1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Развод" од родителите

Дискусија во 'Дете' започната од Lilit, 3 јули 2017.

  1. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Све и имам кажано дека претерува дека све јас сум крива,да престане цела нервоза на мене да ја вади како само јас да сум во куќа дека има начини да ја смири нервозата,дека поради нејзе почнав да пијам дијзепам и да пушам една кутија циг. на ден и таткоми и има кажано да не не дели со братми дека и јас сум нејзино дете али џабе тоа беше кратко некоја недела она повторно почна врз мене све да истура.
    Многу пати со нејзини зборови ме има станато од ручек ,а јас се тресам и вријам од нервоза косата почна да ми паѓа имам дупка во главата од коса што немам.На овие год јас без коса да останам.
    Среќа имам голема што имам прекрасен татко и прекрасен дечко .
    Поради сите тие нервози и проблеми за малце цела љубов и цела врска ќе ми пропаднеше
    За брзо време јас и дм ќе си одиме под кирија пошо јас повеќе неможам и он си има проблеми некои затоа ова ни е едниствено решение иако не е лесно.

    Фала ти мила за овој разговор и јас ти посакувам среќа се да биде во ред и да сме живи и здрави:hug: :hug:
     
    На SummerGirl, WORRIED.BT и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  2. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    заборавив да кажам дека само чека да искочам од соба и да почне да ми чепка по ташна,алишата мои ги става во кој сака плакар и ми ги губи дури некои алишта и долна облека неможам да си ги најдам.Некад дава мои алишта на братучедките а јас појма немам и така нервите ги кинам.Колку пати и имам кажано за ова али џабе е се
     
    На Nightwish11 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.101
    Допаѓања:
    112.634
    Пол:
    Женски
    Болдот, како јас да сум пишувала. Кога слушам околу мене како си планираат свадби, веселби, крштевки.. а јас си викам, како да го поканам сопствениот татко кога самата некгова присутност ми ствара немир, напнатост. Боли кога слушаш околу за среќни семјства. За љубов кои ја добивале од родителите а тебе тоа не ти е познато. А толку ти треба,
     
    На Nightwish11, SummerGirl, mareane и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Вие сте прекрасна мајка. Сигурно ќерка Ви се гордее со Вас. Камо повеќето мајки да беа такви. :bow:

    Се извинувам за офф.
     
    На celineparis, PUPICA, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.166
    Допаѓања:
    7.263
    Како да сум јас таа која го напишала ова. Ептен ептен во иста ситуација (само што немам баба, туку живеам во куќа со чичко ми и фамилијата негова со која цел живот муабет неам направено бидејќи 22 години се скарани татко ми и чичко ми-кој од кој поголема будала).
    Јас студирам, и си идам дома. Меѓутоа со татко ми веќе 5 месеци не зборувам, кога минам низ дневна или било каде како да не го приметувам. Имавме жестока кавга (зошто сум ја уклучила греалката во март месец и учев,демек штедачот тој) и премина мн длабоко, му изнакажав се' што ми лежеше на душа и повеќе не ми прави муабет. Жал ми е за мама, нема каде да оди и го трпи цело време (душата и ја изеде цел живот). Инаку татко ми е мрза невидена, работеше во монопол и пред 15 год се затвори. Од тогаш смени 30 работни места и секаде наоѓаше маани, и сега си е подолг период дома како паразит од на мајка ми платата живееме. Инаку и кога работеше,што ќе заработеше за него со трошеше (ќе си купи оригинал патики, тренерки, ќе оди во кафана, казина, ќе се пијанчи) а за дома ништо, ниту па нам да ну даде.
    И цело време ми вели:" Учи,учи за кого се мачам јас, ништо не цените". Тој со прст не мрда, да е жива и здрава мама, кучињата нема да го јадат без неа.
    И така на некој начин ми е оддалечен веќе, и искрено не ми фали. На два месеци си идам дома од Скопје, со мама се слушам секој ден,ама со него никаков муабет и поубаво ми е.
    Само се надевам некој ден ќе заработувам доста пари, за да можам да ја тргнам мама од него и да дише слободно бар малку, бидејќи тоа е најмалку што заслужува.
    А тој... Изгледа сака да заврши како неговите родители. Кога починаа и баба и дедо, тој со години си немаше направено муабет со нив, ниту видено воопшто. Ама нека му е...
     
    На SummerGirl, sj *O* и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  6. capricorn1501

    capricorn1501 Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2017
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Моите родители се разведени одамна, и живеам само со мајка ми, татко ми си има девојки, не е преженет но не ме ни сака.Се разделија заради што не и помагал додека сум била бебе, земени биле заради мене, не давал пари, не помагал, и се дерел дека не било дома средено, му сметал мојот плач, не сакал деца, почнал да излегува со други, ја изневери мајка ми и го остави.
    Од секогаш ми беше тешко, навреди, понижувања, но барем мајка ми си е ок, блиски сме, можам да и се искажам, со татко ми не се ни гледам, еднаш во град се направи дека не ме познава, од тогаш го ингнорирам.Ниту баба ми и дедо ми се замараат за мене.
    Дали ви е ок ова?
     
  7. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Дали си пробала некогаш да поразговараш со татко ти? Како знаеш дека не те сака? Мене оваа ситуација ми е потполно позната и беше така се додека сама не ја орворив и другата страна од картите.
    Мој совет ти е да собереш храброст и да му пристапиш на татко ти. Слушни што ќе ти рече, оцени однос сама. Не суди пред време од тоа што некој друг ти рекол.
     
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Дали сум лоша ќерка и особа што сакам да избегам што подалеку од сите роднини дури и од сопствените родители?
    Имам пишувано на 100 теми во врска со токсични родители и нездрав однос некој горе-доле може знаете со какви луѓе живеам.
    Со narcissistic мајка и лажен верник, татко безгласна буква, со пијаница дедо и баба психопат што мисли дека разговара со господ, вујко коцкар, тетка опседната со магии и слично.
    Сите тие ми се во тесен круг. Не можам да ги смислам.
    Посебно сега кога сме во карантин не можам да побегнам се шекнав.
    Си идам кај мене во соба и одма мајка ми по мене што ти е? Зошто бегаш од нас? Што ти направивме што ти дадов живот и покрив над глава ти не гледаш како воздух?
    Јас многу се разликувам од нив некогаш мислам дека сум посвоена, не можам со никој да најдам заеднички јазик. Некогаш во мене пробувам проблемот да го најдам.
    Сакам да идам во друга држава да живеам сама да се запознаам себе си, не ме пуштаат да пораснам.
    Студентка сум немам финансии да се селам.
    Некој совет со некој што минува низ исто, некој психолог предложете ми.
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не си лоша ќерка. Ако некој ти прави лошо нормална реакција на организмот е да сака да избега. Ненормално би било да не ти пречи. Како добар родител мајката би се запрашала зошто моето дете не сака да седи со мене, а не да набива чувства на вина. Треба да научиш како да не влегуваш во нивната игра. Кога ќе сфатиш до кај им е свеста, нема да те допира. Ќе ги жалиш дури
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    @Mantub е тоа е, мора некако да не и давам да допира до мене ама како? Некоја метода?
    Толку многу ми има навлезено во психа, што ми е незгодно додека сме во иста соба да чепкам на телефон одма ме прашува со кој пишуваш што те лаже што те лаже оној, ако спијам покасно од 11 саат ме прашува што ти е зошто спиеш?
    Не се издржува веќе. Барем еден да имаше нормален со кој можам да зборам, еден.
     
    На Nightwish11, SummerGirl и sj *O* им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Единка ли си?
     
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата е одамна ама ќе пишам може и друг е во таква ситуација. Не е обврска на детето да ја отвара другата страна на картите. Се знае што е родител полн со љубов. Не е обврска на детето после развод да одржува контакт со родителот туку родителот ја има таа обврска. Не создавајте чувства на вина кај што веќе ги има. Ми се чини секое дете на разведени родители се прашало дали заради мене. Најлошо нешто што може да го направи родител на дете е да му покаже дека не го сака. И ти сега и викаш дали си пробала да разговараш со татко ти. А он пробал да разговара со ќерка си?
     
    На Nightwish11, SummerGirl, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Не, имам брат помал што си тера по свое и никој ништо не му вика. Пошто бил машко.
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Конзервативна токсична родителска врска не е добра во воспитувањето и развојот на детето. Веројатно кога те родиле не си им била во план. Да не ме сфатиш погрешно дека рече ти рекла “живот ти дадов”. Јас така го дефинирам тоа.
    Доколку мислиш дека не можеш да издржиш,сега кога ќе се среди се најди некоја работа,собери некоја пара и најди си скромно место за себе.
    Ако имаш дечко па заедно заминете во странство трошоците би биле многу помали.
    До тогаш можеш само да се правиш на три и пол,од едно ти влегува од друго ти излага.
    Те повредува дека ти се родители,се грижат ама не забележуваат дека многу те притискаат,ти префрлаат, не знаат да стиснат кочница. И ќе си продолжи тоа,нивните сфаќања нема да се променат.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да знаеш колку те разбирам.
    Нема инстант решение, за мене решението беше психотерапија еден добар период. Ќе научиш да имаш контрола над ситуацијата. На пример мајка ми кога се мажев за свадба правење беше убедена дека таа ќе кани кого таа сака без јас да имам збор околу тоа. И јас се нервирав и објаснував 2 саати зошто ми смета тоа што го прави. Џабе. Она не беше ни свесна дека нешто погрешно прави. Ама одкако научив да ги разграничувам нејзините глупости како нејзини, а не мои, на следниот муабет околу свадба кога кажа дека таа ќе кани, јас и кажав само, добро, можеш да каниш, ако си и ти поканета, ќе видиме. Збеснуваше цел ден, а јас си кулирав и се смеев. Значи мора да научиш да си тераш мајтап со глупостите нејзини. Не со неа, туку со глупостите. И да не дозволуваш да ти прави чувства на вина. Нема право да те прашува кој ти пише на телефон. Вистински родител цело време се запрашува да не греши нешто. Не настапува со огромна самодоверба во родителството без никогаш да признае дека греши. Треба да сфатиш дека немаш обврска да ја поправаш. Дека не мора да сфати зошто правиш нешто и да одобри. Можеш да си целосно среќна и без нејзиното одобрување. И кога ти гази во границите мораш да и покажеш јасно и гласно дека не смее да ти гази.
     
    На SummerGirl, Someonespecial, flawless_ и 2 други им се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Потполно се согласувам со тебе, но не си го разбрала контекстот на мојот пост изгледа. Членката претежно кажува тоа што ѝ било сервирано најверојатно од страна на нејзината мајка. Колку и да е добра мајка ѝ како човек и како родител, не мора да значи дека информациите кои ѝ ги пренесува за другата страна од нејзината фамилија се точни. Обично таа е огорчена поради Х причини (поради кои и ете, настапил разводот), па тоа и го пренесува. Тоа е најчеста грешка кај родителите кои се развеле.

    Јас поминував низ истото и сама се уверив дека татко ми бил многу поинаков од тоа што ми го кажуваат другите. Не се откажал од нас, само сфатил дека полошо прави со инсистирање да си ги добие правата кои му следуваат во врска со децата, па одлучил да отстапи, да пораснеме малку и сами да процениме кој каков е. И во право бил.
    Можеби и нејзиниот татко се интересирал за неа, ама тоа да е вешто скриено од неа. Секакви ги има...

    Можеби и не е нејзината ситуација како мојата ни одблиску, само сакав да кажам дека децата може лесно да се изманипулираат додека се мали и да им се створи искривена слика за нештата. Ако не проба да дознае, можеби многу доцна ќе ја дознае вистината, а може и нема воопшто.
     
    На SummerGirl, snegulkata, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 Не сум била планирана ме родила на 23 години и на свадба 5ти месец трудна била.
    Ах кога сме кај дечко и таму имам проблеми. Бев во врска 7 години со избраник на мајка ми толку долго бев во врска со човек што не го сакам а на мама и беше супер зашто единец, богат, ме сакал, никогаш немало друг таков да најдам. Еднаш пробав да правам муабет како мајка-ќерка и реков мамо, не го сакам, добар човек е ама не е за мене, немаме ни односи редовно, и она ми одговори трпи го сега, ќе имаш многу пати кога ќе се земете а ти курва ли си да ми зборуваш за секс??
    И од тогаш ништо не и кажав. Се појави у меѓувреме човек од друга националност и тоа е веќе друга приказна..
    Од септември ќе си одам од дома.

    @Mantub Точно е сето тоа. Едно време ми беше подобро зборев со професорка од факултет, ама сега дека дома не иде на работа и се караме цело време. Поставувам граници и ме фаќа на емоција. Ќе умрам ова она па почнува да плаче.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Си и дозволила затоа.
    Ама и се согласувам со @Mantub пробај и така.
     
    На SummerGirl и Mantub им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Гледај да не потклекнуваш на нејзините емоции. Ехе какви манипулаторски техники сум доживувала јас. Ќе умрам ради тебе, се разболев ради тебе, како не ти е жал за мене...за некоја болест моја да му ставам товар на моето дете дека тоа е виновно? Па срам треба да ми биде. Со дечкото како ти е, убаво ти е? Мора да кажам дека вистинскиот мир го добив кога се иселив, па кога сакав и кревав на телефон, кога не сакав не и кревав, поретко се гледавме, ако почнеше да брбла нешто пак на телефон ќе и спуштев без предупредување. Немаш обврска ти се занимаваш со туѓите неразрешени проблеми, без разлика дали тоа е мајка, татко, брат, другарка, некој што ги среќаваш на улица. Сите си бараат издувен вентил и ти ако не дозволиш нема да можат да ти влијаат. Знам дека се ова ти е јасно и дека е тешко да се направи во пракса а лесно да се каже. Мене мајка ми кога сум била ептен мала ме споредувала со други деца колку се добри, а јас не. И јас што правев, си земав при срце. Ама сега кога ќе ја споредам јас со други мајки, баш и не и е сеедно. Значи, мораш да научиш да не ја играш нејзината игра, да не ја играш улогата која таа ти ја доделила. Имаш убав и перспективен факултет, како ти оди? Кога не знае родителот колку треба да биде благодарен за неговото совршено дете и да го сака бескрајно, детето треба да се заштити себе си. Јас сега што ја игнорирам мајка ми не ја повредувам. Таа треба да се запраша зошто е тоа така. Се дури не се запраша, јас се заштитувам од нејзините влијанија и ја игнорирам. Научи до каде си ти, каде завршуваш ти, а каде почнува таа.
     
    Последна измена: 13 април 2020
    На SummerGirl, Someonespecial, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  20. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Со него ми е убаво ме разбира, ме поддржува трпелив е.
    Со факултетот сега на пауза ама блиску сум до дипломирање.
    И мене ме споредуваше со другарки со роднини и уште ме споредува. Како од толку Македонци него го најде, ќе ни се смеат, подобро да не те родев.
    Една позитивна работа е тоа што знам каква мајка ќе бидам јас.
     
    На SummerGirl и Mantub им се допаѓа ова.