае и да се улизнува, не бира средства. Пред други е шармантна госпоѓа... Последно, бевме навредени ужасно. Беше навредена за добар здравствен резултат. Извинете ова добар родител е?! Кога го дозна спротивното се препороди! Живна! Се обидуваше да допре до син и, ама син и веќе на последно шат даун ја стави, што е многу, многу е! Темава е со цел да крене свесност што да НЕ правиме ние младите и идни родители! Не е за да растури семејства или да поттикне карање и расправање. Нарцисоидниот родител секогаш прави да се врти се околу него дури и кога некој друг умира. Он би сакал и он да умре на некој ден за да види кое од децата најмноху ќе го жали и кој се ќе му дојде на погреб и пак да оживее. Секогаш е он многу повеќе од другите. Создава триангуларни комуникации меѓу децата и другиот родител. Децата и да имаат ок однос, секогаш измеѓу нив е овој родител со цел контрола и манипулација, па често создава раздор меѓу децата. Го исклучува па го вклулува другиот родител по потреба за да постигне нешто. Некои па се толку фини и добри, што играта не се ни забележува. Стануваат најсјајните родители на светот, но во суштина ...далеку од тоа.
Siluvanje, tepanje,... i sl na toa toa se problemi za socialnite ustanovi, policija, sudovi. Па и таткото курвар што менува швалерки како чорапи ,и он е безгрешен? Ne e rabota na deteto da odreduva kolku zeni/mazi nekoj ke ima. Ljubovniot zivot na roditelite e nivna rabota, a ne na decata. Treba pocit i ednata i drugata strana. Treba sekoj mlad da se sremi da zivee sam, zosto sekoj vo zaednicata se sremi da go kontrolira zavisniot clen. Toa se moj mislenja. Jas go izloziv svoeto bez da go navreduvam nikogo i bez da go otpovikuvam nekogo. Ona sto i odgovoriv na licnosta pred nekoj post e rezultat na licno otpovikuvanje. Tolku od mene,svoeto go kazav uspat go pocituvam secie mislenje i ne se obiduvam da go menuvam. Razgovarajte si grubo megusebe, mene mozete da me preskoknuvate.