Родител кој ги тепа, силува децата- тоа не е човек со здрав разум, нешто не се во ред психички, за нив има посебни институции. Родител кој менува швалерки не значи дека е лош родител во никој случај. Едит: се повторив со тугуд дури сега прочитав
На мојов профил имам пишано една мисла: "Сакајте ги своите деца и кога грешат, животот ќе ги казнува и кога не грешат". Ова се однесува на родителите. Тие се тие од кои се очекува поголема свесност и толеранција во релацијата родител-дете. Родителите се патоказот на децата. Тие се нивната основа, нивната поддршка. Јас се согласувам со @toogood дека сме малку лош народ, со преголемо его и круна на главата. Се согласувам и дека секој има право на свој живот. Но, им се восхитувам на оние кои поминуваат преку ситници и поголеми работи за да ја зачуваат хармонијата на семејството и односите во него. Каде што сопствените интереси не ги попречуваат туѓите и се почитува и другата личност... Но не се согласувам дека тоа го прават баш ненамерно. Возрасен здрав човек ненамерно не сака да оствари контакт со своите деца, внуци...? Што е тогаш намерно?
За мене секогаш ќе се родители тоа го знам и не може да биде поинаку, дали се изневериле меѓу себе (имале макар и сто швалери) тоа не ме засега затоа што биле жртва за мене и секогаш како нивно дете сум им била на прво место. Комплексна тема, велат вистината секогаш има две страни
Тугуд стварно не знам каде виде некаков тон?! Стварно веќе не знам како да се пишува на форумов. Некои теми се ставови, некои за препознавање и надминување. Оваа тема па не знам колку дозволува да се има некаков си став кога фактите и тригерите за распознавање постојат како такви и тоа е тоа... Нејсе, татко кој се швалерисува можда не е нужно лош татко колку лош сопруг, ама може да има други причини што го прави лош нарцисоиден татко па изневерувањето ама баш го допотврдува... Зошто некој би изневерувал ако не за еготрипови?! Нели е тоа нарцис?! На крајот да е доблесно па да признае и да замине преземајки целосна одговорност за потребите на семејството. Но не... Некако ретко да сретнеш човек кој одел во тие води, а нема некоја таква токсик нота. Ако децата носат траума од неверствата и при тоа он не преземал одговорност и те како е и работа на децата. Па јас од пријатели и нивните нарцисоидни испади (цело време за истите пишувам ама стварно се осеќавме измалтретирани од нив) задлабив во ситуација која ако уште потраеше гарантирам дека ќе завршев во депресија, не пак од родител од тој тип. Да не ја дубам ама нивните однесувања и мојата ситуација беа лоши, ме буткаа во амбисот на безизлезност и дека нема спас, се додека еден ден дм не се освести прво он, па јас.
Јас бев дел од дисфункцинална фамилија со многу недоразбирања помеѓу партнерите. Проблемите кои ги имаа меѓу себе не можеа да се разрешат со години, а како минуваше времето така ситуацијата се влошуваше и ескалираше со физичко насилство. Јас никогаш не бев вербално засегната во целиот тој хаос, и нивниот однос кон мене беше коректен, но психички некои работи ме погодуваа. Трауми имам, ама сметам дека не влечам некои големи лузни. Пред да се поминат граници од кои нема враќање се разделија и се разведоа. Што за мене беше најправилно и се уште сојам зад тоа. Но не велам дека тоа не ме погоди, всушност и највеќе. Мислам на разводот како "развод", финализирањето на процесот во суд. Знаев дека тоа е неизбежно и дека кога веќе толку години живеат одделно, тоа е само формалност, но ме погоди фактот што после парницата, официјално моето семејство нема да постои повеќе, иако не постоеше ни порано. Се сеќавам како какошто наближуваше 11 ч. на тој 10ти март, се помачно ми стануваше. На четврти час, му кажав со два збора на професорот по музичко дека морам да одам и која е причината, на што тој одговори дека му е жал и дека ќе ме ослободи до крајот на денот. Училиштето и судот се на 20м растојание, па директно отидов таму. Претходно додека живееја заедно, средината беше токсична. Самото тоа што зборувам како набљудувач и не се вклучувам себе во сликата, укажува на тоа. Вината ја делам на двајцата, но не се и двата подеднакво виновни. Татко ми беше повеќе време отсутен дома поради работа, и од тоа произлегуваа најголеми проблеми. И иако не ме занемаруваше мене и домот, тоа и пречеше највеќе на мајка ми. Живевме во заедница каде што секој си ги помируваше своите трошуци, а баба ги плаќаше сметките на двајцата синови и фамилиите. Но за се друго исто така требаат пари. Па кога времето го поминуваа заедно. мајка ми скоро секогаш ќе најдеше причина и повод за караница. И секогаш нешто ѝ фалеше. А ситуацијата не станува подобра кога се вмеша и нејзината мајка. После смртта на дедо, изгледа немаше друга занимација. Другите ќерки и се далку, па мајка ми е тука и се занимаваше со неа и нејзиниот брак. Сега слушам дека и кај тетка ми ствара проблеми. Така сѐ тргна по удолница. И сметам дека ако мајка ми не дозволеше некој да и соли памет, можеби ќе се најдеше начин и решение. Уште повеќе ме боли факотот што иако сега не ја препознавам, мајка ми беше паметна жена. Работеше, се грижеше за домот, за мене, читаше, се надоградуваше... сѐ до болеста и смртта на дедо. Изгледа тоа највеќе и најтешко ја погоди, и не знаеше како да се носи со загубата и да продолжи понатаму. Тука е крајот на фамилијарната драма. Мојата приказна продолжува со мајка ми. По разделбата нашите односи се влошија. Останав да живеам со татко ми затоа што со него имам однос од мала кој ми живот значи, а со мајка ми секогаш бев на океј однос кој полека се повеќе се ладеше. И се појавуваа сѐ повеќе раздори кога отиде да живее со мајка ѝ, и ѝ дозволи да се меша во односот кој го има со мене. Не си ја научи лекцијата претходно. Балансирав, прогледував низ прсти, се дистанцирав и оставав простор кога и каде требаше, но стануваше неиздржливо. Лаги, посесивност, производи на бурна имагинација, заслепеност и наметнување на неточни работи, сплетки позади грб на моја и на сметка на тато, обиди за контрола врз мене... сѐ се трупаше на куп. Стануваше неподносливо и колку и да се трудев да ги игнорирам глупостите што ги прави, не можев. И ставив крај. Немам никаква комуникација со нејзе и е подобро. Не е овде, па пртпоствувам тоа е и олеснителна околност за тоа да биде изводливо. А и нејзините се оддалчија од мене, очигледно заземаат страна. Јас можам да комуницирам со нив и да бидам фер и коректна, ништо повеќе, ама ако и тие го сакаат тоа. Сега засега така е со братучедите. Моите не комуницираат меѓу себе. Ништо не ми пртставува проблем или нешто со кое не можам да се носам. Помирена сум со сите настани, сѐ сум прифатила. Имам други битни работи на кои треба да се посветам. Од мала се имам изградено како личност и сум вградила вредности и принципи кои ми помогнале да надминам и да продолжам понатаму. Сѐ заедно ми овозможи најбезболно да поминам преку сите работи. Моите проблеми јас сум си ги предизвикала и јас сум одговорна за нив, никој друг нема допирна точка и никакво влијание со/ врз нив. Каши како што јас знам да си збркам, никој друг и да сака не може да ми сервира.
Многу интересна тема а и многу конструктивни и длабоки мислења. Јас познавам луѓе кои се развеле само и само што не се развеле од нивните родители.И двајцата-и мажот и жената.И на двајцата излезе дека побитни им се нивните претходни семејства отколку она семејство кое тие си го создадоа. Нажалост имаа според мене многу веројатност за шанса заедно, ама на крајот излезе ништо.
Аууу и те како швалерисувањето го прави родителот ЛОШ родител, ама ти изгледа не си свесна. Личноста која бара нежности и бакнежи надвор од домот е лош пример за децата. Не можам да одлучам кое неверство е полошо. Дали мајката која ради страст го растура домот и без ни малку достоинство оди во прегратките на друг маж или таткото кој не може да го прибере петелот и ја подгазува жената која му родила деца. Дечковци и девојки после развод е една тема, јас зборувам конкретно за швалерисување. Толку подло и мизерно. Додека едниот родител се швалерисува, другиот е во константна агонија а децата го гледаат тоа. Проблем е што ваквите проблеми се буткаат под тепих и луѓето глумат лудило дека не гледаат. А уште полош случај се родители кои се индиферентни кон децата, па секој со својот швалер(ка) си се мафетосува. Надвор од темата, морав да коментирам. Врски со трети личности се еден од полошите облици на психичка тортура, и тука возраста на децата воопшто не е битна.
Јас сум многу добро свесна и не осудувам никој бидејки секој си знае на своја кожа како му е и која е причината за тие постапки. Се што мислев веќе напишав а се друго би било повторување. Се занесив троа, заборавив дека тука на форумов сите имаат идиличен живот, брак, врска, финансии ...
Разводот постои за добро но, за жал, многумина го сметаат за нешто срамно. Заради ,,што ќе речат другите", еве живееме во заедница без љубов, сите на своја страна. Тоа што и мајка ми и татко ми го проколнуваат денот кога се запознале, денот кога се зеле, кажува се'. Цело едно семејство уништено. Последици има многу. Колку пати само ја прашав мајка ми зошто не се развеле... Толку многу каење. Барем пример ми се, каква да не бидам и што да не правам во животот. Но ете, заедно сме. Потребни еден на друг. Само крвта не' врзува.
На тема оваа манипулација јас исто имам жив пример - манипулатор баба. па како го фали вујко ми како тој вака прај онака прај и се пред мајка ми. и после - кавги дома со татко ми. а и со мене мајка ми пробваше така додека бев во брак, ама јас одма пресеков...сега, бракот ми прекина заради други причини, ама заради пошироката фамилија не. јас дома истото го гледав со години, како и моите дозволуваат од нивните родители да примаат фрустрации и си реков хахах како не, со мене нема да е така. и не беше - додуше додека бев во брак. И со бившата свекрва кафе и муабет си праев, и ич уво не ме болеше за неа, неутрална до последно бев. јас бев мажена за идиот, класичен, и добриот однос на крајот со бившата свекрва за ништо не ми вредеше. Ама изгледа јас по крв и трња имам боса одено од малечка, немав ни убо детство ни тинејџерство и затоа можеби сум вечен бунтовник, ако нешто не ми е како што треба одма прешкртвам, толку. а со мајка ми ем најмногу се сакаме сега ем најубајте кавги ги прајме, ко масло и вода сме, ама да дозволам манипулација од некој, немат шанси а тате ми е појќе сличен на карактер ко мене, така да - со него полесно се разбираме, ниту сакал да ме манипулира ниту се замара со такви интриги....не дека не сваќа или не гледа, за мир во куќата преќутва. Како и да е, многу зависи од карактерот на личноста, колку паѓа некој човек под влијание, не знам како да објаснам - јас дури и кога морам нештото како сите што прават да го правам - јас имам свое мислење што не го знај никој. некој многу сака да им се допадне на своите родители, а некој е екстрема како мене - поарно ќе се испокарам отколку да правам се по нивни ќеф. па ова е мој живот не нивни
Како шо рече една членка претходно, не станува збор за ненамерни грешки. И патем ниту мојата мајка не зборала за секс со мене, но сега тоа не е тема на муабет. И не и се лутам за тоа колку шо и се лутам дека не ми помогна кога најмногу ми требаше, т.е. кога бев жртва на насилство. Откажување од родителите е најстрого прекинување на семејните односи?! Хаха па ти очигледно ништо не си доживеала спрема она што го доживеавме јас и мн членки тука. Најлесно е да се коментира отстрана. Ама јас ќе ти речам да препрочиташ мислења од членки па да видиш за какви фамилии станува збор. Тек после ќе те видиме дали ќе коментираш вака.
Еве јас ќе се вклучам во темава. Моите родители се деца на разведени родители. Двајцата се растени без татковци само со мајки. Израснати се во прекрасни здрави личности. Нивниот брак опстојува цели 30 години. Моите две баби се приказна за себе, но прекрасни жени во суштина. Строги, концизни, тврдоглави....но никогаш не се мешале во животот на моите родители. Јас сум мажена со дете. Имав првата година криза ми идеше да се разведам да отерам све кај што не треба. Многу совети од моите родители ми го спасија бракот а и од моите баби. Сакам да кажам... се е до перцепцијата за животот.
Откажување од родители е можеби најлошо од морален аспект на нештата, ама зарем откажувањето не е обострано?? Ете јас иницирав прекин на контакт за работи што се ситница во споредба со сѐ што другите напишаа, ама зошто моите не инсистираат на смирување? Еве година и неколку месеци се минати, татко ми чат-пат ќе ме побараше, и што ако кога пак вината ја префрла на мене, не гледа грешка во себе. Мајка ми ме нема побарано Плус, ја замешаа цела останата фамилија, па сите ме обвинуваат мене Од страна гледано може изгледам како незадоволно детиште, ама притисокот што го чувствував, одбивањето од друштво бидејќи ги пропуштав сите големи дешавки, па "немањето пари" да одам на курс по јазик или математика, а за сестра ми да има за спорт... Не е во ред за едно дете да си мајка, за друго маќеа
Дури и да те гледале така, сега веќе треба да имаат друг видик и да видат дека си сопруга и мајка. Да видат дека всушност погрешиле и твоите одлуки не биле детска игра туку созревање, создавање семејство и сопствен живот.
И јас сум разведена веќе 10 години од татко ми. Тежок период, особено за мене бидејки се осеќав виновна, дека јас не сум добра, дека треба да го трпам ( да, буквално да го трпам) итн. Барав во мене сила да му простам за се она што ми го приреди, за се она што како ќерка и како жена ме повреди ама не успеав. Секое негово јавување на телефон кога ќе му го видев бројот ми ствараше бес, нервоза, неописиво чуство. Кога дојдов до ситуација да сонувам дека го убивам, и кога ја достигнав врвот на анксиозноста и не можев да функционирам нормално се обратив на психијатар. Со негова помош го пребродив разводот од татко ми. Не сум била физички малтретирана, но никогаш не сум се чуствувала сакана. Немам ни еден убав спомен со него. Сега иако живееме на 200 метра еден од друг (тој со нова жена а јас сама) не го гледам, не се слушаме, само смс како си жива си и толку. Кога одам дома ја заобиколувам улицата да не го сретнам. Премногу боли и премногу работи имам да му плеснам во лице, но сепак не можам. Цел живот на било кој начин се трудев да бидам подобра ќерка за да осетам дека се гордее со мене, а тој секогаш со она Да не бев јас.. За ништо не те бива итн.. И денес се сомневам во себе си, и денес барам одобрување за се што ќе направам. По повеќе сеанси кај психијатар успеав да си се најдам себе си. Но раните никогаш нема да залечат.
Дали вие би имале контакт со татко кој ве обвинува за смртта на вашата мајка? Имате ли поима како остануваат врежани тие себични зборови во срце?Колкава грижа на совест има после тоа дете па макар веќе било и 30 годишно? И не,не се кажани во ефект или момент на жалост. Кажани се со намера да повредат оти јас него мн добро го познавам
Мислев дека никогаш нема да пишам во темава ама сум згрешила Изгледа дојде тој ден,нема да биде за брзо али си доаѓа. Имав некое лошо детство ама имав и добро. Јас додека бев невработена не барав ништо од кога се вработив на 17години самостојна си бев за облека,сметка за тел и нешто ситно.Од кога се вработив пред 3-4 год од тогаш можам дека мајками ми се качи на глава за пари и цела плата скоро она ми ја зимаше и се случувало од ташна.Збеснував да ќутев али дојде ден кога почнав да ги кријам парите од своитетогаш почнаа муабетите каква ќерка јас сум израснала,јас се правам за вас вака така.Се јас бев лошо дете,мрзлива и невредна.Се случувало да зготви нешто што знае дека нема да јадам така да останував гладна по цел ден и по цела ноќ. Ако не беше дм јас ќе завршев во бардовци неможам веќе да ги поднесам секој ден окривувањата дека сум ништо дека сум лоша.Дома се осеќам како да сум под кирија за се треба да платам.Најмногу ќе ми биде жал за мојот херој ТАТКОМИ он ми ја даде цела сила и секогаш беше на моја страна. Мислев доколку пробам да бидам поблиска со мајками дека ако разговараме за се ќе биде се во ред али не сите мои кажувања на нејзе и сите мои приватности она ги кажуваше на сестрите нејзини како да беше должна секој ден да полага сметка.Тоа ужасно ме повреди и ме уништи ја скрши довербата кај мене.Ние ништо не знаеме за нив али затоа они знат се за мене каде сум била со дм на гинеколог како сум поминаласите овие работи повеќе неможам да ги трпам после толку години решив да заминам и покрај грутката во грло заради таткоми Од секогаш се осеќав како да не сум нивно дете и ден денес се уште повеќе се осеќам.Животот ме бутна доле ме скрши али и ме дигаше.Ме боли за се ,ме болат сите тие зборови кажани кои ме повредиле ќе ги памтам и ќе бидам силна,али никогаш истото нема да го направам на моите деца. Едит: кога и да дојдам од работа и ден денес наместо да ме праша како си како ти помина денот,она ме прашува кога ќе земам плата и дали ќе и дадам пари.Не ме остава да дишам и да одморам ако сум легнала зашто сум легнала.
Откако знам за себе јас сум "разведена" од мојот татко. Кога бев мала не бев свесна за овие работи што сега ќе ги напишам, но кога пораснав ми стана се јасно и сватив дека имам само еден родител, а другиот е само на хартија. Мојот "татко" никогаш за ништо не ми помогнал или пак ми дал нешто, откако знам за себе ни 10 денари ми нема дадено, а не пак повеќе или што било друго. Секогаш за него си гледа да се најаде и секогаш да има цигари некогаш и парите за храна ми ги зимаше само за да си купи цигари. Кога одев во училиште никогаш ме нема прашано какви оценки имам дали ми треба помош околу некоја домашна задача, кога пораснав кога си фатив дечко не ме праша од каде е, што работи, дали учи. Никогаш роденден ниту пак именден ми има честитано, ако го прашаш дали и ќе знае кога ми е роденден не само за мене вака туку и за сестра ми. Буквално за ништо не се интересира мајка ми е и жена и маж, мајка и татко со сила го тера некоја работа да заврши и тоа што ќе го заврши нема да биде како што треба. Јас него го чуствувам како станар во куќата никакво чуство за него немам, тој е за мене само странец.
Како среќа ако треба само физички да се разделиш од родителот. Она што е полошо, посилно, попресудно или поболно е токму емотивната или духовната врска која детето има со родител. А каде и да избегаш ако духовната врска не е прекината џабе е, ќе те прогонува болката и ако одеш на другиот крај на светот. Кога веќе некој реално ја согледа ситуацијата, кога свесно воочи дека границите со токсичен родител мора да се постават, едно нешто мора да се направи сепак - да се прости. Простување не значи прифаќање на лошото однесување кон нас, повреди и трауми, туку да го ослободиш родителот од вината, дека не ни должи ништо, да се препушти, за да може да се тргне понатаму. Простувањето е ради нас самите. Бидејќи поради непростување, секоја повреда и болка станува горчлив корен во нашето срце, која кога тогаш раѓа плод - огорченост кон другите, понатаму спрема нашите деца и сосема сигурно ако не се прости самите ќе станеме такви, на овој или оној начин. Вистина, приметувам по себеси. Дури сега, после толку многу години како реагирам на нешто, реакција која излегла од багажот од минатото со која се немам справено, расчистено, простено. Простувањето е процес. Некогаш многу пати треба да си повторам: 'ок, јас тоа го простив. Не сакам веќе да е дел од мене'. И не е лесно, ама само така може да се прекине тој магичен круг од повторувања на погрешни однесувања. Зошто некои родители се повеќе 'неродители' отколку родители? Можеби имале исто така лоши родители, што секако не е изговор, оти секој има избор, ама ете не биле свесни. Кај нас генерации и генерации луѓе одраснале со присилно прифаќање на нештата, како опшеството и традицијата наметнуваше, не беше давано значение на индивидуи како уникатен склоп кој има свои лични ставови, желби и чувства, туку се беше наметнато... секако дека сето има големо влијание, потиснати купови од неразрешени задоволства, огорчености, страдања кои се пренесуваат од колено на колено ако не се соочиме со истите. Има многу други причини, ама како и да е, заради личното простување и можноста да поставиш граница и да слободно тргнеш понатаму без чувство на вина и болка (не дека нема да се јавуваат ама нема да и робуваме) , може да се обидеме да најдеме разбирање за некои постапки од нашите родители. Дури и ако не можеме, би требало да простиме. Е тоа ќе е вистинска победа оти носи ослободување. Се ова зборувам од лично искуство и лични духовни борби.