1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Развод" од родителите

Дискусија во 'Дете' започната од Lilit, 3 јули 2017.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Ајде малку за изневерувањево...
    Во никој случај не оправдувам изневерување. Раскрсти претходно, па прави што сакаш. За жал денеска тоа е толку честа појава што дури е и нормална. Сигурна сум дека сите имаме по некој близок во нашата околина кој изневерува, па пак не го отпишуваме од нашиот живот. Негова работа.

    Што се однесува на нашите родители и нивното изневерување. И јас сум била дел од ваква ситуација и не го оправдувам мојот родител во никој случај. Но, можеби потребата од родител и семејство е посилна, па не придавам големо значење на тоа. Секако дека не ми е сеедно што било така, но не судам. Негов живот. Криво ми е што и тој не е со вака позитивен став кон мене.

    Што се однесува до простувањето, спомна некој погоре, јас не само што простувам, туку неколку пати бев иницијатор за помирување. Жал ми е моите деца да не знаат што е баба и дедо. Не сакам и тие да растат без роднини. Но, нема никаков одзив од другата страна. Толку им е голема круната на главата, што им го попречува видот. Јас за моите деца сум спремна да се понижам, да се извинам и кога не сум згрешила, да поминам преку многу работи, да заборавам...
     
    На azelea, Espadrila, tina-63 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.101
    Допаѓања:
    112.632
    Пол:
    Женски
    Физичкиот развод од родител е полесен од психичкиот. Секогаш во потсвеста ми е како е што прави. Се додека не ме излажа дека бил на болница само за да ми предизвика чувство на вина. Секому му треба родител. И на 2 и на 62 години. Но не му треба нездрав однос со него.
     
    На SummerGirl, Espadrila, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Некој спомна простување....
    Не е тоа една грешка, две, десет...
    Ќе простиш, ќе те изневери, нема да му зборуваш некое време, ќе ти се јави, ќе те моли, ќе простиш пак, по некое време пак ќе те изневери и така во круг... при секој нареден пат психички се повеќе и повеќе ќе тонеш.
    Што фајде од простувањето, само повеќе ќе се уништиш.
    Јас не простувам зошто знам дека нема да се смени. На прославата за венчавката го повикав највеќе зашто другите ме убедуваа дека не е во ред и дека во спротивно може да направи нешто лошо нам или себеси. Исто беше и за крштевката на син ми. И тие денови ми беше толку тешко што морав да глумам и едвај чекав да заврши се и да си отидам дома.
    Човекот кој со своја уста ми има изнакажано толку грди работи, толку навреди, толку клетви... не сакате да слушнете, што сё верувајте!
    Ми го уништи детството, младоста, најубавите денови што требаше да ми бидат во животот ми ги уништи!
    Како да простам? Како?

    Најтешко ми е што имам грижа на совест, кога ќе речат немој така татко ти е, па ќе ме фати страв дека лоши работи ме чекаат во животот поради тоа што така се однесувам со родител.
    Не се научив да бидам среќна, во најголемата среќа ќе ми поминат црни мисли и ќе ме фати депресија.
    Сё поради него, СЁ!
    Како да простам?
     
    На SummerGirl, Belgin1, Aquamarine93 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.635
    Пол:
    Женски
    Дојде ли на крштевката на детето?
    Мојот не дојде иако беше повикан.Се извини телефонски дека има битна работа
    Побитна од внуката
     
    На sj *O*, Glasna, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Дојде да.
    Тој се однесува како ништо да не било. Мене тоа повеќе ми смета. Од такт ме вади.
    Глуми пред народот. Центар пажња, зборува и се смее на глас, кажува шеги... хепи фемили. :swear::swear::swear:
     
    На sj *O*, SummerGirl, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.635
    Пол:
    Женски
    Исти сме
     
    На SummerGirl и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    ;(;(;( :hug::hug::hug:
     
    На SummerGirl и joy1 им се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    72.710
    Пак ќе кажам вашето е многу пострашно од моето...Но подеднакво боли...
    Јас ги поканив за роденденот на син ми... Не сакав, ама попуштив...
    Дојдоа, од место не мрднаа, не сакаа да се сликаат со мене и малиот со тортата... На заминување мајка ми ми пушти рака за да се поздрави.
    МАЈКА МИ МИ ПУШТИ РАКА! Јас се подадов и ја гушнав и покрај сѐ
    Два дена по роденденот сестра ми дипломира... Дознав од фб...Не бев поканета
     
    На SummerGirl, Viktorijaaa5, Aquamarine93 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ние како поеднинци сме капа река, има цел универзум во однос на кој сите сме помали и од зрно песок. Зошто тогаш проблемите да не спречуваат да живееме најквалитетно? Се ве разбирам на што се фокусирате на кој вител од нервози и негативни емоции. Но над некој сме кога го прифаќаме целосно другиот каков е со се сите мани во пакет. Може тој испод нас е емоционално недозреан за порзување прво со сам себе си а уште помалку со деца сопруг/сопруга и дуги блиски луѓе. Реално најлошо е некој/некои некого да силат да прости. Тоа спонтано си доаѓа кога душата се помирува со фактичката состојба и научува дека повредно нешто од душевниот мир нема во животов. Имам максимална емпатија за сите што имале/имат тешки фамилијарни проблеми. Сакам да верувам и се надевам во добрината на сечие срце и родителското и детиното. Со се додега нит ми била намерата да навредам некој кој си го отворил срцето на оваа осетлива тема. Јас можеби со својата надеж/ навивање кон среќен крај може некој го чепнав каде што не треба или окривив. Жал ми е @sj *O* На секого секое добро.
    @simonka93 ;(.
     
    На sj *O*, sanjaeva и simonka93 им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.301
    Ја читам темата и ми се кине срцето. Сега знам каков родител не сакам да станам.
    Јас имам прекрасни родители. Ми дозволија сама да згрешам иако претпоставија како се ќе заврши. На крај не добив осуда туку подршка.
    Маж ми пак, има баш токсичен родител т.е мајка му која делумно ни го уништи бракот и семејството. Самиот е свесен за се, не ја сака, ама сеуште живее со неа оправдувајќи се со еден куп изговори.
    Сеуште е во "брак" со нејзе. Полека станува ист за жал.
    Многу од вас сте имале храброст да пресечете и сепак е храбар и тежок потег. Колку и да боли, родител е, но мирот нема цена.
     
    На НаталиЛили, ph.orhideja, Glasna и 27 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.101
    Допаѓања:
    112.632
    Пол:
    Женски
    Да простам.. што и да простам кога не можам да заборавам.
     
    На SummerGirl и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  12. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    15.589
    ;(:hug: Господе,кога ве читам сите срце ми се кине;(,не може човек да остане рамнодушен
     
    На SummerGirl, sj *O*, PUPICA и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Кога пишав за простување, мислев на простувањето во срцето, личен мир, да се измириш првин сам со себе, да му простиш во срцето на мајка/татко, и да тргнеш понатаму.

    Не подразбира простување да продолжиш со истиот начин на живот, со сила убавина не бива, ти сепак може да ставиш точка, може да се дистанцираш, да намалиш со комуникација, што и да е, ама сепак да простиш, да не дозволиш повредите да те јадат одвнатре, да му посакуваш зло или лошо на тој што те повреди, да не медитираш над својата болка, да не останеш во неа заглавен и во гневот оти уште повеќе боли и горчина се ствара па понатаму може самите несвесно да почнеме да повредуваме другите, да реагираме од болката, од повреда!
    Едноставно да препустиме, Let it go!
    Да ги сакаме родителите, ама и од далеку ако треба, ако ме разбирате.

    Непотребно е да по секоја цена бараш прифаќање таму каде не те прифаќат, па дури и да ти се родители сто пати, да си онаму каде си повредуван и измачуван, нормална реакција е да се оддалечиш ама со чисто срце.
     
    Последна измена: 6 јули 2017
    На Rhaenys, mareane, Espadrila и 6 други им се допаѓа ова.
  14. cupcakeb

    cupcakeb Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Родителите никогаш не биле задоволни со мене. Секогаш ми го ставаа онај притисок дека треба јас да сум најдобра во се. Уште како дете ме оптеретуваа со обврски кои ниедно дете не треба да ги има - да се грижи за друго човечко битие. Во училиштето за ништо не беа задоволни, доколку добиев оценка пониска од 5ка секогаш истиот муабет "И на Трајко чупето доби иста оценка како твојата само та на среќа шо пишела а ти со учење, не си способна за ко неа да се снајдиш". Ако учев зошто учев ако не учев зошто не учев. Никогаш во ништо за нив не бев доволно добра. Никогаш не ги почитуваа моите желби и не им беше грижа за моето мислење. То многу влијаеше на мене, и одвај чекам да имам доволно можности да заминам од тука и конечно да се "разведам" од нив.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Не сакам да бидам погрешно разбрана меѓутоа, за ваш личен мир, најдобро е кога ќе пресечете - да биде пресечено. Потоа, продолжете си со животот без да се обидувате да го смените човекот што сте го отсекле или со обиди за помирување.

    Впрочем, исто како прав развод - не се обидуваш да се смириш отпосле, нели?

    Имаше добри едни четири години како се разминував без око да ми трепне со родителот на улица, ни здраво, ни бутур. Ептен еднаш направи напор да ме праша како сум, па оттогаш си викаме здраво. :D Многу ми требаше за да го надминам стравот и непријатното чувство што го имав/имам во врска со човекот. До ден денешен не ми е јасно на какви сцени сум сведочела некогаш па што имав толку непријатност во мене собрана.

    Ни имам желба да го викнам на некаков важен настан, ни па имам желба да му кажам. Ми нема роденден честитано едно добри 7-8 години, последно ми даде рандом пари за матура, си тера тој со животот, си терам и јас. Да бев со овој памет претходно, би си го сменила и презимето и тоа уште на 18 години и ќе го земев тоа на баба ми и на дедо ми. Ми беше страв од реакцијата, глупаво дете. :)

    Не гледам потреба, причина... не гледам ништо за да го вклучам во мојот живот. Едноставно, така се „погодило“ тој да ме створи ама што да правиме кога ете, не ни тргнало отпосле со дружбата и меѓусебното разбирање?

    Тоа е, родителите не ги бираме ама ги бираме сите други луѓе понатаму во животот. Ама можеме да одбереме како ќе се однесуваме со секој, без разлика дали сме крвно поврзани или не.
     
    На SummerGirl, ph.orhideja, Buttterfly и 21 други им се допаѓа ова.
  16. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Ве читам и срцето ми се стега.
    Се мислам дали да пишам и јас, но не се решив.
    Пред тоа пишував, се прашував зошто, не можев да се помирам.
    И баш помирувањето ми помогна.
    Простете им во себе, за да најдете мир, во спротивно никогаш нема да го имате.
    Тешко е, најтешко, но можеби не знаеле поинаку.
    Родител при здрав разум не прави така, може растел во таква средина, па му се пренело тоа. Машките често се поистоветуваат со таткото. Жив пример имам дома. Дедо, па татко, па брат. Сите исти. Што и да е причината вие сте тука, повеќето со свое семејство и тоа е битно. Ако ништо друго сте ја научиле лекцијата каков родител не сакате да бидете. И таму е вашата иднина со семејството и сите случувања во него.
     
    На SummerGirl, orevka, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Ne gi procitav site postovi, ednostavno ne mozam. Najbolna tema za mene. Imam mnooogu pishuvano za mojot razvod so majka mi, ne bi povtorno. Sega sakala da gi vidi vnucite???? A 7 godini svoeto dete nejkeshe???? Ne razbiram. Da i gi ispratam decava da gi vidi, jas da gi cekam nadvor??? Zosto mene znam ne saka da me vidi. Sestra mi mi kazuva trebalo da i prostam i da sme bile srekni, ona so vnucite, decata so babata. Jas ne postojam. Ok, ne sakam da im skratam baba na moite decinja, no se ona sto jas pominav, go prostiv, barav pomiruvanje, prostiv vo srceto, si ja smiriv dushata, ja izleciv i bolesta koja ja dobiv blagodarenie na toj razvod, ama eve ne mozam da zaboravam. Ne znam dali ne mozam ili ednostavno ne sakam. Ili mozebi pametam se, za da ne mi se sluci slucajno takva roditelska greshka so moite deca. Ziveam nekako stabilno i srekjno so soprugot i trite decinja, usoevam da se snajdam vo site situacii, no koga ke ja spomne nekoj se ova se raznishuva i me treska od zemja. So denovi posle ne mozam na noze da zastanam... Sestra mi pa koga ke pocne da mi kazuva deka gospod ke mi vratel i ke me udrel po najmiloto zosto ne sum se smiruvala so gospogjata, mi se vrakja celata depresija. I koj pati? Pak decinjata... Ne mozam i ne mozam da se sredam nikako.
     
    На mal.ecka, sj *O*, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  18. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Веќе еднаш пишав ама пак ќе пишам да ја допразнам душава што ми се тресе од нервоза.
    Пораснав брзо во карактерот,учев сама и пишував домашна сама цел живот до ден денес се осеќам сама.
    Да разбирам родител греши и не му мисли лошо на дете ама не секој родител е таков.
    Разбирам еднаш два пати да се згреши али секој ден секој час и секоја минута не разбирам.
    Мајками не ми помагаше со домашната повеќето дедоми ми помагаше може и затоа немав оцени како што треба али со сила,инает и борба дојдов до ова скалило кај што успевам да бидам своја да се грижам за себе сама.
    Добивам секој ден психичко да го кажам малтретирање јас сум крива зашто дома нема ова нема она јас сум виновна зашто денес неможам да си ја средам собата јас сум виновна ако она нешто се изнервирала на работа.Иако имам брат сето ова он не го добива од нејзе.
    Спијам алармот ми е наместен пример во 06 и 45 мин да ми ѕвони она во шест ипол ми доаѓа на глава и ми се дере станувај па потоа што ќе правиме денес јас веќе неможам душата ми ја извадивте .И многу работи ми ги збори да не објаснувам мн.
    Доаѓам од работа убиена она вика нема јадење денес не ми се прави или не сте заслужиле океј јас ќе направам и повторно почнува зборењето за пари и пари и пари и кога ќе земеш плата.
    Иако еднаш сакаше да ме удри на мои години не дозволив иако секој ден дозволувам веќе со години да се дере на мене.Дојдов до момент кога почнав да пијам секој ден дијзепам и да си ги спакувам алиштата.
    Не заминав се смирив таткоми беше тој што секој ден ме смирување и ми викаше што да правиме тоа е ,секогаш мојот татко ме разбираше зашто кога доаѓам дома се бањам и искачам се му беше јасно.
    Кога се запознав со дечкоми тогаш беше најлошо ми се нафрли она ми се нафрлија сестрите нејзини како он дека е со мене заради една вечер заради ова она секој ден пробуваа да не скарат и го перееа мозокот на мајками.Али реков ќе се борам за оваа врска како војник во војна и ќе им докажам на сите дека он не е таков дојде тој ден сватија дека е така али не покажаа али во очи се им се гледаше.
    Пробав на секој начин да го средам односот со нејзе и покрај се да и простам беше ок се додека се за мене не дознаа и други кај одам,гинеколошки прегледи ,детали од дечкоми и многу раб од тогаш довербата кон нејзе и покрај тоа што ја залепив не успеа да додржи лепакот и пак се искрши.Сабалјево наместо да искочам како човек од дома јас искочив со нервоза зашто пак над глава почна да ми збори да ми вика ајде искачај од дома ќе закасниш иако имаше време.
    Затоа покрај се ова добив шеќер,нервите ми играат секој ден,рацете ми се тресат,секојденевни главоболки.Што ли ќе биде јас кога ќе имам деца?Ќе немам нерви али добив доволно искуство ваква да не бидам кон моите деца и нема да дозволам да работат уште од рана воздраз.
    За кратко време ќе заминам и на некој начин ќе се разведам од нејзе најмногу ќе ми биде жал за мојот херој тато.Али ќе одам и ќе го посетувам
    Феминки мои прочитав се до тука видов дека не сум едниствена со ваков живот жал ми е за сите што сте претрпеле се и сте издржале животот иде напред и треба да бидеме подобри родители од нашите
    Ве гушкам сите
     
    На 1209, Mr. Right, Tan4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  19. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.680
    Допаѓања:
    8.628
    Пол:
    Женски
    Eh za zal se pocesto mi pokazuvaat kakov roditel NE treba da bidam...i toa e lekcija za zal...
     
  20. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ме сфатиш погрешно и се дрзнувам да дадам мал совет, иако тоа не е побарано. Се што имаш пишано, го имам поминато. Овие твои здраствени проблеми се заради стрес фактор и поради тоа што очигледно и премолчуваш многу работи на твојата мајка. Разговарај со неа, ако ти повиши тон, повиши и ти. Изнеси и ги сите факти на површина, кажи и ги сите пропусти и потсети ја дека има две деца, не само едно. Кажи и дека ако сака да биде почитувана, треба да покажи почит.
    Не верувам дека ќе доживее просветлување и одма ќе смени однос, ама сигурна сум дека нема да те чепка некое време. Твојата и мојата мајка се само биолошки. Ментално не се и никогаш не биле спремни за тоа. Немој да чуствуваш грижа на совест, ако таа нема ни кон личност која ја створила.
    Со тек на време, ќе престанеш да имаш било каква емоција за неа и тоа е многу подобро. Секој нејзин испад ќе го гледаш од призмата на објективен посматрач. И тоа е многу добро, далеку подобро отколку преку нервози да се обидеш да смениш нешто кај неа.
    Ти посакувам многу среќа. :hug: