Ако некој смета дека е родител за своето дете, не значи дека сите се како него, па да вели дека ниеден родител не му мисли лошо на своето дете. А и некои деца што психички многу претрпеле од родителите многу подобро го разбираат родителството, отколку самите родители. Некој ќе рече дека е добар родител и добро го воспитал детето зошто тоа дете го слуша цело време, оди по негов ќеф, немо и слепо ги извршува родителските наредби без да се побуни ниту да искаже свој став. Токму овој начин на воспитување е погрешен. Таквите деца се обично премногу изманипулирани, немаат близок пријателски однос со родителот, знаат дека и да побараат нешто, не само што ќе бидат одбиени, туку во некои случаи и малтретирани, психички и физички. Потоа тоа неретко доведува до погрешни одлуки покасно во животот и оладување на односот со родителите. Како што имав претходно кажано, треба да му се дозволи на детето од мало да одлучува за себе, да смее да каже кога нешто не му одговара сѐ додека неговите барања не претставуваат опасност за него на било каков начин. Така да, секој човек што ќе стане родител, автоматски не му се врежува чувството како родител. И не е доволно еден човек да стане родител за истиот да знае што е најдобро за неговото дете. Многу често родителите, и други луѓе забораваат дека некои деца имале полошо детство од нивното па најлесно им е само да го замолчат со изговорот дека ќе сфатат кога ќе станат родители без тие самите да сфатат што се случувало во животот на тие деца.
Најголемите проблеми во семејствата произлегуваат од многуте замисли и заблуди кои кај нас постојат за односот родител-дете. Многу родители сметаат дека почитта и љубовта од децата е нешто со што се здобиваат по автоматизам, дека децата имаат обврска да ги слушаат цел живот и да ги чуваат кога ќе остарат, дека е срамота детето да се отсели од дома и да живее самостојно иако не е во брак, дека машкото треба да остане да живее во родителската ќука, а женското да замине кај родителите на сопругот и уште мал милион други општествени правила, традиции и обичаи кои непотребно ги оптоваруваат односите меѓу родителите и децата. Секој родител е, пред сѐ, човек, со свои маани и доблести, позитивни и негативни особини. Тоа што ќе создадеш нов живот не ти дава супермоќи и сезнајност – родителите се истите луѓе кои биле и претходно. И иако повеќето го сакаат најдоброто за своето дете (но не сите!), малкумина знаат како да го остварат тоа. „Родителот секогаш знае што е најдобро за неговото дете“ е една од поголемите глупости кои луѓето ги кажуваат и во кои веруваат. Друга работа која се чини дека не сите родители ја сфаќаат е – иако вашиот потомок за вас секогаш ќе биде „вашето дете“, тоа не значи дека и треба да се однесувате така со него. Не можеш да се однесуваш исто со детето кога има 5, 15, 25 или 50 години. Во одреден момент, односот меѓу родител и дете мора да се смени – од воспитувачки и авторитативен во пријателски. Нормално, секогаш може да му понудите совет на вашето дете, но секој треба да биде свесен дека постои разлика помеѓу совет и наредба, ултиматум или закана. Во одреден момент, родителот мора да му дозволи на детето да порасне, да стане свој човек, независен, слободен и одговорен. Впрочем, тоа е и поентата на родителството – да го научите детето да биде здрава и самостојна индивидуа – а не да направите личност која цел живот ќе биде зависна од вас. „Родителите го живеат животот преку своите деца“ – уште една популарна изрека на овие простори, чие вистинско значење за жал многумина не го согледуваат – „Немам свој живот, па затоа додека сум жив ќе се мешам во животот на детето“. Е тоа значи оваа реченица у превод. Односот помеѓу родителите и децата (кога тие веќе се возрасни личности) барем за мене не е ништо поразличен од однос помеѓу било кои две човечки суштества. Ако на вас влијае негативно и токсично, тогаш треба да го прекинете или да ги сведете контактите на минимум. И нема зошто да чувствувате вина за тоа. Родителството носи многу обврски, но не и привилегии. Љубовта и почитта од детето е нешто што треба да се заслужи, а не да се зема здраво за готово само затоа што родителот е постар или затоа што го родил детето. И затоа што @Lilit спомна дека темава би требало да биде водилка за младите родители, за да ги избегнат грешките кои ги правеле нивните родители, за крај еве еден совет: Воспитувајте ги децата најдобро што знаете и умеете кога е време за тоа, но и сакајте ги и почитувајте ги. А кога ќе веќе станат возрасни личности, пуштете ги да го живеат сопствениот живот, дозволете им да бидат среќни и исполнети – дури и ако не секогаш се сложувате со нивните постапки и избори.
Пред некoј ден ги листaв темите вo "Дете" и вo еднa темa еднa членкa нaпишa: "Сaкaјте ги свoите децa дури и кoгa не се вo прaвo и не им се лутете зa ништo, живoтoт и oнaкa ќе им зaдaде дoвoлнo удaри". Не знaм вo кoјa темa беше, не јa зaпaмтив и членкaтa aмa oвие нејзини збoрoви никoгaш немa дa ги зaбoрaвaм. Немoјте ни вие.
Грешиш секој родител му мисли добро на свеото дете. Проблемот настанува кога поимањето за тоа што е добро за детето и поимањето на детето за тоа што е добро за него лично се разликуваат. Верувај и расипан саат 2 пати во денот покажува точно време така да во глобала родителот нема расипана мисла,но различни гледишта на нештата меѓу родител-дете. Освен ако е некој психијатриски,патолошки случај родителот и навистина мисли лошо секому па и на родено дете.
Темава ја размислувам одкако почнавме да дискутираме. Правам паралела меѓу мене и моите родители И мене и ќерка ми. Сега за сега ќе кажам дека овој "развод" е здрав и за двете страни, ако страните по разводот живеат во мир, слога и почитување. Здрав е и ако погазениот си го бара својот спокој. Јас како мајка сум спремна кога ќерка ми ќе посака да летне, да и дадам крилја. Од мала ја учам дека ако го живее денот, ќе го изживее и животот. Сеуште е мала. Заврши прва средно. Имавме една ситуација во текот на школската година. Имено, правеа писмена и како и секогаш по писмената ми се јави и ми кажа - мамо супер поминав. Кога дојдов дома на масата ме чекаше писмо во кое ми кажува дека всушност ја фатил професорот како препишува, како знае дека ќе бидам тажна иако нема да покажам, како заслужувам подобра ќерка...итн. Ја оставив да спие. Кога стана разговаравме и и објаснив дека треба да се извини на професорот и да никогаш повеќе не помисли да ми бира ќерка. Потоа ја однесов во град, седнавме на вечера. Утредента отидов во училиште. Разговарав со професорот. "Признав" дека згрешила, но и дека не ме изненадува да дете на таа возраст се обиде да препише. Дури и ќе ми биде шубе да не е така Со нејзе не разговарав повеќе на таа тема. Пред некој ден, во нејзино отсуство го земав сведителството. Петки од горе до доле. Го земав писмото за кое ви кажувам и го ставив во папката со сведителството. Но, ставив и писмо кое овој пат јас го напишав Никогаш да не губиш верба во себе. Те сакам најмногу. Подобра ќерка од тебе нема. ....... СДК најлесно е да судиме на туѓите грешки. Ако тогаш судев како родител израснат во стаклено ѕвоно, кој заборавил на своите училишни глупоштии, сигурно немаше да се разведеме, но уште посигурно - ќе раскиневме....привремено. Тоа значи дека немаше да го живееме оној ден, па заради тоа ќе имавме дупка и не целосно изживеан живот. Можда ја утнувам темата, ама мислам дека треба да зборуваме и за тоа како да не дојде до бурен и лош развод... некогаш.
Чудно ми е кога прочитам и слушнам дека родителот бил добар, пожртвуван. Родителите никогаш лошо не мислеле, родителите да си ги слушате? Ват? После дипломирање, успеав да најдам ниско-платено работно место. Во тој период морав да живеам во родителскиот дом, да трпам нервози и драми. Капак на се, мајка ми се разболе и мораше итно да биде опрерирана. Операцијата беше успешна, ама повеќе од месец поминуваше 18 часа во спиење. Јас, татко ми и сестра ми моравме да се грижиме за неа. Да не одам во детали, во еден момент се сврте кон мене и рече “мислите не знам јас зошто се грижите за мене, се е за платата моја.“ Помогнав тоа што се очекуваше од мене, застана на нозе. А јас си заминав. Не дека немаше да си заминам и без констатацијава, ама ова беше стимул повеќе. Долго време, за да не собирам нервози се лажев себе си дека е последица од анестезијата, ама знам дека не е. И сега некој мене треба да ме убедува дека таа мене, односно нас добро ни мислела?! Не. Жената увек сакала да биде “центар пажња“, а како почна да старее почна да губи разум. Си пати од комплекс на виша вредност, ако не и обрнуваат внимание им се скарува. Сите ја држат на дистанца, оти знаат ако и дадат многу простор, нема кочење.
Со сета почит, ама коментаров не ти беше на место. Колку членови си ги отворија срцата, си ги кажаа маките, траумите, проблемите во семејството и слично, а ти оти не се сложуваш со темата и со мислењата иронично им кажуваш дека сите на форумов имале идиличен живот. Не ја разбрав поврзаноста на коментарот со било што на темава.
Некои се нафаќаат да коментираат дека секој родител мисли добро, дел од нив самите се сметаат дека повеќе знаат од другите само затоа што имаат дете. Не е битно мислењето на децата и тие што страдаат од родителите. Овие што имаа храброст да се искажат испаѓаат лажговци, без почит кон родителите кои ги израснале ( а како не е важно), и ете ќе сфатат самите кога ќе бидат родители. Едни ќе си ја отворат душата а други ќе кажат за блиски случаи и ќе изразат подршка. Од останатите коментари стварно нема потреба, зошто боли верувајте.
Темава е реална и допирлива. Дали некој сака да си признае нешто или не, негов проблем. Ако наидува на конфликт и непризнавање веројатно или е таков или не сака да признае дека го живеел тоа. Нема потреба од агресивни изјави. Само да напоменам, омилена реченица на секој нарцисоиден родител е - ама јас тоа за твое добро! Пак ќе повторам, темава нема за цел да не се почитуваат родителите, туку да се види реално на нештата без срам. Зошто доволен е притисокот од општеството, па и тука нема потреба.
Се слушаш шо збораш? Жити се. Доволен ни е притисокот на нас овде членките шо се искажавме со ваков проблем, па уште и ваков коментар фалеше. Разбери дека стварно не боли. Можеби ти си била среќничка со совршени родители, ама знај дека родителот кој е насилен кон своето дете не му мисли добро на детето-во спротивно немало да биди насилен. ТИ СИ ТА ШО ГРЕШИ не јас.
Каква причина сакаш за изневерување, жити се? Тоа што жената не му "дава" секоја вечер или тоа што "таквото" му е мало? Немој да ме јебеш, изневерување е намирување на животинските инстинкти. И не правиме муабет за "наивно" изневерување и мафе кое трае пола саат, туку швалерка или швалер за кои дури и децата знаат. Каква врска има идиличниот живот претставен на форумот и на било која социјална мрежа со изневерување?
Јас не сум психолог ниту имам толкаво животно искуство, не се мешам во туѓи животи, за да има изневерување секогаш има причина, а која е таа треба да застанеш со некој и да правиш муабет без да го судиш и веднаш да скокаш со заклучоци од типот на мал му бил и дали некој дава или го боли глава. Имам тетка која ми е како другарка па дури и по физички изглед со тажна животна приказна, никогаш не сум ја осудила ниту навредила за нејзиниот начин на живот кој не ја прави ништо помалку родител од останатите "посветени" а уште помалце моја тетка која живот би дала и ми е ко втора мајка. Изнесувам само мое мислење и не гледам потреба од нервозно цитирање.
Јас убаво ја исчитав целата тема, кога пишав не мислев на мислењата тука искажани туку општо за целиот форум. Никој не може да ми забрани да цитирам ако не се сложувам, уште помалце пак намерата ми беше да навредам некој од тука, напротив секоја чест за храброста да се изнесе семеен проблем - како што знаеш тука мноогу ретко се случува, оти и јас имам пишувано семејни проблеми, тоа што го мислев го пишав и сеуште стојам на тоа.
Иронична бев, ама ти или не сакаше да сфатиш што сакам да кажам или толкав ти е капацитетот. Нејсе, за да изневериш нема никаква причина која може да го оправда чинот. Објаснување на изневерувањето е само обид за утеха дека сторителот имал причина, ахм, да. Партнерот не ти е доволен? Врската или бракот ти се дисфункционални? Прекини ја врската, разведи се,. Добар родител НИКОГАШ нема да ги понижи и психички малтретира децата.
Нема потреба да се објаснуваме веќе доволно беше твојов начин на комуникација. Дали јас лично тебе на било каков начин те навредив? НЕ ! Тоа ми е најбитно Секое добро
Има уште една понарцисоидна изрека на родител - Од себе сум делел, за ти да имаш... Нели е тоа поентата на родителството? Нели самиот чин на раѓање е одделување од себе?
Ама ни јас тебе не те навредив, зошто сега натаму ја вртиш топката? Јас ја водам дискусијата во еден правец, а ти мешаш лончиња. Има две опции: или не разбираш што сакам да кажам или така ти одговара. Е сега, ти треба да се пронајдеш во муабетот, не упатив никаква лична навреда. Реченицата која јас лично никогаш нема да ја разберам. Нели одлуката за раѓање дете значи сето она што го имаш да го делиш. Откако една индивидуа, без разлика дали жена или маж, ќе стане родител, тоа значи дека од тука натаму има уште една душа за која тој/таа има одговорност. Обид за манипулација и наметнување чувство на вина, ништо помалку од тоа.
Девојко во ред е опушти се нема потреба од напнатост, смирено пишувам нервозно враќаш излези на кафе или бујрум на пешачење ќе помуабетиме да не ја полниме темава со офтопици не се врти се околу нас Јас си пишав мислење упорно ми докажуваш . Толку ми е капацитет